Велика Сабота-Ден на Боготелесното погребение, животворниот и спасителен сон

Во светата и Велика Сабота го празнува боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господа Бога и Спасителот Исуса Христа, преку Кого нашиот род беше призван и пријде во вечен живот. Сите дни ги надминува Светата Четириесетница, од целата света Четириесетница, најголема е Страстната и Велика седмица, а од Страстната седмица најголема е Великата и Света Сабота.

Не се нарекува велика седмица затоа што тие денови се поголеми или часовите подолги, туку заради великите и надприродни чудеса и дела на коишто нашиот Спасител ги изврши во неа, а најмногу во Великата Сабота. Како што во првото создавање на светот, откако го изврши секое дело, а најглавното последно – во шестиот ден го создаде човекот, во седмиот ден Он одмори од сите Свои дела и тој ден го освети нарекувајќи го сабота, што се толкува како „одмор“.

Така и сега, откако изврши сè извонредно, а во шестиот ден го пресоздаде изветвениот човек и го обнови со живоносниот Крст и со смртта, во следниот седми ден се упокои од извршените дела, заспивајќи со животворен и спасителен сон. Словото Божјо слегува со телото во гроб, слегува и во адот со Својата нетлена и Божествена душа, разделувајќи се во смртта од телото коешто го предаде во рацете на Отецот, Кому му ја принесе и Својата Крв, што стана избавување за нас. Во адот, Господовата душа не беше задржана како другите свети души, бидејќи Тој не подлежеше на прародителската клетва како тие. Се всели во гроб, нашиот Господ Исус Христос телесно и со Божеството.

Беше со разбојникот во рајот и во адот беше со Својата обожена душа. Натприродно и со Отецот и Духот седеше, како Бог неопислив секаде беше истовремено. Божеството не пострада во гробот, како што не пострада ниту на Крстот. И тление, односно разделување на душата од телото, претрпе Телото Господово, но распаѓање на телото – не.

Јосиф, пак, откако го зема светото Тело Господово, во погреба во нов гроб близу Јерусалим, во градина, и на влезот стави голем камен. Јудејците, пак, по петокот, пристапија при Пилата и му рекоа: „Господине, помниме дека оној измамник рече, додека беше жив, дека по три дни ќе воскресне, затоа сметаме дека е добро твојата власт да им заповеда на војниците да го запечатат гробот.“ Кога рече Христос „ќе воскреснам“? Можно е ова Јудејците да го заклучија од историјата за Јона. Пилат им одговори: „Ако бил измамник, зошто се грижите за Неговите зборови? Тогаш значи е умрен.“ Безумните велеа: „Ако го осигураш гробот, нема да го украдат.“

Пилат им заповеда сами со војниците да одат и да го запечатат гробот со свој печат, а не со туѓи стражари и туѓ печат, за да не излаже некој за Воскресението Господово. Адот, пак, е избезумен бидејќи чувствува голема сила: заради неправедното примање на Христа, тврдиот и аголен камен, ги изблу и сите мртви кои од памтивек ги држеше во својата утроба и ги имаше за храна.

Крвава тепачка во затворот Идризово: Го нападнал со остар предмет – затвореник завршил на клиниките „Мајка Тереза“

На 29.04.2021 околу 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа Идризово, по претходна расправија, затвореникот Р.Е.(36) од Битола физички го нападнал и со остар предмет го повредил затвореникот Д.П.(27) од Скопје.

Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според народните вepyвања за Beлики петок не се јаде лyк и оцет, а еве и зошто

Според некои верувања за Велики петок постојат многу обичаи кои се типични за овој голем христијански празник, кој обично верницте го поминуваат во пост и тишина во исчекување на Велигден.

На Велики петок Иcyc Хрисотос е распнат и подложен на големи маки, а своето тело го даде како жртва за искупување од грвот на човечкиот род.

Постојат верувања дека на овој ден не се јаде лук.

Имено оваа намирница се верува дека се користи за чистење на нечисти сили, па бидејќи ова е голем и свет ден се верува дека треба да се избегнува, зашто лошите и нечисти сили во ваков ден не можат да направат ништо.

Според други верувања пак не треба да се користи бибер и оцет, бидејќи раните на Исус биле премачкувани со оцет за да му нанесат повеќе болка.

Сепак мора да се знае дека ова се само народни верувања и никаде во библијата не е наведено ниту едно од нив.

Арамија во акција! Погледнете како украла 8.500 евра во бутик (Видео)

Дури ни раката не и трепереше, а потоа мирно си замина…

Читател на Курир.рс тврди дека бил ограбен во еден од белградските центри за пребарување и дека овој случај го пријавил во полиција.

Имено, како што може да се види на видеото доставено до редакцијата, непозната жена мирно зеде туѓа чанта и украде парите 8,500 евра.

  • Ја зеде чантата, ги извади парите и ја врати чантата на своето место. Случајот бил пријавен во полиција. Сакам да истакнам дека дојдовме од странство и дека дел од тие пари беа наменети за операција на сопругата на мојот пријател – изјавил читателот.

Како што понатаму објасни, неговата сопруга му ги зелА парите додека тој бил на штандот на бутикот, а неговото дете ја чувало чантата.

  • Таа го стори тоа, додека моето дете беше во потрага по мојата чанта неколку метри – изјави тој.

Курир.рс.

Бигорски манастир со вонредно соопштение за богослужбата за Света Пасха

Дебар, 30 април 2021 (МИА) – Македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир преку вонредно соопштение  се обрати до верниците и почитувачите на манастирот, во врска со богослужбата за Света и Велика Пасха.

-Возљубени верници и почитувачи на Бигорскиот манастир. Ве известуваме дека со оглед на тоа што полицискиот час за Велигден е укинат, манастирот нема да врши директен пренос на социјалните мрежи на богослужбата за Света и Велика Пасха, бидејќи на верниците им се дозволува да отидат во храмовите, под услов да ги запазат предвидените мерки за здравствена заштита, стои во соопштението.

Се додава дека во контекст на ова, а и поради фактот што препорачаниот капацитет на манастирскиот соборен храм е речиси пополнет со бројот на монасите, монахињите од сестринските манастири, штитениците и луѓето што престојуваат во манастирот, ќе биде обезбеден пренос на богослужбата на голем видео-екран што ќе биде поставен во дворот.

-На овој начин сите што ќе дојдат во Воскресенската ноќ ќе имаат можност да го следат во живо Пасхалното торжество. Ви посакуваме добро Воскресение на сите, се порачува во соопштенето.

Инаку, минатата година поради пандемијата   братството  на Бигорскиот манастир и сестринството од манастирот во Рајчица, без присутво на верници, освен затекнатите по прогласувањето на мерките за изолација, отслужија богослужби за Велики петок и Велика сабота.

Вечерната богослужба со симнувањето на Христа од крстот, полагањето на светата Плаштаница, погребението Христово и полагање на светата Плаштаница во Кувуклијата и оплакувањето на Христа преку директниот пренос беше проследена од над 250.000 луѓе од целиот свет

Бојадисувајте уникати јајца: Еве неколку одлични идеи (Видео)

Видеото во прилог носи 25 уникати идеи за боење на велигденските јајца. Драги домаќинки се надеваме дека ќе ви помогнеме во намерата да имате уникатни велигденски јајца, но и декорација во домот на која сите ќе ви завидуваат.

Боењето јајца нека не ви биде само обврска, туку и забава за целото семејство. А овде идеи да го вклучите и најмладите има, и тоа доста. Можете да користите се од тревки, чорапи, фломастери, алуминимска фолија, па до лакови за нокти, пена за бричење…

Уживајте!

Утре во Македонија ќе пристигне Светиот благодатен оган!

Претходно ќе биде преземен од аеродромот во Атина, каде висока грчка државно-црковна делегација ќе го донесе од Ерусалим. По пристигнувањето на Светиот оган на скопскиот аеродром, истиот ќе биде преземен од претставници на православните епархии, кои ќе го однесат во сите градови ширум државата.

Од комисијата за односи со верските заедници потсетуваат на апелите за задолжително придржување до мерките за заштита од коронавирусот, со особен акцент задолжително носење на заштитна маска во храмовите и надвор од нив.

Чудото на слегувањето на Светиот Оган во Ерусалим, кое се случува секоја година за време на една посебна православна служба на Велика Сабота на пладне, во последно време е многу актуелно во научните кругови поради ставовите со кои се негира неговиот натприроден карактер, односно веќе со векови сведоченото и до ден денес доживувано слегување на несоздадениот Благодатен Оган, кој го го пали кандилото на пресветиот Гроб, без човечка интервенција. Од тоа кандило Ерусалимскиот патријарх  пали четири снопчиња по 33 свеќи и со нив им го дели Огнот на верниците што го очекуваат. Постојат дури и сведоштва дека истовремено со чудесното палење на кандилото на пресветиот Гроб, понекогаш се палат и други кандила, како и некои свеќи што ги држат поклониците.

