Дејан Георгиевски обезбеди историска олимписка норма за македонското таеквондо и ќе се натпреварува на Олимпијадата во Токио. Веста за овој голем успех на социјалните мрежи ја сподели неговиот тренер, пратеникот во Собранието, Дарко Костовски.
“Дејан Георгиевски со победа над актуелниот ОЛИМПИСКИ шампион Радик Исаев од Азербејџан резултат 13:6 обезбеди ИСТОРИСКА ОЛИМПИСКА НОРМА ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА ОЛИМПИСКОТО МАКЕДОНСКО ТАЕКВОНДО ЗА ОЛИМПИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА !!! Дејан имаше денеска две борби, првата над Динко Шегедин ја доби со апсолутна доминација!
ДОПОЛНИТЕЛНА УБАВИНА Е ТОА ШТО НА ДЕЈАН ДЕНЕСКА МО Е РОДЕНДЕН !!! Фала му на Господ за овој Божји подарок !
Да не заборавиме дека вчера Филип Додевски го спречи скршеница на раката на патот за олимписка норма, за малку чудото ќе беше уште поголемо со две норми, секако одлична беше и Анамарија!
Во оваа прилика сакам лично да му се поклонам на братми Борче Костовски, кој што исто како и јас живееше за овој миг, но тој е НАЈГЛАВНИОТ кривец за овој ИСТОРИСКИ МАКЕДОНСКИ МИГ!
Благодарност до претседателот на МОК Даниел Димевски и спортскиот директор Владимит Богоевски што пвие олимписки квалификации ги поминаа заедно со нас во Софија.
РАДУВАЈСЕ МАКЕДОНИЈО, ВО ТОКИО ОДИМЕ ПО ЗЛАТО И НИКАКО ПОИНАКУ!”
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.
Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.
Новак Ѓоковиќ во спектакуларно финале во три сета славеше против Карлос Алкараз на турнирот во Синсинати. Оваа победа за Ѓоковиќ донесе и многу емоции, а тоа можеше да се заклучи и од начинот на кој прослави.
Српскиот тенисер до победата дојде по голема борба и спасена меч топка и токму затоа ова финалето ќе остане запаметено како едно од најдобрите во историјата. По победата Ѓоковиќ легна теренот, а потоа и ја искина маицата која ја носеше.
Треба да се каже и дека со три часа и 50 минути ова финале е најдолгиот меч во историјата на турнирот во САД.
Eден од најчудните пенали во историјата на фудбалот се случи синоќа во натпревар од Конференциската лига меѓу Гленторан од Северна Ирска и Гзира од Малта.
Гостинскиот голман го одбрани ударот, почна да се радува и избега од петерецот но топката сепак се дотркала до голот и заврши зад линијата.
Проверете дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот?