„Оваа земја си го мрази името“: Дански блогер со репортажа од Македонија (ВИДЕО)

Неприфаќањето на новото име на државата од огромното мнозинство македонски граѓани е нагласено уште во почетокот од репортажата на дански блогер од Македонија, кој констатира дека „оваа земја си го мрази името“.

„Многу сум среќен што се враќам по втор пат во оваа земја, но минатиот пат оваа земја имаше друго име. Деведесет проценти од луѓето што ќе ги прашате на улица не ја викаат Северна Македонија, како што е новото име“, вели тој.

„Ова име е навистина, навистина проблематично. Постои голема политичка дебата за името. Името беше променето во 2019 година, но народот тука не го прифаќа. И покрај тоа што мнозинството од населението не го прифати, промената беше направена најмногу со цел да се задоволи Грција и да ја спречи уште еднаш да стави вето за влез на Македонија во ЕУ. Меѓутоа, интересно е тоа што промената на името се случи по референдумот, кој беше бојкотиран од близу 65 проценти од населението во земјата, што значи дека само 35 отсто од граѓаните всушност гласаа за промена на името на земјата“, објаснува Данецот, кој на крајот од видеото со редица комплименти за државата повикува да биде посетена „како скриен скапоцен камен во срцето на Балканскиот Полуостров“.