Connect with us

Инфо +

„Спремен сум да влезам во инфективна и со заболените БЕЗ МАСКА да седам 24/7 седум дена„“ – Предизвик до Филипче

Published

on

Предизвик до Филипче

Сhallenge!Го предизвикувам манипулантот и апашот #ВенкоФилипче!Спремен сум да влезам во инфективна и со заболените БЕЗ МАСКА да седам 24/7 седум дена.- Доколку се разболам и умрам, задолжително лекарски независен тим да изврши обдукција и да ја утвтди вистинската причина за смртта. – Доколку се разболам и се излечам, да се објави со помош на кои медикаменти и третмани сум излекуван, за да може сите понатамошни животи успешно да бидат спасени.- Доколку ништо не ми се деси, да ми бидат исплатени 500.000 евра обештетување затоа што лажете и манипулирате со наводниов вирус #COVID19Ајде, машко да те видам?

Македонија

По два дена пронајдени се двете исчезнати девојчиња кај Џон Кенеди

Published

on

Цели два дена траеше потрагата „под дрво и под камен“, по сите паркови, улици и околината на училиштето „Лирија“. Денес околу пладне, полицијата ги пронајде малолетничките кои беа главна тема во јавноста, со апели за нивно пронаоѓање. Излезени од дома и отидени на училиште во четвртокот, за потоа да им се изгуби секоја трага. Ги бараше полицијата, роднини, членови на навивачка група – за дури денес да бидат лоцирани.

ПРОНАЈДЕНА Е СО ПОМОШ НА ГРАЃАНИ, ИНТЕРВЕНИРАЛА И ПОЛИЦИЈАТА. СЕГА СМЕ ВО ПОЛИЦИЈА, ЧЕКАМЕ ДА ПОМИНЕ ЦЕЛАТА ПРОЦЕДУРА И ДА ЈА ЗЕМЕМЕ ДОМА. ВИКААТ ДЕКА Е ВО ДОБРА СОСТОЈБА. ИМАМ ВНУК ПОЛИЦАЕЦ, ВЕЛИ ДЕКА Е ДОБРО, НО МОРА ДА ПРОЈДЕ ПРОЦЕДУРАТА, НИ ИЗЈАВИ САБИТ АЈРО, ДЕДОТО НА АНИСА.

Од МВР со повеќе детали го потврдија настанот. Претходно, од полицијата имаше официјално известување за 12 годишната Аниса и 15 годишната Мелиса. Втората, во повеќе наврати исчезнувала и потоа била враќа дома.

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ПРОНАЈДЕ ДВЕТЕ ИСЧЕЗНАТИ МАЛОЛЕТНИЧКИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА БИТ ПАЗАР, ДЕНЕС ВО 13:30 ЧАСОТ НА УЛ. „ЏОН КЕНЕДИ“, КАЈ ПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ ВО ПАРКОТ. ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА „БИТ ПАЗАР“ ГИ ПРОНАЈДОА МАЛОЛЕТНИЧКИТЕ, ЗА КОИ НА 30.03.2023 ВО ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ БЕШЕ ПРИЈАВЕНО ДЕКА СЕ ОДДАЛЕЧИЛЕ, СООПШТИЈА ОД МВР.

И покрај денешната добра вест за нивното пронаоѓање, многу прашалници остануваат да висат над овој случај. Каде заминале, што правеле самите речиси три дена надвор, каде спиеле, што јаделе. Додека траеше потрагата по нив, камерата на Телма снимаше во дворот на училиштето од каде што им се изгуби трагата.

Мирни и повлечени девојчиња коишто се дружат со многу деца. Вработени од училиштето вака ги опишуваат исчезнатите девојчиња кои последен пат се видени овде во училишниот двор.

Претходно денес, дедото на Аниса изјави дека се следи нејзиниот телефон, кој повремено се вклучува и исклучува – а, изрази и сомнеж за нејзиното исчезнување затоа што како што вели – таа се плаши самата да оди во тоалет за да се искапе, а не пак надвор сама. За овие сомнежи, на потег се службите коишто ќе трагаат по одговорите.

Continue Reading

Скопје

Данела го враќа Ќосето – поднесено барање до општина Центар

Published

on

Градоначалничката Данела Арсовска отпочнува со постапка за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје.

Од општина Центар, за повеќе медиуми потврдија дека до нив е стигнато барање за отпочнување на процедура за враќање на Ќосето на крстосницата на која што претходно беше поставен.

Споменикот пред пет години беше отстранет по барање на ексградоначлникот Петре Шилегов.

Како што дознаваме Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со месеци го барала споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во текот на 2018 година беше отстранет.

Споменикот на Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Ќе ги прашаме граѓаните, што се однесува до мене како градоначалник затоа што многу често беше поставувано ова прашање, не само во кампањата туку многу често и самите граѓани знаат да напишат, и да прашаат и ме интересираше каде е, изјави Арсовска уште минатата година.

Таа додала дека два месеци се обидувале да дознаат каде е ставен, дури и кружеле гласини дека можеби е стопен.

Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Својата дејност ја започнал како дел од Македонската револуционерна организација, а подоцна станува нејзин војвода.

Continue Reading

Свет

Неверојатни торнада ја пустошат САД, последиците катастрофални (Видео)

Published

on

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени вчера во силно торнадо што ја погоди јужната американска држава Арканзас, додека силните бранови на невреме доведоа до уривање на покривот на театар северно во државата Илиноис кога најмалку едно лице е убиен, а 28 се повредени, пренесува Фактор мк.

Во Арканзас две лица загинаа во градот Вино, изјави гувернерката Сара Хакаби Сандерс на прес-конференција и прогласи вонредна состојба и нареди распоредување на околу стотина припадници на Националната гарда во таа сојузна држава. Таа во порака на Твитер напиша дека центарот на Арканзас претрпел значителна штета.

Разурнувањата се катастрофални.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк