Connect with us

Здравје

Доктор советува: Неколку вежби со кои ќе го зајакнете капацитетот на белите дробови по прележување на Ковид-19

Published

on

Закрепнувањето по коронавирусот, па дури и доколку сте имале полесна клиничка слика од вирусот, може да трае неколку седмици, па и месеци.

Поради тоа докторите препорачуваат личноста во периодот на закрепнување повеќе да одмора, да се храни здраво и да консумира витамин Д, Ц, цинк и магнезиум.

Освен тоа докторите советуваат и вежбање кое има цел да го подобри капацитетот на белите дробови за дишењето да стане полесно и подлабоко.

Со кои вежби да ги зајакнете вашите бели дробови по прележување на коронавирусот, советува д-р Предраг Радниќ.

„Ова е мал сет вежби за зголемување на капацитетот на белите дробови“, вели тој.

„Секоја вежба потребно е да ја повторувате неколку пати во текот на денот или пак онолку пати колку што општата состојба на вашиот организам ви дозволува. Престанете со вежбање доколку истото доведува до вртоглавица, болка во градите, ладна пот и аритмија“.

Наведените вежби може да се прават во лежечка, седечка или пак стоечка положба.

Ширење на лактите
Ставете ги вашите прсти зад вратот, а потоа вдишете длабоко и ширете ги вашите лакти, па издишете и полека донесете ги пред вашето лице. Повторувајте ја постапката неколку пати.

Кружење
Со испружени раце правете кружни движења во зглобовите на рамениците, така што вдишувањето ќе го следи подигнувањето на рамениците, додека пак издишувањето спуштањето.

Подигнување на рацете
Подигнувајте ги рацете над главата и во исто време длабоко вдишете. Задржете ја таа положба неколку секунди, па потоа издишете и спуштете ги рацете покрај вашето тело

Здравје

ЗДРАВСТВЕНИ БЕНЕФИТИ ОД ТИКВАТА: ПРИРОДЕН ИЗВОР НА ВИТАМИНИ И АНТИОКСИДАНСИ

Published

on

Тиквата е многу здрава храна, богата со витамини А и Ц, антиоксиданси и влакна. Таа помага за подобро варење, го зајакнува имунитетот, го штити срцето и го подобрува здравјето на кожата. Поради ниската калоричност и високата содржина на хранливи материи, е одличен избор за здрава исхрана. Еве некои од најважните придобивки од тиквата:

pumpkins 457716 1280
  •     Богата со витамини: Тиквата е одличен извор на витамин А, кој е важен за здравјето на очите, кожата и имунолошкиот систем. Исто така содржи витамин Ц, кој помага во подобрување на имунитетот и брзо заздравување на рани.
  •     Ниска калоричност: Тиквата е нискокалорична храна со висока содржина на вода, што ја прави идеална за луѓе кои сакаат да одржуваат здрава тежина.
  •     Антиоксиданси: Тиквата содржи антиоксиданси како бета-каротен, кои помагаат во заштита на телото од слободни радикали и го намалуваат ризикот од хронични заболувања, вклучително срцеви болести и рак.
  •     Добар извор на влакна: Со високата содржина на влакна, тиквата придонесува за подобро варење, регулирање на нивото на шеќер во крвта и поддршка на здравјето на цревата.
  •     Подобрување на здравјето на срцето: Калиумот кој се наоѓа во тиквата е важен за одржување на здрав крвен притисок и заштита на срцевото здравје.
  •     Подобрување на кожата: Витаминот А и антиоксидансите од тиквата можат да помогнат во намалување на знаците на стареење и заштита на кожата од оштетување предизвикано од сонцето.
pumpkin 2519423 1280

Тиквата може да се користи во различни рецепти, како супи, пире, печива и десерти, и е многу флексибилна храна.

Continue Reading

Здравје

Ако сакате да се вратите во друштвото на непушачи, ова е бројот на кој од ДЕНЕС може да се јавите за помош

Published

on

Од денеска се отвора телефонската линија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за одвикнување од цигари.

Од денеска се отвора телефонската линија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за одвикнување од цигари.

Телефонската линија ќе биде достапна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот на телефонскиот број 078 285 873.

Македонија е меѓу земјите во светот со најмногу активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје, бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години.

Continue Reading

Здравје

Дали е опасно месото да се замрзнува два пати

Published

on

Сите знаеме дека месото може да се замрзне без никакви проблеми. Сепак, сигурно сте слушнале дека месото кое е неколку пати замрзнато во никој случај не е добро за употреба. Сепак, се поставува прашањето, дали е тоа навистина така?

Во суштина, не постои строго правило кое налага месото да не се замрзнува и одмрзнува неколку пати, но многу е важно тоа да го правите правилно, односно месото да го одмрзнете во фрижидер, на температура до 5 степени Целзиусови.

Откако ќе го направите ова, можете повторно да го замрзнете месото доколку е потребно. Она што може да се случи е месото да стане водено поради пукање на клетките, но сигурно нема да се расипе.

Зошто ја замрзнуваме храната?

Да се ​​забави растот на бактериите, односно да се спречи расипување на храната.

Во суштина, на температура од -18°C (што е стандард за замрзнувачите), можеме да складираме храна со години.

На температура од 2° до 8°C, односно во фрижидер, храната може да трае кратко, а, пак, на собна температура многу брзо ќе се расипува.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк