Xajpeдини пpaшува: По кој закон плаќате „вработени“ по Рамковен да седат дома?

Поранешниот министер за финасии на Македонија, Џевдет Хајредини – ден по разрешувањето на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, кој се спротивстави да прими 35 лица во Инспекторатот според Рамковсниот охридски договор – упати јавно прашање до премиерот на која основа овие лица со години се водат како „вработени“.

Господине Заев, имам право да очекувам јавно од Вас да добијам одговор на следните прашања:
Според кој член од кој закон, долги години Груевски, сега и Вие, не мал број гласачи на ДУИ да ги плаќате од државниот буџет, што го полнат сиромашнитеграѓани на Македонија?

Дали Вам ви е познато, кои услови треба да ги исполнат лицата кои го стекнуват правото да се запишат во списокот на “вработени” според Охридскиот Договор и платата да им се дозначува дома?

Дали сте сигурни, г. Заев, дека никој никогаш нема да одговара за оваа крупна политичка корупција?

И на крајот, според Вас, можно ли е сличен случај да постои во било која држава членка на ЕУ или дури и во Африка? – прашува Хајредини на Фејсбук?

Господине Заев, имам право да очекувам јавно од Вас да добијам одговор на следните прашања: Според кој член од кој…

Posted by Xhevdet Hajredini on Wednesday, April 28, 2021

За мене не е толку битно дали некој директор треба или не, од принципиелни причини, да биде разрешен, затоа што не ја…

Posted by Xhevdet Hajredini on Wednesday, April 28, 2021

Владата донесе одлука: Мажи може да се пишат како жени и обратно

Освен името и презимето, трансродовите лица да можат да го променат и полот во лична карта. 

Па, за трансродово лице родено како машко да може да се впише женски пол и да има соодветен матичен број, и обратно. Ова е предвидено во предлогот за измена на Законот за матична евиденција што е утврден на владина седица и треба да биде предмет на дискусија во Законодавниот дом. Сегашните регулативи, односно неусогласените податоци, за трансродовите лица значат пречки за домување, за апликација за работно место и слично, вели Лила Милиќ, активистка за заштита на правата на трансродовите лица.

Според здруженијата, во земјава има десеттина трансродови лица кои често се соочуваат и со нехуман третман, токму поради тоа што нивното име не соодветствува на полот, вели Милиќ.

Предлог-законот кој овозможува признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица допрва треба да влезе во собраниска процедура. Процесот на подготовка на овие законски измени почна во февруари 2019 година, а по пресуда на Европскиот суд за човекови права за случај против Македонија, според која државата треба да му исплати 9.000 евра на трансродово лице поради повреда на правата на приватност и ефикасен правен лек во текот на процедурите за промена на полот во земјава.

Г.г. Стефан: Со реформите во образованието се оди кон општество во кое нема место за Бога

Состојбите околу најавените промени во образованието никако да се смират. До неодамна бројните реакции во јавноста се случуваа околу новопредложениот концепт за основното образование, укинувањето на посебен предмет Историја, околу матурата…

Бранувањата сега се водат околу воведувањето на електронските учебици и други работи врзани со образовниот систем. Реакциите во јавноста се речиси секојдневни, а денеска за она што се случува околу македонскиот образовен систем реагираше и поглаварот на Македонската православна црква архиепископот г.г. Стефан. Својот став, но и став на сите македонски владици кои се дел од Светиот Синод тој го искажа во денешното Велигденското послание. Архиепоскопот Стефан предупреди дека преку промените во образованието се менува македонскиот идентитет.

–Во образованието, во форма на некакви чудни реформи, од кои е исклучена објективната јавност, се прифаќа менувањето на нашиот историски, културен и духовен идентитет, предупреди тој.

Во делот од Посланието кој се однесува на образованието тој предупредува дека со тоа се оди кон општество во кое нема место за Бога!

-Не може да се молчи пред иницијативите на некои групи, кои сакаат своите определби да ги наметнат над мнозинството. На овој начин е засегната не само нашата сегашност, туку и иднината, зашто децата уште од најмала возраст се насочуваат кон туѓи, несоодветни и недостојни вредности, со кои се разнебитува личноста, а кои се спротивни на светогледот на нивните родители. Предложените процеси се толку еднострани и во нашиот општествен контекст многу недоследни, па во отвореното општество за сите, нема место за етиката и моралните вредности на религиите, нема место за искуството на Црквата, нема место за Бога!, потенцира архиепископот Стефан.

Инаку, тој се осврна и на претстојниот попис на населението при што наведе дека тој ја засега нашата иднина.

–Беше најавен попис на населението, па поради пандемијата е одложен. Но кога и да се одржи, и како жители и како Македонци, потребно е задолжително да ја извршиме таа обврска, која ќе покаже не само колку сме, туку и каде сме, а сето тоа да се организира и да биде усогласено со меѓународните стандарди, наведе македонскиот црковен поглавар.

