Јуда му се приближи на Исуса Христа, го целива и со тоа на војниците им даде знак дека е тој

На светиот и велики четврток, светите Отци, коишто добро го уредија превземеното од светите Апостоли, од светите и божествени Евангелија, ни предадоа денес да празнуваме четири настани: светото миење на нозете на учениците, Тајната Вечера т.е. нам предавањето на страшните тајни, чудесната молитва и самото издавање.

Бидејќи јудејската пасха мораше да биде направена во петок, а бидејќи приличеше вистината да биде во согласност со праобразот, т.е. тогаш и Христос да биде принесен како Пасха за нас, Господ Исус Христос, по зборовите на светите Отци, ја направи Пасхата со учениците пред тоа, во четвртокот навечер.

Таа вечер, и целиот петок Јудејците ја сметаат како еден ден. Тоа го направи за да не биде престапник на законот. Потоа покажувајќи им го на учениците направеното, им ја предаде тајната и на нашата Пасха, во големата горна одаја, кога веќе беше настапила ноќта.

Гледате дека тоа не беше законска пасха: тука се седи, тука има вечера, леб и вода, а таму сè е печено на оган и бесквасно. Како што велат стиховите на Тајната Вечера: Двојна вечера се поставува: Пасха законита, и Пасха нова – Крвта и Телото Господови.

На Велики Четврток, Господ Исус Христос ја востанови светата Тајна Причест, со зборовите: „Земете, јадете, ова е Моето Тело“ и „Пијте од неа сите, ова е Крвта Моја на Новиот Завет, која за вас и за мнозина се излева, за отпуштање на гревовите“ (Мт. 26:26-28).

Овие зборови можат да се слушнат на секоја Света Литургија, чијшто централен дел е Светата Причест. Господ Исус Христос со миењето на нозете ги поучува учениците да не бараат старешинство. Миејќи им ги нозете, исто така, им покажа дека ќе се возвиси секој што себе си се понижува. После вечерата се упатија на Маслиновата гора, во местото Гетсиманија, каде што, како што велат стиховите од богослужбата од лицето Христово течеше: пот како капки крв, и: со молитвата ги фаќаш непријателите за смртта навистина да ја уништиш.

Потоа Јуда, со војници и народ, му се приближи на Исуса Христа, го целива – со тоа давајќи им знак дека е тој. Тие го фатија и врзан го доведоа во дворот на првосвештеникот Ана, кадешто веќе се беа собрале обвинителите Христови: фарисеите и книжниците.

Ние, значи, празнуваме и со страв правиме спомен на тие страшни и неискажани настани и дела.

ПЛАНЕТАТА ОСТАНА БЕЗ ХУМОР: Почина светскиот Бог на смеата, милијарди во солзи

Популарниот телевизиски лик Хуан Хоја Борха, познат по прекарот ‘El Risitas’, починал во болницата Вирген дел Росио во Севиља.

El Risitas  вчера после пладне морал да биде префрлен од болницата де ла Каридад  Севиља (каде што и живеел) во универзитетската болница  Вирген дел Росио, каде што и починал.

Во септември 2010 година “El Risitas“ е примен во болница  де ла Каридад во Севиља, и од тогаш престојувал. Во 65 година од животот откако претрпел ампутација на ногата како резултат на болест тој побарал прием во институцијата која ја промовирал  преподобниот Мигел Манара и со која управува братството Санта Каридад де Севиља.

Планетарна слава стекнал со своето познато смеење во една од своите емисии, а делови од емисијата титлувани се на стотина светски јазици и користени  за повеќе од милион ситуации.

Каролина Гочева и Михаил Корубин во досега најромантично издание! (ФОТО)

Пејачката Каролина Гочева вчера го прослави 41-от роденден, честитки доби од многу пријатели, колеги и фанови, но по сè изгледа, најмногу ѝ значи честитката што ја доби од сопругот Михаил Корубин.

На својот Инстаграм профил таа објави фотографија од себеси и напиша:

„Срце полно… Фала ви на честитките, денов не можеше да биде поубав“.

Корубин, пак, исто така објави романтична фотографија од нив двајца:

Протекоа слики од серијата „Куќа на змејот“ (Фото)

Серијата „Куќа на змејот“ ќе го следи времето пред настаните во „Игра на троновите“. Новата серија ќе се занимава со семејството Таргариен, а првите сцени се снимаат во Северна Ирска.

Актерот Мет Смит и актерката Ема Дарси беа фотографирани на снимањето на сцената за првата половина од новата сезона.