Во библиографијата се забележани изјави од многу современи веродостојни сведоци кои го виделе Благодатниот Оган како следува. Дури постојат и видео записи со современи технички средства. Но ова чудо, кое се повторува секоја година, и понатаму е примано со сомнеж од страна на многу скептици, кои го порекнуваат, и воопшто негираат било какво чудо, сметајќи го за веродостојно само она што може научно и експериментално да се докаже, значи само оние опипливи и природни појави кои се подложни на испитување во научните лаборатории.

Значи веќе подолго време постои потреба од едно вакво историско преиспитување на чудото на Благодатниот Оган. Сите извори на импресивен начин и едногласно зборуваат за необичната светлина или оган која чудесно се спушта од небото пред очите на огромното тогаш присутно мнозинство народ. Оваа светлина се поистоветува со натприродната Светлина која заблескала на Христовиот Гроб во мигот на Воскресението.

Светиот Оган најверојатно прв пат се појавил  на 5 април  во 33 г. од н.е, точно во времето на Воскресението на Богочовекот, од полноќ на Велика Сабота па до неколку часа пред  разденување на Воскресна Недела. И сè до денес, повеќе од два милениума истиот Оган и понатаму како молња слегува на Христовиот Гроб секоја Велика Сабота, неколку часа пред прославата на Неговото Воскресение.

Пристигнаа 200.000 вакцини „Синофарм“

Скопје, 30 април 2021 (МИА) – Двесте илјади вакцини „Синофарм“ пристигнаа изутрината во Скопје кои најдоцна до понеделник ќе бидат дистрибуирани во салата „Борис Трајковски“ и во уште шест градови низ државата по што се очекува со нив од вторник да стартува масовната вакцинација и да се вакцинираат помеѓу 10 000 и 15 000 лица.

Министерот за здравство Венко Филипче изрази благодарност до кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо со кого го проследија  доставувањето на вакцините во поликлиниката „Јане Сандански“, најавувајќи дека месецов се очекуваат и други големи количини, уште 600.000  од Кина и 26.000 дози од „Фајзер“. Со тоа, верува дека до почетокот на летото ќе имаме висок процент на вакцинирано население што ќе придонесе за целосно менување на епидемиолошката состојба.

– Рано утрово пристигнаа долгоочекуваните вакцини од производителот Синофарм од НР Кина и дозволете да изразам голема благодарност за личниот ангажман на амбасадоро Ѕуо, понатаму за луѓето од неговиот тим со којшто комуницираме практично секојдневно целиот овој изминат период и благодарение и на нивното инсистирање оваа пратка сега е во нашата земја. Станува збор за количина од 200 000 вакцини коишто еве веќе веднаш службите ќе ги одработат соодветно во делот на проверка на ладниот ланец, ќе се сместат тука во ладната соба која што беше поставена благодарение на Фондацијата Дајрик делиф.Од тука во текот на следните денови, најдоцна  во понеделник ќе бидат дистрибуирани во сите вакцинални пунктови во овие пунктови за масовна вакцинација ширум државата, во Скопје во салата „Борис Трајковски“, а во другите шест градови исто така во спортските сали. Тоа ќе биде во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола и според распоредот на веќе пријавени граѓани. Така ќе биде распределена и бројката на вакцини и процесот на вакцинација со кинеските вакцини ќе започне веќе во вторник, изјави Филипче. 

Кина сака да ја зајакне соработката со Северна Македонија во борбата против пандемијата  и заеднички да поттикне економско зазадравување за доброто на нашите држави и народи, изјави Ѕуо.

Како што појасни министерот Филипче, во претстојното вакцинирање акцент ќе се стави на граѓаните коишто се веќе пријавени, тие кои веќе чекаат и според возраста и според приоритетот на пријавување, односно оние кои први се пријавиле и веќе чекаат да бидат повикано ако досега не биле повикани ќе бидат повикани според возраста и тоа, како што рече, ќе се одвива насекаде во државата.

Овој месец, информираше министерот, очекуваме да стигнат околу 500 000 дози на вакцината „Синовак“, понатаму 100 000 дополнителни дози коишто доаѓаат како донација благодарение на Министерството за одбрана за време на разговорите на министерката Шекеринска со кинескиот министер за одбрана беше најавена донација од дополнителни 100 000 вакцини „Синофарм“, дополнување на овие 200 000. Значи уште 600 000 вакцини од Кина за 300 000 граѓани, 26 000 дози од вакцината Фајзер преку нашиот директен договор, се уште немаме точен термин за тоа кога и колкава количина ќе стигнат од руските вакцини, рече Филипче.

Станува се понеизвесно е пристигнувањето на вакцините на „АстраЗенека“ имајќи ги предвид случувањата со вирусот во Индија која има донесено забрана за извоз на вакцини, а дел од вакцините на Астра Зенека преку КОВАКС-системот треба да пристигнат и од тамошниот Институт. 

-Оние први коишто пристигнаа во нашата земја беа од Јужна Кореја, не знаеме дали се планирани повторно количини од таму или од Индија, тоа може малку да ги искомплицира и одложи работите, меѓутоа остануваме во комуникација и ја пратиме ситуацијата, рече Филипче.

Во шесте сали низ државата и во салата „Борис Трајковски“ има капацитет во фрижидерите да се сместат и вакцините на Фајзер и во здравствените домови. 

-Во тие големи пунктови ќе има практично од сите  вакцини, следнава недела кинески и вакцини на Фајзер. Нема потреба да се става акцент на тоа да се бира вакцина. Сите се со еднаков квалитет, нема никаква контраиндикација. Каква вакцина има во пунктот во тие часови кога е предвидено да се вакцинираат граѓаните може комотно да ја примат без да бидат загрижени и да размислуваат дали има предност да се вакцинираат повеќе со една или со друга вакцина, рече Филипче

Исус од крстот проговорил седум пати- ова се значајните зборови

Христовите последни зборови за нас Христијаните се од огромно значење. Тие ни ја откриваат Неговата голема љубов и големината на Неговата жртва.

Исус од крстот проговорил седум пати – изговорил седум значајни зборови.

Прв збор – збор на опростување

Татко, прости им, оти незнаат што прават.(Лука 23,34). Овие зборови Исус ги изговорил во моментот кога крутите римски војници ко приковале на крстот. Крвниците очекувале дека Исус ќе вика од болка, како што правеле сите што биле распнати пред Него. Очекувале да им се спротистави и да ги проколнува. Меѓутоа, Тој мирно лежел на крстот, и додека тие му ги прободувале Неговите раце и нозе, Тој за нив се молел. Во тој момент се исполнило пророчанството на пророк Исаија: и беше вброен меѓу злосторниците, за да ги понесе гревовите на мнозина на Себе и за да се заземе за злочинците.(Исаија 53,12).

За кого се молел Исус во овој момент? Молејќи се за своите непријатели, Христос се молел за целиот свет, за сите грешници кој живееле и кои ќе живеат до крајот на времето. Сите се криви за распнувањето на Божјиот Син. На сите за бадијала им се нуди опростување. Кој сака може да добие мир со Божјиот дарот вечниот живот. Исусов живот стр.277.

Исус ги сожалувал луѓето поради нивното незнаење и нивните гревови. Тој се молел: Татко! Прости им незнаат што прават. И денес многу од незнаење хулат на Христа и повторно го распнуваат.Но нивното незнаење не ги ослободува од кривицата. Само оние кои ќе го увидат својот грев, кои ќе се покајат и ќе го примат Исуса како свој личен Спасител ќе примат опростување. Оние, пак кои и покрај нежните повици за покајание ќе останат рамнодушни, со своето непокајание ќе направат Исусовата молитва за нив да остане неуслишена.

Луѓето на Исус му направиле најлошо што може, а Тој за возврат се моли за нив. Ова е победа на откупителската љубов.

Оваа љубов Господ сака и ние да им ја покажеме на нашите непријатели. Тој ни порачува: Љубете ги своите непријатели, благословувајте ги оние што ве колнат, превете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат, за да бидете синови на вашиот Отец небески. (Матеј 5,44.45)

Вториот збор – збор на спасение

Со Исус биле распнати и двајца разбојници, еден од десната а другиот од левата страна. Оној од левата страна почнал да проколнува и да хули, но оној од десната страна, веројатно дирнат од Исусовата молитва, го укорил својот другар и му рекол: зар и од Бога не се плашиш,кога си веќе и сам осуден. Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според нашите дела: но Он ништо лошо не направил (Лука 23,40.41). Затоа предавајќи се на Божјата милост, побарал опростување.

Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството свое. На тоа Исус му одговорил: Навистина ти кажувам денес: ќе бидеш со Мене во рајот. Вук го преведува овој стих на друг начин. Неговиот превод гласи: Навистина ти велам: денеска ќе бидеш со Мене во рајот. Кој од овие два преводи е точен? Што е правата смисла на овие Исусови зборови?

Прво треба да истакнемедека грчкиот збор Семерон (денес) стои помеѓу две реченици и дека ни напред ни назад нема запирка. Грчкиот оригинал е без интерпункција. Прилогот за време „денес„ затоа што се наоѓа во средината, може да стои до секоја од споменатите реченици. Само од грчкиот оригинал не можеме да да заклучиме дали прилогот „денес„ повеќе означува глагол „да кажеш или да бидеш„ или како треба да го читаме: „Вистина ти велам денес„ или „денес ќе бидеш„… Единствен начин да дознаеме што Исус мислел е преку Светото Писмо одговориме на две други прашања: 1(Дали Исус отишол во рајот во часот на неговото распнување? 2)Што Исус учел за времето кога луѓето ќе ја примат својата награда или казна?

На првото прашање наоѓаме одговор во Евангелието по Јован 20,17:И рече Исус: Не се допирај до мене, оти уште не сум се вратил при мојот Отец; На денот на своето воскреснување, третиот ден после распнувањето, Исус сеуште не бил со Отецот во рајот. Па спрема тоа ни разбојникот кој се покајал и поверувал во Христа како свој Спасител, не можел да биде со Исус во рајот во денот на Неговото распнување.

Што се однесува времето кога верните ќе ја примат наградата, Исус и Неговата реч не оставија во двоумење. Исус јасно учи дека праведните ќе ја примат наградата – вечниот живот, во воскреснувањето на верните за време на Неговото второ доаѓање. За време на своето страдање Исус му дал ветување на своите ученици: Во домот на мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, јас ќе ви кажев. Одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам кај себе за да бидете и вие каде што сум и јас.(Јован 14,1-3). Исус ќе ги земе верните на небото во денот на своето второ доаѓање. Зашто, ќе дојде Синот човечки во славата на својот Отец со ангелите Свои и тогаш ќе му даде на секој според делата негови.

Трет збор – збор на нежност и љубов на синот спрема мајката

А Исус штом ја виде мајка си, и ученикот, кого го љубеше, како стои, и рече на мајка Си, жено, ете ти син! Потоа му рече на ученикот:ете ти мајка! И од тој час ученикот ја зема при себе.(Јован 19,26.27).

Во својот последен час, во својата најголема физичка и душевна борба Исус се грижи за својата мајка. Му ја повери на својот омилен ученик Јован знаејќи дека тој најдобро ќе се грижи за неа. Секој Христов ученик ќе покаже ист дух. Сите оние кој одат со Христа треба да чувствуваат дека дел од нивната религија е да ги почитуваат своите родители и да се грижат за нивните потреби. Оние кои во своето срце ја чуваат Христовата љубов никогаш нема да се одрече од помошта на својот татко и својата мајка на која они имаат право. Исусов живот, стр. 282. Тоа е право христијанство. Исус во овј час бил зафатен со најголемото дело кое светот некогаш го видел – СПАСУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИОТ РОД, НО НЕ ЗАБОРАВИЛ НА ОДГОВОРНОСТА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОЈАТА МАЈКА.

Четвртиот збор – збор на неискажана душевна болка

„А околу деветтиот час извика Исус со висок глас: Или, Или, лама савахтани! т.е. Боже мој, Божо мој, зошто Си Ме оставил? (Матеј 27,46). Исус бил распнат околу 9 часот предпладне (Марко 15,25). На пладне одеднаш натприродна темнина го покрила крстот и цела Голгота. Кога Исус се родил во Витлеем на сред ноќ небесна светлина одеднаш ја растргнала темнината, а сега кога Исус влегол во својата смртна борба, точно напладне се спуштила на земјата густа темнина.