Бугарската министерка во оставка Захариева е подготвена да разговара сериозно

Ќе имаме многу сериозен разговор со рускиот амбасадор во Бугарија. Ова за Нова ТВ го изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи во оставка Екатерина Захариева по повод истрагата за руската трага во експлозиите во фабриките за муниција во Бугарија.

Таа истакна дека само за 1,5 година од Бугарија се протерани осум руски дипломати и увери дека реагира секогаш кога ќе се смета дека има неприфатливи и непријателски активности на територијата на државата. Според неа, Министерството за надворешни работи треба да направи анализа и да објави какви мерки ќе преземе во случајот.

– Ние сакаме да развиеме туризам со нив и да имаме еднакви односи, но тоа не треба да се случи по цена на националната безбедност на Бугарија, изјави Захариева.

Сепак, таа посочи дека не се планира повлекување на бугарските дипломати од Русија.

– Ние немаме интерес за прекинување на дипломатските односи со Русија.

Таа додаде дека и самата од вчера знае дека обвинителството работи на случајот. Според неа, откритието во Чешка стана повод да се побара врска со други случаи во Бугарија.

За овој генерал нема Северна

Генерал-мајор Павле Арсоски е командант на Командата за операции во Армијата на Република Македонија.

Роден е во Гостивар во 1967 година, воена гимназија завршува во Загреб (Република Хрватска) во 1986 година, а военото образование го продолжува на Воената академија на копнената војска во Белград (Република Србија) и Задар (Република Хрватска).

Дипломирал во 1990 година како потпоручник на родот артилерија. Воената кариера ја започнува во поранешната Југословенска Народна Армија (ЈНА) во Република Словенија, а во Армијата на Република Македонија е од првиот ден на нејзиното формирање во април 1992 година.

Она што радува е што во врвот на армијата се уште има Македонци за кои Македонија не е Северна. Војнички поздрав генерале!

-Вечна им слава и сеќавање на јунаците кои пред 20 години на денешен ден, на патот меѓу селата Селце и Вејце на Шарпланина, ги дадоа животите за одбрана на татковината Македонија.

На Велики Четврток се бојадисуваат првите велигденски јајца, кое е нивното значење?

Велики Четврток или шестиот ден од Страсната седмица, односно пет дена по Лазаровата сабота и четири по Цветници, според источното христијаноство, а според западното христијанство тој е петти ден од страсната седмица, односно четири дена по Цветници. На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Христос.

Настаните што се случиле на Светиот и Велик Четврток: миењето на нозете на Апостолите од страна на Христа, Тајната Вечера, предавството на Јуда и христовата молитва во Гетсиманија, се најсилен израз, заедно со Крстот на Голгота, на божјото искупително дело за човекот. Преку овие четири Божествени настани допираме до смирената, пожртвувана, принесена и предадена љубов на нашиот Господ Исус Христос. Таа вечер во Ерусалим, кога светот спиел во своите домови, Спасителот, како човечка Личност и претставник на целото човештво, ја води последната битка со омразата, напуштеноста, осаменоста.

На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца. Првото јајце, уште се нарекува божјаче, и откако ќе се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Се чува цела година, до наредниот Велики Четврток, и само ова јајце не скапува! Останатите јаца се бојадисуваат во различни бои и на различни начини, а еве кои се значењата на боите на велигденските јајца.

Според христијанството се препорачува јајцата да се фарбаат во црвената боја која има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението. Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос.

Велики Четврток – „Оваа заповед ви ја давам, да се љубите еден со друг.“

Во четвртокот пред Пасха, односно Велики Четврток , Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва. Црквата на овој ден си споменува за светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Синот Божји, кое впрочем треба да се случи денес, за еврејската пасха (Јагнето Божје) следниот ден (Велики Петок) да може да биде жртвувана.

Повеќето куќи во еврејската земја во христово време изгледале како коцка, врз која е сместена една помала коцка. Според оваа архитектура, најчесто во горниот дел се поставувала гостинската соба. Во една таква соба, Христос, заедно со Своите ученици ја јадел последната пасхална вечера за празникот Бесквасници. Пред самата вечера Тој ја препашал Својата риза и им ги измл нозете на Своите ученици, поучувајќи ги на тој начин на понизност и љубов, давајќи им нова заповед на љубовта: „Оваа заповед ви ја давам: да се љубите еден со друг.“ (Јован 15,17)