Оригиналната серија „Игра на троновите“ наиде на критики по последната сезона и начинот на кој сценаристите одлучија да ја завршат приказната.

Премиерата на „Куќа на змејот“ треба да почне во 2022 година.

Сезоните ќе имаат по 10 епизоди, а Џорџ Р. Р. Мартин е кокреатор и извршен продуцент на серијата.

Ново ремек дело на Лозано, слушнете ја „ВАРДАРЕ“!

„Вардаре“ е насловот на новата песна на нашиот Влатко Лозаноски – Лозано, кој по подолга пауза поради коронавирус пандемијата објави несомнено нов хит.

Креатори на ова дело одново е братско – сестринскиот авторски тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, додека пак режисер на видеото е Даниел Јовески, кој и овојпат направи приказна која ќе допре до секој од вас.

Инаку во овој најнов проект на Лозано учествуваа и работеа повеќе од дваесет луѓе, а меѓу нив се актерите Емилија Мицевска Трајковиќ, Горан Глигориески, Марко Богдановски и Сања Јаневски, а тука беа и нивните помлади колеги од актерската школа на Весна Петрушевска – Бејби.

„Вардаре“ е дел од проектот „Километри“ на Лозано.

Слушнете:

На прошетка во природа: Пејачката и ТВ водителка Јана Бурче за првпат се реши да го покаже синчето (фото)

Времето почна да се разубавува, а со тоа и идеалниот период за прошетки. На пејачката и ТВ водителка Јана Бурческа и веќе подолг период и цвета во срцето и душата заедно со нејзините наследници Дона и Дарин.

Во време на пандемија за родителите е потешко да ги задржат децата дома, а мама Бурче секоја можност ја користи да ги анимира и прошета во природа синот и ќеричката.

Јана кон крајот на месец јули минатата година во време на пандемијата стана мајка по вторпат и на свет го донесе синот Дарин, а можевме да посведочиме на на нејзините снимања пред камера во последните месеци од бременоста.

Јана не е од оние премногу активните корисници на социјалните мрежи, па ретко знае да се сподели приватни моменти. Меѓутоа, одвреме – навреме се случува да направи исклучок и пред своите следбеници да објави некоја фотографија од нејзините наследници.

Така беше и овој пат кога Бурче во кусите приказни на Инстаграм, сподели момент со потпораснатиот Дарин додека го вози во бебешката количка.

И по десет години Кетрин е прекрасна, класичната војводка и идна кралица

Војвотката и војводата од Кембриџ, Кетрин Мидлтон и принцот Вилијам на Инстаграм објавија неколку слики со нив двајца, по повод 10-годишнината од својот брак.

Една од нив ја прикажува оваа британска кралска двојка пред едно десетлетие во однос денес. Војвотката и војводата од Кембриџ минатиот месец го посетија нивното место на венчавката – опатијата „Вестминстер“, која привремено се користи како место за вакцинирање против Ковид-19. Вакцините се даваат во познатото „Катче на поетите“, каде што се изложени личности од британската книжевност – Вилијам Шекспир, Џејн Остин и Чарлс Дикенс.

Најновите фотографии се направени оваа недела, во палатата Кенсингтон од фотографот Крис Флојд.

И по десет години брак Кентрин е прекрасна и се чини уште поубава со нејзиниот класичен изглед, веќе изгледа како идна кралица и одлично се носи со тоа.

Апокалипса во Индија: 3.293 пoчинaти за 24 часа, се купува кислород по цена на злато, се кремираат луѓе на паркинг (Видео)

Ситуацијата со коронавирусот во Индија е сè подраматична и покатастрофална. Во последните 24 часа во таа земја починаа 3.293 лица, со што бројот на мртви надмина 200.000.

Индија сега има 201.187 жртви на коронавирусот. Бројките се драматични, како и фотографиите и снимките што доаѓаат од таму, а дополнителен проблем е што најлошото допрва доаѓа.

Експертите веруваат дека во Индија има многу повеќе мртви отколку што се соопштува, а дополнителна причина за загриженост е што инфекцијата се шири во густо населените урбани области исто како и во руралните области. Здравствениот систем се распаѓа, места во болниците има сè помалку, а импровизираните болници немаат доволно кислород и лекови за заразените.

Д-р Ашиш Чаудри, директор на една од болниците во Њу Делхи, пред неколку дена изјави дека секоја вечер се буди неколку пати за да ги провери резервите кислород.

