Какво време нѐ очекува викендов?

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема во западните делови. Ќе дува умерен, на места краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец и со температура до 19 степени.

Утре попладне ќе има зголемување на облачноста со повремен дожд и понекаде со појава на ретки грмежи.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (локално над 20л/м2), проследени со појава на грмежи во сабота и засилен ветер.

В недела поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови врнежите ќе бидат од снег, а дневните температури позначително ќе опаднат. (МИА)

Мексикански коментатор вчера одлепи: Една минута викаше ГОООООООООЛЛЛЛЛ!

По постигнатиот втор гол за Македонија за 2:1 на нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, гол со кој се осигура победата над Германија, мексиканскиот коментатор на една од латиноамериканските спортски канали буквално се мрдна од викање 🙂

Една минута викаше ГООООООООООЛЛЛЛЛ за Македонија !

Слушнете Видео:

Лазаров со честитки: Cпортистите се најголеми амбасадори! Одиме заедно кон нови победи за Македонија!

„Честитки за сите играчи, селекторот, капитенот Пандев и сите вклучени кои придонесоа за оваа голема победа на Македонија. Во професионализмот нема случајности или среќа, среќата е заслужена со посветеност, ентузијазам и борба до крај.

Македонскиот спорт станува нашиот најголем амбасадор во светот, спортистите се најголеми амбасадори. Ви честитам од срце и само напред кон нови победи. Покажавте дека имате ментална сила, карактер, македонски инает, интелегенција. Ви посакувам многу среќа на Европското првенство. Одиме заедно кон нови победи за Македонија!“ – напиша Лазаров на својот Фејсбук профил.

Germanija Makedonija 1-2⚽️ Cestitki do site fudbaleri,selektorot,kapitenot Goran Pandev i site involvirani koi…

Posted by Kiril Lazarov 7 on Wednesday, March 31, 2021

Херојот на Македонија емотивно: Мрме ја покори Германија, победата ја посвети на сопругата која е во болница

Селекторот Ангеловски на синоќешната прес конференција после натпреварот со Германија откри под каков голем притисок беше низ мартовскиот собир и поради борбата на неговата сопруга со коронавирусот. Но, допатувал во Германија затоа што и момците му ветија дека ќе направат се за да победат и за неа…

„Што да ви кажам. Не можам ништо посебно, од емоција, од среќа. Знам дека ги направивме сите во Македонија среќни. Дојдов со овие момци тука затоа што ми ветија дека ќе победат. А, инаку и сите мисли ми се во Македонија. Мојата сопруга лежеше во болница поради Ковид-19. За среќа, сега е подобро. Децата ми даваат поддршка, им благодарам на сите. Што да кажам повеќе, единствено да заплачам“ – истакна Ангеловски по мечот во Дуисбург.

Цела Македонија се радува! Како изгледаа головите и акциите на синоќешниот спектакуларен триумф (Видео)

И денеска цела Македонија е во радост заради синоќешниот спектакл со победата над Германија.

Како изгледаа акциите и головите на синоќешниот натпревар ВИДЕО:

48 позиции во „Борис Трајковски“ од 08 до 20 часот по 5.000 лица дневно ќе се вакцинираат

Се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде ќе се врши масовна вакцинација.

Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно.

Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот.

Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се 730 граѓани на пунктовите низ државата. Дневно од 30 до 55 лица се вакцинирале во еден пункт. Според податоците на Националниот систем „Мој Термин“, голема е заинтересираноста на граѓаните над 77 години кои од вчера почнаа да се вакцинираат, односно само два отсто од граѓаните кои имале закажано термин не ја примиле вакцината, соопшти Министерството за здравство.

Вакцинацијата на лицата кои спаѓаат во 1б групата стартуваше вчера во поликлиниките „Јане Сандански“, Чаир и Букурешт во Скопје, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци.

Cакам полн cтадион во Ckопје kога ќе заминам во пензија!

Горан Пандев ќе замине во историјата како еден од најдобрите фудбалери кои се појавиле од Македонија. Неговите достигнувања и особено погодокот за пласман на Европско првенство против Грузија никогаш нема да бидат заборавени.

Во разговор со „morgenpost.de“, капитенот на македонската репрезентација уште еднаш потврди дека на крајот од сезоната ќе стави крај на својата фудбалска авантура, за жал Пандев ќе се пензионира, но не пред да ја однесе славно Македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.

„Всушност, би сакал да ја завршам кариерата оваа есен пред мојата публика, на, се надевам, распродадениот национален стадион во Скопје. Оваа одлука ја донесов пред оваа сезона и не можам да замислам да играм уште една година во моментов. На 37-годишна возраст можете да го напуштите теренот за помладите со високо крената глава“, вели ветеранот.

По пензионирањето, Пандев ќе може да одвои повеќе време и енергија за својот клуб Академија Пандев.

„Академијата е моето „бебе“, кое сега има единаесет години и веќе учествуваше во квалификациите во Лигата на Европа како освојувач на Купот на Македонија, што ме прави многу горд. Јас во голема мерка сум вклучен во работењето на клубот и следам што се случува од Џенова. Така ќе остане и во иднина, бидејќи немам намера да работам како тренер или функционер во клубот, особено поради тоа што јас и моето семејство сакаме да го задржиме нашиот центар на животот во Италија“, изјави напаѓачот.

Пандев ќе ја имаа таа чест да биде капитен и лидер на репрезентацијата на претстојното Европско првенство. За него тоа ќе биде круна на сите постигнувања во кариерата.