Connect with us

Инфо +

Се враќа ли Б.Ц со нова партија во македонската политика?

Published

on

Дали Бранко Црвенковски се враќа во политиката?! – Наводно екс лидерот на СДСМ кој 20 години беше на чело на партијата ќе формира нов политички субјект со незадоволни членови, пишува ТВ21 која е блиска на ДУИ.

Од СДСМ не потврдуваат ниту негираат такво нешто. Велат дека секој може да формира партија во едно демократско општество.

“Се појавија независни листи во неколку општини. Актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев на прашањето дали има договор внатре во партијата,одговори одмерено.

„Различни сме од сите заради разноликоста на нашите ставови, на нашите размислувања и тоа не прави најдемократска партија со докажани демократски начини на работење, однесување и функционирање“, посочи Зоран Заев.

Дека СДСМ се соочува со политички потреси покажува и фактот што Радмила Шеќеринска по 8 години на функцијата потпретседател на СДСМ се повлекува од оваа висока функција и нема да се кандидира повторно за истата. Потоа настаните со директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски кого го разрешија од Владата на Заев. Незадоволство има и во општинските совети. Актуелни членови на СДСМ од Охрид, планираат да одат на следните локални избори со листи и независни кандидати. Од друга страна, долго време се зборува за недоразбирањата меѓу градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски со партиското раководство. Според одлуката на општинската конференција тој нема да биде дел од централниот одбор на СДСМ”, објави ТВ21.

Шпекулации за нова партија предводена од Црвенковски се појавија уште пред десетина дена но засега ниту тој ниту негови блиски луѓе не ги потврдуваат или демантираат ваквите гласини.

Балкан

Охрабрувачки вести: Двајца повредени во Бугарија почнаа да се движат!

Published

on

Двајца од повредените во пожарот во кочанската дискотека, кои се лекуваат во болница во Бугарија, почнале да се движат, информираше македонското Министерство за здравство.

Во Бугарија се хоспитализирани вкупно 15 пациенти, од кои седуммина се интубирани и шестмина оперирани, со стабилна хемодинамика, а двајца почнуваат од денес да се движат.

Од вкупно 178 повредени, во јавните здравствени установи во државата во моментот се третираат 64 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, во приватните здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри.

Continue Reading

Балкан

Мурад Муска: Само ние можеме да го зачуваме нашиот роден крај

Published

on

Горњаците мора самите да преземат иницијатива за зачувување на својата култура, историја и идентитет, порача Мурад Муска. Според него, иднината на регионот зависи од напорите што ќе ги вложат самите жители, а не од надворешни фактори.

„Ако сакаме да опстанеме, мора да снимаме што повеќе документарни филмови, да пишуваме книги за нашата култура и историја, и да организираме културни и спортски активности кои ќе ја привлечат младината. Само така ќе ги научиме нашите внуци да го зборуваат нашиот јазик и да ја сакаат својата татковина. Во спротивно, ќе исчезнеме“, истакнува Муска.

Тој предупредува дека оние кои работат за Гора однадвор не секогаш го прават тоа во нејзина корист, туку често на нејзина штета.

„Само ние можеме да направиме нешто за себе. Другите, колку и да изгледаат дека ни помагаат, често имаат свои интереси. Вистината за нашата ситуација многу подобро се гледа од далечина“, додава тој.

Со оваа порака, Муска ги повикува Горњаците да се посветат на зачувување на својот роден крај, неговите традиции и културни вредности, со цел идните генерации да ја продолжат оваа вековна историја.

Continue Reading

Балкан

Хрватската министерка за здравство потврди дека во Загреб се донесени уште тројца пациенти од несреќата во Кочани

Published

on

По првите двајца македонски пациенти кои со изгореници веќе се лекуваат во Загреб, денеска во главниот град на Хрватска беа донесени уште тројца поврдени од трагедијата во ноќниот клуб во Кочани.

Сите се во стабилна состојба и надвор од животна опасност, изјави попладнево министерката за здравство на Хрватска, Ирена Хрстиќ.

„Денеска се примени три нови пациенти – две жени и еден маж. Малолетник и двајца возрасни. Сите тројца се надвор од животна опасност и ќе бидат сместени во Одделот за изгореници на КБЦ „Сестре милосрднице“, рече министерката по седницата на Владата, јавија хрватски медиуми.

Претходно беа примени двајца пациенти, од кои едниот остана на Одделот за изгореници во Клиничката болница Сестре Милосрднице, додека другиот поради добрата општа состојба и помладата возраст е префрлен во Детска болница

Министерката повтори дека Хрватска стои на располагање на Северна Македонија за прифаќање повреднеи со изгореници, но според последните информации засега нема да пристигнуваат нови пациенти. Таа додаде дека комуникацијата со македонските власти е постојано отворена, па до вечерва ќе се види дали ќе има промени. Таа рече и дека лично нема информации дали е обезбедено сместување во Загреб за семејствата на македонските пациенти, но не се сомнева дека и тоа ќе се реши.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ претходно на владина седница рече дека македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски доаѓа во Хрватска и дека заедно со министерката Хрстиќ ќе ги посети пациентите од Кочани во болниците во Загреб.

Kurir.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк