Connect with us

Uncategorized

Приказната за Светиот свештеномаченик Патрикиј, епископ Пруски, со тројцата презвитери и врелата вода

Published

on

Пострадаа за верата Христова во времето на Јулијан Отстапник, во Пруса Азиска. Царскиот намесник Јуниј ги доведе овие светители пред врели води и го запраша Патрикиј: „Кој ги создаде овие лековити води, зарем не нашиот Ескулап и другите, на коишто им се поклонуваме ние?“

Свети Патрикиј му одговори: „Вашите богови се демони, а овие води, како и сѐ друго, ги создаде Христос, нашиот Господ и Бог.“ Тогаш намесникот го праша: „А ќе те спаси ли твојот Христос ако јас те фрлам во оваа врела вода?“ Светителот одговори: „Ако сака, Тој ќе ме запази цел и неповреден, иако јас би сакал да се разрешам од овој временен живот за да живеам со Христа вечно; но нека ми биде Неговата Света волја, без која ни влакно не паѓа од главата на човекот!“

Кога го слушна ова, намесникот заповеда Патрикиј да го фрлат во врелата вода. Врели капки прскаа на сите страни и луто ги изгореа мнозина од присутните, но Божјиот светител, на чиј јазик беше непрестајната молитва, остана неповреден како да стоеше во студена вода.

Кога го виде ова намесникот се разјари од срам и заповеда на Патрикиј и на тројцата презвитери да им ги отсечат главите со секира. Тогаш овие незлобливи Христови следбеници се помолија и ги положија своите глави под секирата на џелатот. Кога им ги отсекоа главите, нивните души весело се вознесоа во Царството Христово за да царуваат вечно.

Uncategorized

Февруари е среќен месец за два хороскопски знаци: Ги очекува нова работа или унапредување, што ќе им донесе голем прилив на пари

Published

on

Овен
Овните можат финансиски да напредуваат благодарение на фактот што се под многу слабо влијание на Меркур и Венера. Ова значи дека додека повеќето луѓе на планетата ќе имаат проблеми со парите и мотивацијата, Овенот ќе може да има корист од тоа.

Се разбира, ќе треба малку труд, но ќе вреди. Исто така, астролозите силно ги советуваат претставниците на овој хороскопски знак да не прибегнуваат кон измами и итрини. Треба само да можете да ги притиснете вистинските точки.

Додека сите се претпазливи или можеби преземаат ризици, Овенот ќе знае како разумно да ја процени ситуацијата и правилно да ги искористи своите најголеми сили и таленти.

Јарец
Друга личност која може да има многу среќа во финансиската сфера е Јарецот. Тој, како и Овенот, ќе има можност да остане на површина токму во моментот кога повеќето луѓе ќе паднат во „локва“.

Претставниците на овој знак не треба да се плашат од промени, бидејќи тие повремено се случуваат во време кога се витално потребни. Во февруари ќе има многу вакви ситуации.

Continue Reading

Uncategorized

МИЦКОСКИ ВЕТИ ПЛАТА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ВО ВЕЛЕШКА КОЛСКА Владата бара и решение за фабриката

Published

on

Колска од декември лани е во стечајна постапка, а првото првото рочиште со доверителите, судот во Велес  го закажа  на 19 март годинава.

Владата бара решение за Фабриката за шински возила „Велес“ попозната како Колска и решение ќе се најде со сигурност, вети при денешната посета на Велес премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој информира дека во заеднички договор со вицепремиерот и министер за сообраќај и врски Александар Николоски, во понеделник вработените на Колска ќе добијат плата.

Мицкоски појасни дека кога биле избрани за Влада, дел од вработените на Колска, кои го организирале вчерашниот  штрајк им велеле, не барајте решение, дајте да си одиме во стечај и потоа во пензија.

Вработените на Колска, околу педесетина, вчера протестираа во кругот на фабриката поддржани од фабричкиот синдикат на Колска и ССМ.

Тие бараат да им се исплати плата за декември и К-15 за лани, како и да добијат здравствено осигурување, а во спротивно се заканија дека во понеделник ќе го блокираат железничкиот сообраќај на станицата во Велес.

Како претпријатие во државна сопственост побараа да ги посети премиерот Христијан  Мицкоски и други претставници од Влада и вицепремиерот и министер за сообраќај и врски Александар Николоски.

Колска од декември лани е во стечајна постапка, а првото првото рочиште со доверителите, судот во Велес  го закажа  на 19 март годинава.

Воедно работниците побараа и понатаму  редовна исплата на плати и придонеси.

Continue Reading

Uncategorized

Македонскиот репрезентативец Димоски нов играч на Партизан

Published

on

Има настапувано за сите јуниорски репрезентации, а моментално е редовен репрезентативец за кој има одиграно 18 натпревари.

Македонскиот репрезентативецот Бојан Димоски е новиот играч на Партизан. Во клубот Димоски доаѓа од руски Акрон.

Димоски е роден 2001 година во Прилеп и игра на позицијата лев бек.

Димоски кариерата ја започна во Тетекс, по што настапуваше за Вардар и Брера од Струмица, од која во 2023 година се пресели во руски Акрон.

Има настапувано за сите јуниорски репрезентации, а моментално е редовен репрезентативец за кој има одиграно 18 натпревари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк