Бил Гејтс ќе пушти илјадници генетски модифицирани комарци

Планот за пуштање на илјадници генетски модифицирани комарци во борба против заразата во Флорида Кис предизвика загриженост кај локалното население, а поединци велат дека „криминалниот“ експеримент ќе ги претвори во заморчиња.

Предводен од Комитетот за контрола на комарците во Флорида Кис (FCMCD) и британската биотехнолошка компанија „Окситек“, која е поддржана од фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, проектот има за цел да ги ослободи првите роеви генетски модифицирани инсекти во Флорида Кис оваа недела, се вели во заедничкото соопштение.

Според планот, првата фаза вклучува инсталирање на кутии за комарци на шест локации, од кои околу 144.000 комарци од видот Aedes aegypti ќе бидат ослободени за 12 недели. Тоа е вид кој е најтесно поврзан со пренесување на заразни болести како што се денга, зика и жолта треска.

Ако се одвива според планот, машките комарци (кои не касаат) ќе се парат со локални жени (кои касаат), а нивните потомци се програмирани да умрат и ова, наводно, ќе помогне во контролата на популацијата на овој вид комарец и во намалувањето на ширењето на болеста.

Иако овој вид комарец сочинува само околу 4 проценти од вкупното население во Флорида Кис, тој стои зад скоро сите болести кои се пренесуваат на луѓето, како и некои што се пренесуваат на животни, како што е срцевиот црв, наведува „Окситек“.

Проектот, одобрен од Агенцијата за заштита на животната средина, има за цел и намалување на употребата на пестициди, кои можат да бидат штетни за локалниот див свет. Сепак, додека Окситек го претстави ова како голема предност, Одборот за контрола на комарци досега не даде индикации за какви било планови за намалување на употребата на пестициди.

Компанијата исто така тврди дека јавната поддршка за планот „останува висока“, иако локалното население е крајно скептично.

„Можеби не сме научници, но можеме да читаме. А, она што го вели Окситек и она што го читаме од други извори се две сосема различни работи. „Ве молам, ве молам веднаш да преземете мерки и да разгледате резолуција против оваа технологија“, рече една загрижена жителка, Меган Хал, на состанокот во март на селскиот совет.

Друга жителка рече дека е многу загрижена за планот што се спроведува, посочувајќи на ризикот дека генетски модифицираните женски комарци можат да каснат некого.

Комитетот за контрола на комарците, сепак, инсистира на потребата да се подобрат контролите за отпорност на пестициди кои се развиваат кај инсекти што пренесуваат болести, велејќи дека проектот „Окситек“ може да обезбеди нови алатки кои се безбедни, еколошки и насочени“.

На „Окситек“ не му се туѓи генетски модифицираните инсекти, бидејќи веќе испушти повеќе од милијарда бубачки низ Јужна Америка и Карибите, како 27-месечен експеримент во Бразил во 2013 година, кој се обиде да ја намали локалната популација на комарци за 90 проценти на ист начин како и планирано сега во Флорида Кис. Сепак, Окситек се најде на удар во 2019 година откако истражувачите објавија студија во која се наведува дека инсектите се размножуваат, откривајќи дека до 60 проценти од анализираните комарци содржат траги на модифицирани гени.

ВИДЕО од акцијата во Apaчиново, апсење спроведено од специјалните единици

Министерството за внатрешни работи денеска (28.04.2021) сузби организирана криминална група инволвирана во вршење на криминални активности од областа на недозволена трговија со оружје и дрога, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„Во рамки на повеќемесечната истрага обезбедени се доволен број на докази кои ја потврдуваат инволвираностa на членовите во недозволена трговија со оружје и дрога и документирани се продажби на наркотична дрога и оружје. Денеска (28.04.2021) во раните утрински часови, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Одделот за специјални полициски операции и Одделот за криминалистичка полиција, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција лишени се од слобода членовите на организираната криминална група. Приведени се девет лица (осум од с. Арачиново и едно од Свети Николе), а едно лице-член на групата од претходно е на издржување мерка притвор“, соопшти Ангеловски.