Исус сега влегол во втората фаза на своето страдање. Тој бил прикован на крстот, и крстот бил исправен. Целата тежина на Исусовото тело лежела на прикованите раце и нозе. Треска го мачела Неговото тело. Исус поднесувал страшни физички болки. Но уште пострашно од Неговото физичко страдање била Неговата душевна болка. Он ги земал на себе гревовите на светот, и сега почувсвувал дека помеѓу Него и Отецот постои прекин на врската. Почувствувал дека е напуштен не само од луѓето туку и од Бога. Тогаш Неговото срце се здробило од болка: Боже мој, Боже мој, зошто си ме оставил? (Матеј 27,46).

Во овој час на страдање нашиот Спасител ги изговорил зборовите од псалмот 22,1, кои се напишани илјада години порано, а се однесувале на Него.

Христовото страдање сведочи за тоа како гревот е страшен и колку се страшни неговите последици. Гревот со себе носи физички последици а Исус ги почувствувал во своите прободени раце и нозе. Но гревот носи и морални последици, кој Исус ги искусил во својата смртна борба во Гетсиманија, но гревот донесува и последици од духовен карактер, а Тој ги искусил во чувството на напуштеност, и одвојувањето од Бога. Токму тоа чувство на напуштеност, и одвојување од Бога е главната последица на гревот која Исус ја искусил во тој час на крстот.

Сатаната навалувал на Исус со своите страшни искушенија. Спасителот не можел да гледа преку гробот. Надежта не му зборувала за победате над гробот, ни за тоа дека Отецот ќе ја прими неговата жртва. Знаејќи колку го мрази Бог гревот, Тој се плашел да не биде засекогагаш раздвоен од Бога. Христос почувствувал страв кој ќе го почувствува секој грешник кога веќе милоста нема да посредува за секој грешен човек. Чувството на грев, заради кој на Него како човеков заменик почивал Божјиот гнев – ете тоа ја напревило Исусовата чаша толку горка, тоа го скршило срцето на Божјиот Син. Исусов живот стр. 383.

Исусовиот извик не бил извик на очајување. Душата која очајува не се обратува никогаш на Бога. Исусовиот извик, напротив, изразувал поверение во Отецот и надеж дека сонцето пак ќе се појави и ќе ја растргне темнината.

Овој извик на крстот ни го открива страшното Негово страдање и длабочината и широчината на Неговата неизмерна љубов.

Петти збор – збор на страдањето

По ова Исус,знаејќи дека е свршено се,за да се исполни Писмото, рече: Жеден Сум! (Јован 19,28).

Не е чудо што Исус бил жеден. Се што поднесувал на крстот предизвикувало неиздржлива жед: губење на крв, не нормална положба на телото кое се потпирало на прикованите раце и нозе, отворените рани изложени на воздухот, температурата која го тресела Неговото тело.

Во почетокот кога Исуса го ковеле на крстот, понуден му е пијалок кој требало да му ги отупи Неговите сетила, така што да не би чувствувал толкава болка. Исус го одбил тој пијалок, затоа што бил опоен. Требало потполно свесен да ја поднесе сета таа болка и смрт за човечкиот род.

Сега барал пијалок, и му дале оцет помешан со жолчка. Тој пијалок Тој го вкусил затоа што не бил алкохолен, и со тоа го исполнил пророчанството од Псалм 69,21: Во јадењето ми замешаа жолчка, во мојата жед ме напоија со киселина.

Шести збор – збор на победа

И кога се напи оцет Исус рече:„Се сврши!„ И во тој час крстот го осветли светлост. Исус ја подигнал и извикнал на арамејски јазик „тетелестај„ – се сврши! Тоа значи дека верно ја исполнил мисијата која му ја одредил Отецот. Со овие зборови Исус констатирал, дека сите пророчанства кои се однесувале на Него се исполниле, сите симболи се оствариле, и дека е сторено се што било потребно за спасение. Исус со ова воскликнување изразил задоволство од исполнетиот план.

Кога Исус извикал: се сврши! свештеникот во Ерусалимскиот храм се припремал да принесе јагне за жртва, кое го преставувало Месијата. На сите присутни очите им биле вперени во свештеникот, облечен во свечена облека која имала огромно значење. Тој во рацете држел нож како некогаш Аврам кога се припремал да го жртвува својот син. Но земјата се затресила затоа што Господ се приближувал. Внатрешната завеса на храмот со сила на една невидлива рака, се разделила одозгора па надолу…, што значело дека светињата над светињите во земниот храм го изгубила своето значење.