„Во моментов купувам кислород по цена на злато“, рече тој.

Сепак, не порасна само цената на кислородот.

„Потоа, инјекциите ремдесивир, кои обично се околу 4.000 рупии, дури и 2.000 рупии, сега луѓето ги купуваат по цена од 40.000 рупии“, додаде тој.

Индиските медиуми пишуваат дека голем број заразени лица остануваат без болнички кревет, па дури и дека луѓето буквално умираат на прагот на болниците чекајќи да добијат помош.

Во исто време, крематориумите работат 24 часа на ден.

Во Њу Делхи, од семејствата на жртвите беше побарано да чекаат во ред за кремирање на најблиските, бидејќи сите термини беа пополнети.

Дури и Градскиот парк во Њу Делхи е претворен во голем крематориум.

Шокантни фотографии и снимки од клади на отворено пристигнуваат од Индија секој ден.

Некои здравствени експерти сметаат дека зголемувањето на бројот на новозаразени се должи на укинувањето на ограничувањата и дозволувањето големи собири, додека други веруваат дека причина за големиот број новозаразени може да биде индиската варијанта на вирусот, која е изолирана во таа густо населена земја.

Индискиот сој, наречен Б.1.617, се смета за позаразен. Има две мутации во шилестиот протеин, кои овозможуваат вирусот да влезе во организмот и, што е особено проблематично, да ги избегне антителата.

Овој сој на вирусот е пријавен и надвор од Индија. Според СЗО, присуството на оваа варијанта на вирусот е откриено во 17 земји во светот.

На 12 април Индија го престигна Бразил на неславната листа на најголеми жаришта во светот. Единствената земја што има поголем број заразени од Индија се САД.

Урко се јави: Д-р Караџовски зошто сме селективно обесправени од другите контактни спортови?

Претседателот на Кикбокс маитаи федерацијата, Дејан Митровски-Урко, овој пат медиумски, се обраќа до др Караџовски – претседател на КЗБ со прашањето – Зошто индивидуалните спортови од кои еден е и кикбокс спортот се селективно обесправени во однос на другите контактни спортови??? Имено, сакаме да нагласиме дека ние комплетно ги поддржуваме сите спортови и спортисти воопшто, но чувствуваме потреба јавно да го изразиме нашиот револт во однос на селективната забрана за тренинг и натпревари само и само за индивидуалните спортови.

Посебно ја истакнуваме состојбата со работа на затворени трговски центри и шопинг молови, работа на казина, работа на базени, козметички студија и салони за разубавување, преполни автобуси, преполни продавници за храна и од денес секако повторно полни кафулиња и ресторани.

Истовремено сведоци сме на секојдневни тренинзи и натпревари во екипните и лига спортовите како што се: кошарката, ракометот, фудбалот и одбојката!!! Со ова јавно обраќање сакаме најпрво да добиеме прифатлив одговор од надлежните институции зошто сме дискриминирани и издвоени само ние и секако да направиме институционален притисок со цел да се тргне и нашата забрана за тренинг и натпревар!!! Ние сме еднакви со другите спортови и спортисти во однос на тренингот и натпреварите, еднакви сме и во поглед на придржување кон мерките и протоколите за тренинг и натпревари во услови на пандемија, и ние како и сите останати спортови и спортисти сме рамноправни претставници и амбасадори на нашата држава и исто толку успешни како и екипните и лига спортови.

Зошто тогаш забраната важи само за нас?!?! Ако сите ние како заедница сме одговорни да се придржуваме и адаптираме на новонастаната пандемиска состојба и да ги почитуваме пропишаните мерки, зошто тогаш ние индивидуалните спортови сме издвоени од заедницата, а во исто време со ништо не сме придонеле за влошување на состојбата со вирусот, туку спротивно на тоа го поттикнуваме здравјето и имунитетот на нацијата!!!! Медиумски ве замолуваме, во интерес на нашите спортисти, во интерес на кикбоксот и маитаито како спортски дисциплини и секако во интерес на спортските работници и тренери кои живеат од и за спортот, да ја прекинете селективната забрана и да ни дозволите да работиме и да ги надополниме што поскоро загубите на спортистите во поглед на кондиција, тренинг и натпревар и секако материјалната загуба со која се соочуваме како последица на забраната за работа (кирии и режиски трошоци за клубовите и федерациите, плати за тренерите и спортската администрација) и најважно загубата на медали и светски и европски достигнувања на нашите репрезентативци!!!!