Змија на велосипед во Дебар Маало

Змија е снимена во скопската населба во Дебар Маало. Снимката, на која се тврди дека е направена во Скопје, е објавена на 29 април на твитер.

Ако може рт, денес у Дебар Маало комшии ја сликале змијава. Не знам како се нашла тука па ако некој се разбира да каже нешто повеќе? – стои во објавата.

Во еден од коментарите стои дека се работи за змија која не е отровна. ж

Леопардов смок, не отровна змија и не е опсана. Не ја убивајте, преместете ја некаде накај Водно ако можете. Можам јас да дојдам и да ја земам ако не може вие да ја однесете.