Сите ги обземало страв. Ножот паднал од подигнатата рака на свештеникот кој сакал да принесе жртва и јагнето побегнало. Претсликата се исполнила во вистинската смрт на Божјиот Син.Принесена е голема жртва – Божјото Јагне. Отворен е патот во небесната светиња над светињите. Припремен е новиот и жив пат. Исусов живот стр.285.286.

Седми збор – збор на предавање

Татко, го предавам Својот Дух во твои раце. И кога го рече – издивна.(Лука 23,46). Овие последни зборови му се упатени на Отецот. Исус својот живот му го предава на Отецот, задоволен што планот на спасението е завршен.

На крстот на Голгота Исус го извршил делото на откупување. Со својата драгоцена крв ја платил цената за нашиот откуп. Апостол Петар вели дека не сте откупени со распадливи нешта, со сребро или со злато, туку со скапоцената крв на Христа, како невино и чисто Јагне.(1.Петрово 1,18.19).

Со својата смрт на крстот Христос го премостил јазот кој го направил гревот помеѓу Бога и човекот. На сите сега им е овозможен пристап до Отецот. Благодарејќи на Христовата жртва, сега сите можат преку вера и покајание да постанат деца Божји и наследници на вечниот живот.Крстот ни открива две вистини: Од едната страна ужасот на гревот кој бара смрт на невиното Божје Јагне – кое се изедначило со нас земајќи ги на себе нашите гревови, и, од друга страна, неизмерната Божја љубов, која го принела на жртва најголемиот дар – својот единороден Син, и преку Него да ни даде спасение. Размислувајќи за последните Христови зборовина крстот и за значењето на Неговата жртва, не можеме а да не извикнеме заедно со апостол Павле: Благодарение на Бога за Неговиот неискажлив дар.(2.Кор.9,15). Се што Исус напревил за нас, не повикува и не поттикнува на љубовта да возвратиме со љубов и потполно да му се предадеме Нему имајќи само една желба: со посветен живот и предана служба да го прославиме и со тоа да докажеме дека ја цениме Неговата жртва и дека на Него навистина сме му благодарни.

Најтешкиот и најтажниот ден, со најголемите страдања во христијанството-Велики Петок

Во светиот и Велик Петок ги славиме светите, спасителни и страшни страдања на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, коишто Он заради нас доброволно ги прими: плукањето, биењето, шлаканиците, навредувањата, исмејувањето, багреницата, трската, сунѓерот, оцетот, клинците, копјето и, на крајот – Крстот и смртта, а сето тоа се изврши во петок.

Затоа, богоносните отци ни заповедаа да вршиме спомен на сè она што се збидна оној Петок, со скрушеност на срцето и со умиление. Треба да се знае дека Господ беше распнат во шестиот ден, односно во петок, затоа што во почетокот човекот беше создаден во шестиот ден. И тоа што во шестиот час од денот Он висеше на Крстот, беше затоа што во тој час, како што велат, и Адам ги пружи рацете кон забранетото дрво, го допре и умре. Бидејќи требаше, во оној час кога бидна падот, во истиот час да биде и пресоздавањето.

Некои светители велат дека, според извесни преданија, на местото Голгота бил погребан од некој ангел самиот праотец Адам. А таму каде што е трупот, таму доаѓа и орелот – Христос, вечниот Цар, Новиот Адам, Кој стариот и паднатиот преку дрвото Адам, го исцелува со дрвото на крстот.

Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“.

Од тогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела кога првпат ќе се огласи радоста на Христовото воскресение.

По импровизираното судење, Христос бил изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја кој го осудил на смрт и го предал на народот.

Откако ја изрекол пресудата, Понтиј Пилат ги измил рацете и му се обратил на насобраниот народ со зборовите: „Јас не сум крив за смртта на овој праведник“.

Потоа, со венец од трње на главата Христос го носел својот крст до ридот Голгота каде е распнат и каде пред да испушти душа побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: „Оче, прости им зашто не знаат што прават“.

Времето на смртта и симнувањето на телото Господово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос. Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовотo погребување придружено со звуци на тропала.

Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение.

Правoславниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце.

Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле. Обичај е на тој ден да се вапсуваат велигденските јајца во црвена боја, која со симболичка смисла ја претставува невино пролеаната крв на Христос.

Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.

Веста за воскресението в сабота на полноќ ќе ја објават свештениците и архиереите на богослужбите во сите цркви и манастири на Македонската православна црква во земјава и во странство.