Connect with us

Инфо +

Г.г. Стефан: Со реформите во образованието се оди кон општество во кое нема место за Бога

Published

on

Состојбите околу најавените промени во образованието никако да се смират. До неодамна бројните реакции во јавноста се случуваа околу новопредложениот концепт за основното образование, укинувањето на посебен предмет Историја, околу матурата…

Бранувањата сега се водат околу воведувањето на електронските учебици и други работи врзани со образовниот систем. Реакциите во јавноста се речиси секојдневни, а денеска за она што се случува околу македонскиот образовен систем реагираше и поглаварот на Македонската православна црква архиепископот г.г. Стефан. Својот став, но и став на сите македонски владици кои се дел од Светиот Синод тој го искажа во денешното Велигденското послание. Архиепоскопот Стефан предупреди дека преку промените во образованието се менува македонскиот идентитет.

–Во образованието, во форма на некакви чудни реформи, од кои е исклучена објективната јавност, се прифаќа менувањето на нашиот историски, културен и духовен идентитет, предупреди тој.

Во делот од Посланието кој се однесува на образованието тој предупредува дека со тоа се оди кон општество во кое нема место за Бога!

-Не може да се молчи пред иницијативите на некои групи, кои сакаат своите определби да ги наметнат над мнозинството. На овој начин е засегната не само нашата сегашност, туку и иднината, зашто децата уште од најмала возраст се насочуваат кон туѓи, несоодветни и недостојни вредности, со кои се разнебитува личноста, а кои се спротивни на светогледот на нивните родители. Предложените процеси се толку еднострани и во нашиот општествен контекст многу недоследни, па во отвореното општество за сите, нема место за етиката и моралните вредности на религиите, нема место за искуството на Црквата, нема место за Бога!, потенцира архиепископот Стефан.

Инаку, тој се осврна и на претстојниот попис на населението при што наведе дека тој ја засега нашата иднина.

–Беше најавен попис на населението, па поради пандемијата е одложен. Но кога и да се одржи, и како жители и како Македонци, потребно е задолжително да ја извршиме таа обврска, која ќе покаже не само колку сме, туку и каде сме, а сето тоа да се организира и да биде усогласено со меѓународните стандарди, наведе македонскиот црковен поглавар.

Свет

Путин откри што бара: Ова се условите за мир и прекин на војната во Украина

Published

on

Тоа вклучува: неутралност на Украина и гаранции дека Киев нема да влезе во НАТО, забрана за странски трупи во Украина и меѓународно признавање на фактот дека Крим, Запорожје, Херсон, Луганск и Донецк се дел од Руската Федерација.

Иако официјалната реакција на Кремљ на преговорите во Џеда, на кои Киев се согласи на прекин на огнот што треба да трае 30 дена, сè уште не е пристигната, Москва веќе ги има подготвено своите услови за долгочекуваниот мир, пренесува Sky News.

Извори упатени во преговорите за мир во Украина велат дека Русија ги доставила своите услови за мир. Според овие извори, условите не се премногу променети од почетокот на инвазијата.

Тоа вклучува: неутралност на Украина и гаранции дека Киев нема да влезе во НАТО, забрана за странски трупи во Украина и меѓународно признавање на фактот дека Крим, Запорожје, Херсон, Луганск и Донецк се дел од Руската Федерација.

Посебно внимание привлекува забраната за странски трупи во Украина, имајќи предвид дека САД, ЕУ и Украина постојано ги споменувале странските трупи како гаранција за безбедноста. Во Киев сè уште постои страв дека ова не се однесува на траен мир, туку на пауза помеѓу војните која Москва ќе ја искористи за закрепнување и нови напади во иднина.

Москва веќе децении ја обвинува американската империјалистичка политика и проширувањето на НАТО на исток, особено кон поранешните членки на Варшавскиот пакт, како главна причина за инвазијата на Украина.

Путин уште во 2007 година на безбедносната конференција во Минхен изјави дека Русија е загрижена поради проширувањето на НАТО на исток, а особено распоредувањето на американски проектили и противракетни штитови во Полска и Унгарија.

Јасно е дека Русија поранешниот Варшавски пакт го гледа како своја зона од интерес. Грузија и Украина на своја кожа ја почувствуваа цената ако одлучат да влезат во НАТО.

Некои американски официјални лица, законодавци и експерти се плашат дека Путин, поранешен офицер на КГБ, би можел да го искористи примирјето за да го интензивира, како што велат, обидот да ги подели САД, Украина и Европа и да ја поткопа сета дипломатска активност.

Москва поставила слични барања во последните две децении, а некои од нив биле дел од официјалните преговори со САД и Европа. Порано, Москва ги разгледувала овие барања со администрацијата на Бајден во низа состаноци крајот на 2021 и почетокот на 2022 година, додека десетици илјади руски војници стоеле на границата со Украина, чекајќи наредба за инвазија.

Тие барања вклучувале услови кои би ги ограничиле воените операции на САД и НАТО од источна Европа до централна Азија.

Continue Reading

Европа

Русија одби прекин на огнот: „Тоа не е ништо повеќе од привремен одмор за украинската армија“

Published

on

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин за меѓународни прашања, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека предложениот 30-дневен прекин на огнот „не е ништо повеќе од привремен одмор за украинската армија“.

„Русија бара долгорочно мирно решение за конфликтот во Украина што ќе ги земе предвид интересите и грижите на Москва“, рече Ушаков, пренесува руската новинска агенција РИА Новости.

Тој нагласи дека американските претставници разбираат дека во контекст на мирно решение не може да се зборува за членство на Украина во НАТО и додаде дека е во постојан телефонски контакт со американскиот колега Мајк Волц.

Според агенцијата, Ушаков не ја исклучил можноста Путин во текот на денот да даде поконкретни оценки за предлогот за привремен прекин на огнот во Украина.

Претходно денеска, Ројтерс објави дека Русија им претставила на САД список со барања за договор за ставање крај на војната со Украина и ресетирање на односите со Вашингтон.

Два неименувани извори ги опишаа условите на Кремљ како широки и слични на барањата што Русија претходно ги постави кон Украина, САД и НАТО.

Continue Reading

Свет

Трамп се заканува со царини од 200 отсто за вино и други алкохолни пијалоци од ЕУ

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за вино, шампањ и други алкохолни пијалоци од Европската унија.

Трамп во објава на социјалните мрежи предупреди дека ќе воведе царини за европскиот алкохол доколку Европската унија не го укине данокот на американското виски, пишува Блумберг.

Властите во Брисел го оданочија американското виски како одмазда за царините на Трамп за челик и алуминиум кои стапија на сила вчера.

– Доколку оваа тарифа не биде веднаш отстранета, САД наскоро ќе воведат царина од 200 отсто за сите вина, шампањ и жестоки пијалоци кои доаѓаат од Франција и другите земји од Европската унија, напиша Трамп за европските давачки за вискито на „Truth Social“.

Тој додаде дека овој потег ќе биде „одличен“ за американските компании кои произведуваат вино и шампањ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк