Девојката на фронтменот на Менескин е ЖИВ ОГАН. Нејзиниот инстаграм ГОРИ ОД ЖЕШКИ ФОТКИ

Фронтменот на Манескин, Дамиано Давид е во врска со италијанската инфлуенсерка Џорџа Солери, а се шпекулира дека тие се и верени.

Пејачот Дамиано Давид (22) ги полуде жените после евровизискиот настап, каде со групата Манескин ѝ донесе победа на Италија.

На неговиот рокерски шарм падна и Сања Вучиќ од групата Ураган, кој ја претставуваше Србија на овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија.

Имено, како што јавија италијанските медиуми, рокерот е во врска со италијанската инфлуенсерка Џорџа Солери (25) и тие се во врска веќе четири години.

Иако долго време ја криеја врската од јавноста, Дамиано неодамна за прв пат ја објави нивната заедничка фотографија во своите „Стории“ на Инстаграм, потврдувајќи дека тие се пар.

„По четири години можеме да кажеме, нели? напиша со објавата Дамијано, кого на Инстаграм го следат повеќе од 1,7 милиони луѓе.

Девојката на згодниот рокер ѝ е добро позната на италијанската јавност, а на Инстаграм ја следат повеќе од 177 илјади луѓе. Особено им се допаѓаат нејзините тетоважи и секси фотографиите кои често ги објавува.