На 14 мај ќе стигнат 38.400 вакцини од „Астра Зенека“, обезбедени преку Ковакс

Скопје, 11 мај 2021 (МИА) – Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот „Астра Зенека“, објави попладнево министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил .

Вакцини, посочува министерот, ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период.

-Апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk , напиша Филипче.