Охрид ли е Монте Карло ли е: 100 ДЕНАРИ ПАРКИНГ ЗА ЕДЕН ЧАС ако сакате да паркирате во центарот на Охрид летово

Ако сакате за време на летната сезона да паркирате во строгиот центар на Охрид ќе треба да платите 100 денари за еден час.

Ова е одлучено на Советот на Општина Охрид.

Согласно одлуката на Советот за утврдување на цени за користење на паркинг-просторот во летниот период, ЈП „Билјанини ивори“ започна со наплата на паркирањето според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.

Сезонската тарифа предвидува поскапо паркирање, а цената за паркирање на јавните паркиралишта во зона А ќе изнесува 40, во зона Б – 30 денари, додека паркингот во т.н. „премиум-зона“ во строгиот центар на градот чини сто денари за час.

Сезонската тарифа на паркирањето трае до 1 септември.