Врз основа на издадени Наредби од надлежен суд извршени се претреси во дом и други простории на повеќе локации на подрачјето на град Скопје (с. Арачиново) и на една локација на подрачјето на Свети Николе. При извршените претреси се пронајдени и одземени и рамки за автоматска пушка, куршуми од различен калибар, седум возила, мобилни телефони, како и други предмети поврзани со истрагата.

Х.Б. (54) и А.М. (44) создале организирана криминална група инволвирана во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со оружје, муниција и дрога, и раководеле со групата која подолг период делувала на територијата на нашата држава, а кон неа се приклучиле Ф.Б.(22), В.Б.(25), Д.Б.(44), И.С.(48), И.Ј. (45) (полициски службеник), Љ.А. (31), И.А. (40) и Р.А.(16), кои на заинтересирани лица го продавале нелегалното оружје, муниција и дрога.

„При спроведувањето на повеќемесечната истрага и презамањето на мерки и активности, документирани се повеќе од 20 случаи на купопродажба на дрога,оружје и муниција при што се обезбедени доволен број на докази кои ја потврдуваат нивната инволвираност за кривичните дела за кои се теретат овие лица. Исто така, во рамки на ова криминалистичко истражување, по преземени мерки и активности се реализирани повеќе случаи на недозволена трговија со дрога (најмногу хероин, но и марихуана и хашиш), како и оружје и муниција, за што веќе од МВР се поднесени кривични пријави за уште 12 лица (девет за недозволена трговија со дрога и три лица за недозволена трговија со оружје и муниција). Оваа криминална група е поврзана и со претходно реализиран случај во Кичево на 10.11.2020 година, каде што се запленети голема количина на оружје и муниција.Министертсвото за внатрешни работи и во наредниот период продолжува со интензивните акции за сузбивање на вакви и слични криминални групи“, рече Ангеловски.

Дурловски му одговори на Шилегов: Јас не сум ракија па да ме ставаш во уста!

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 лидерот на Левица Димитар Апасиев го нарече фашист, а оперскиот пејач и експратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, оперска певачица!

Дурловски на ваквата провокација од страна на Шилегов одговори на Фејсбук:

-Ми пренесоа дека оној јадник од градски татко се потрудил да ме омаловажи на ТВ. А бе Шилегов, не сум јас ракија па да ме ставаш во таа твоја погана уста!

Талентираниот Кристијан Танески од Охрид со нов хит !

– Кога имав 13 години за прв пат се сретнав со Hip-Hop културата, по што почнав да пишувам текстови и да рапувам. После 1 година, собрав храброст да ја објавам својата прва песна за која добив премногу поддршка од публиката. Од тогаш до денес постојано работам. Текстовите ги пишувам сам, додека матриците се изработени од страна на странски продуценти. Вокалите се снимани и обработени во студиото на Стефан Николоски – SN, а спотот го снимаа Александар Велјаноски и Марио Јовановски. Исто така сакам да напоменам дека спотовите ги монтирам и режирам сам, вели Кристијан.

Србија ни донираше уште 13.000 вакцини „Спутник V“

Српската премеирка Ана Брнабиќ денеска соопшти дека Србија и донирала дополнителни 13.000 вакцини „Спутник В“ на Македонија, наведувајќи дека досега на земјава и се донирани вкупно 48 000 вакцини.

Обраќајќи се пред новинарите при посетата на термоцентралата во Костолац, Брнабиќ потврди дека до Македонија споменатите количини на вакцината „Спутник В“ биле доставени доцна синоќа како дел од контингентот од 20.000 вакцини од компонентата два, наменети за ревакцинација.

Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини беа доставени пред три недели, додавајќи дека Србија има доволно вакцини и дека доколку е потребно ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.

Каков Ѕвep – спpeчи тepopистички нaпaд сpeде Тирана, му влезе со маја-гepи (Видео)

Сериозен инцидент се случил на плоштадот „Скендербег“ во Тирана.

Непознато лице ги пробило бариерите, и со автомобилот влегло на плоштадот, при што ги загрозило животите на десетици лица присутни на местото.

Граѓаните кои биле присутни на настанот биле во вистинска паника и страв, а дел од нив не знаеле воопшто како да реагираат.

Сепак се појавило едно лице кое било присутно на настанот.

Тој според снимката навистина знаел како да интервенира и го неутрализирало возачот на автомобилот.

Му влезе со мај-гери – погледнете:

Концерт со над 50,000 луѓе, без социјална дистанца и без правила за маски! (Фото+Видео)

Повеќе од 50.000 луѓе во паркот „Еден“ во Нов Зеланд, на концерт на групата Six60 кој се одржа пред неколку дена.

Концертот во живо беше ослободен од социјално дистанцирање и без строги барања за носење на маски за лице. Бендот Six60 свири на огромен број луѓе низ целата земја, ова беше псоелден концерт за заокружување на турнеата.

Имено Нов Зеланд од почетокот на пандемијата има само 26 починати лица, за земја од 5 милиони жители, дефинитивно историскиот концерт е победа над Коронавирусот.

Сè што треба да знаете пред Велики Петок – eве кои јајца не треба да се купуваат!

Пред сè, купете чисти и неоштетени јајца и задолжително измијте ги со млака вода пред да ги варите.

Наскоро ќе го прославиме најголемиот христијански празник Велигден, а само два дена пред тоа ќе уживаме во нашиот омилен обичај – фарбање јајца.

Покрај естетиката, важно е да се грижиме и за здравјето. Бидејќи велигденските јајца обично стојат многу – прво чекате од петок до недела, а потоа стојат на масата додека не ги изедете (барем 2-3 дена), еве неколку од најважните совети за купување:

– Купете чисти и неоштетени јајца;

– Кога варите јајца, најдобро е да ги готвите 12 минути од моментот на вриење;

– Ако не обоите јајца природно или со помош на храна од силни бои, кога купувате бои во вреќи, земете ги оние што се обележани како бои за храна;

– Сурови јајца се потенцијален извор на салмонела, па затоа е препорачливо да ги миете со млака вода пред да ги готвите и украсите;

– Насликајте толку јајца колку што сте сигурни дека ќе се изедат, бидејќи е голем грев да се фрла храна, особено велигденски јајца;

– Јајцата обоени, нелупени и без оштетена лушпа и стојат неколку часа на собна температура или ако се вадат неколку пати од фрижидерот, треба да се јадат во рок од еден до два дена.

Синдикатот на полицијата најави протест: „За ред, за правда, за дисциплина – ДОСТА е веќе!“

Синдикатот на полицијата во Македонија во сабота излегува на протест под мотото „За ред, за правда, за дисциплина – Доста е веќе“.

Протестот ќе започне во 11:30 часот на 08.05 пред канцелариите на Европската Унија и ќе продолжи до Владата на Република Македонија.

Синдикатот излегува на протест со цел да им се остварат барањата за подобри услови за живот и работа:

– Тендер за сите видови на униформа во Полицијата,
– СТОП за незаконските распоредувања,
– ДОДАТОК за борбата против коронавирусот,
– НОВ Колективен договор во МВР со учество на сите Синдикати,
– ПРОФЕСИОНАЛЦИ на чело во МВР,
– Доста – СТОП за МОБИНГОТ,
– Подобри услови и права за ПОДОБАР ЖИВОТ, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО,
– СТОП за пресметка со СИНДИКАЛНИТЕ ПРЕСТАВНИЦИ,
– ЗГОЛЕМУВАЊЕ на ПЛАТИТЕ во Полицијата

ЗА РЕД, ЗА ПРАВДА, ЗА ДИСЦИПЛИНА – ДОСТА Е ВЕЌЕ ‼️✊

Posted by Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ on Wednesday, April 28, 2021