Тоа од Него избрано проштално јадење била всушност, пасхалната вечера, која била спомен на ослободувањето од Египет, обред пропратен со молитви, раскажување на настанот, славословење на Бога, псалмопеење – односно оброк на благодарење. Но самата старозаветна жртва ја нема моќта за очистување од прародителскиот грев, и таа е само праслика, сенка која укажува на грешноста, како и копнежот за искупување, и навестување за тоа што треба да се случи во иднината, Великата Жртва на помирувањето – Господ Исус Христос. На Тајната вечера, Христос Се објавува Себе како Новозаветна Пасхална жртва, како Божјо Јагне кое Се жртвува за простување на гревовите, и така ја дава наредбата лебот да се јаде и виното да се пие во Негова чест. Оваа чиста жртва која и ден денешен се извршува преку Светата Литургија, a со тоа и Евхаристија, ги поврзува сите христијани во едно – Нов Завет во Негова крв. Потоа Христос ја изговара Својата молитва, наречена уште и првосвештеничка, преку која се обраќа кон Отецот да ги зачува сите оние кои веруваат во Него, и љубовта со која Отецот Го љуби Синот да биде и во нив.

По вечерата, Христос и Неговите ученици заминуваат во Маслиновата гора, на Гетсеманската градина, каде Тој се моли на Отецот, а учениците се надвасани од сонот. Во меѓувреме, Јуда Искариот (претходоно договорен со старешините), ги доведува војниците да Го фатат Исуса. Го предава со бакнеж, оти таков бил договорот за тие да Го препознаат меѓу другите. Тогаш Петар го вади својот нож и го пресекува увото на слугата на првосвештеникот, чие име било Малх. Исус му го исцелува увото на Малха, и го прекорува Петра велејќи му „сите кои се фаќаат за нож, од нож ќе изгинат.“

И сето тоа се случи за да се исполни Писмото.

Евангелското читање на светата Василеева Литургија на овој ден се состои од описите на Тајната вечера од четворицата Евангелисти. При Великиот Вход се чита молитвата пред Света Причест („На Твојата Тајна вечера“). Истата молитва се чита и при причестувањето на клирот во олтарот, и верните во храмот.

Кој е НОВИОТ ДЕЧКО НА АНЏЕЛИНА ЏОЛИ, нејзините деца го сметаат за Бог

Според таблоидот „New Ideа“, по пет години, Џоли си најде нов партнер, диџејот Дипло. Неименуван извор тврди дека тие неодамна биле видени на состанок на приватна забава во Лос Анџелес. Дополнително, шпекулациите беа „засолени “ од Дипло, кој објави фотографии од ноќно излегување, а таму е видлива и Анџелина.

Медиумот тврди дека Џоли веќе го запознала диџејот со своите шест деца и сите наводно, го обожаваат Дипло.

„Децата мислат дека тој е бог, па нема сомнение дека ќе ја одобрат новата врска на нивната мајка, особено сега кога таа конечно се опушти малку. “, изјави неименуван извор.

Колку се точни тврдењата на таблоидот, тешко е да се открие. Сепак, Џоли во своите изјави силно негираше дека размислува за нова врска или партнер. Таа исто така неодамна за „Вог“ изјави дека сè уште се опоравува од разводот и дека е зафатена со воспитување деца.

Момче се пофали на Тик-Ток како се изживува со лавицата Бела во скопската Зоолошка градина | ВИДЕО

На социјалната мрежа Тик-Ток се појави видео на кое се гледа момче како ја вознемирува и се изживува со лавицата Бела во скопската Зоолошка градина.

ЗОО најави пријава во полиција и зголемување на обезбедувањето.

-Во Скопје ЗОО доаѓаат прекрасни посетители, нашите вработени се постојано на терен, но некогаш и една минута е доволна за некој несовесен да го направи ова, прекачен преку заштитните огради во делот кој е забранет за посета. Снимателот и лицето од видеото ќе бидат пријавени во полиција, а Зоо Скопје отсега ќе има и дополнително обезбедување. Нема да дозволиме никој да ја загрози благосостојбата на животните! Лицата ќе одговараат за ова дело, велат од ЗОО.

https://www.facebook.com/ZooSkopje/videos/874612653120230/

Прилепчанец силувал 13-годишно дете во дворот од семејната куќа на родителите

ЈО отвори предмет поради сомнение дека 40- годишен маж силувал 13- годишно дете во Гратско, а одреден му е и притвор.

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 40 години од Прилеп поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 20.10.2020 година околу 20.00 часот, во дворот од семејната куќа на родителите на оштетеното дете во Градско, врз оштетеното дете кое имало 13 години извршил други полови дејствија.

Осомничениот нема постојано живеалиште и престојувалиште односно престојува кај свои роднини или пријатели во зависност од местото каде ќе биде повикан да работи, поради што и не се јавуваше на поканите за негово испитување, а нема ниту постојано вработување. Овие околности  укажуваат на опасноста од бегство поради што Основното јавно обвинителство Велес до Судија на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​