Connect with us

Uncategorized

За сите што бараат “србска” музика на своите семејни прослави, задолжително да прочитаат

Published

on

Фејсбук статус на естрадниот пејач Спасен Силјаноски.

“Со ослободувањето на мерките фала му на Бога наеднаш почнаа да се јавуваат огромен број на клиенти кои сакаат мене и мојот бенд да ни ја дадат довербата за да се погрижиме за нивната веселба ( најголем дел свадби и крштевки) и премногу сум им благодарен за тоа.

Но пред да прашаат дали сме слободни за нивниот термин и која е цената со која настапуваме, за жал поставуваат едно друго прашање кое јас никако низ годиниве неможам да го разберам. А тоа е : ДАЛИ ПЕЕТЕ СРБСКА МУЗИКА?

Второ што се прашувам е зошто на луѓето кои ќе прават веселба им е приоритет пред се да изнајмат музика која што МОРА во нивниот репертоар да има Србски мелос, и тоа го бараат во најголем дел од веселбата( има региони во Мк каде што на свадбите се пее дури 70-80 % Странска музика), а при тоа имаме неисцрпливо богатство на наша Македонска музика, како народна така и новокомпонирана музика на која цел свет ни завидува и ни ја присвојува. Ок да не бидам премногу метафоричен ке бидам малку директен и искрен. Јас како музичар, инструменталист, вокален изведувач и кантавтор АПСОЛУТНО немам против никаков вид ниту жанрн на музика. Јас покрај нашата Македонската сум израснат слушајќи буквално секаков вид на музика, И Србска, Босанска, Бугарска, Албанска, Романска, Ерменска, Ирска… И тн…..

Значи се што претставува уметност од музика јас бесценето го почитувам без разлика на која држава, нација или култура припаѓа. Нема да бидам скромен и сам ќе се пофалам дека и јас можам да интерпретирам странска музика и тоа подобро од 95% пејачи од нашата естрада кои што не знаат ниту една Мк песна, пејат и објавуваат во најголем дел Србска музика, и со тоа се прават “поголеми католици од папата”. Но сепак она што најмногу го сакам и уживам во тоа е нашата Македонска музика. Како можеме да дозволиме нешто туѓо да доминира на нашите веселби. Како можам да ве сакам повеќе вас од моето семејство???… Парадокс…

Знаете… Јас немам ништо против да дојде човек на свадба, човек кој служел војник во ЈНА, или можеби работел 15 години како конобар во Хотел Москва на Кнез Михајлова и да порача песна од неговото време, песна која ке го потсети на неговата младост, носталгија…

Со задоволство би му ја исполниле. Но чудно ми е кога ќе дојде 16 годишно дете и ќе ја побара “жена од султана”… Најголем шунт од музика…. А тоа дете ниту разбира Србски, ниту ја разбира песната, туку едноставно му е наметната од таа пропаганда на националните тв кој по цел ден емитуваат де пинкови звезде, де звезде гранда и тн И наметната од тие така наречени “балкански вечери” на кои сите гости се Македонци, оркестарот Македонци, Менаџерот Македонец, а цела вечер се пее исклучиво балканска музика, значи се друго освен Македонско…..

Морам да признам и друга вистина, а тоа е дека во Мк нема продукција како во нашите соседни држави, искрено далеку сме од нив во тој контекст но тоа незначи дека треба да ја игнорираме нашата музика. Напротив треба да се дејствува и да се превземе нешто околу афирмацијата и продукцијата на Мк музика.

Да не должам многу и не сакам да бидам погрешно разбран. Со почит кон сите соседни музичари, сите наши музичари во кој сум сигурен дека има голем потенцијал, но дајте да бидеме свои на своето, дајте кога ке правиме Македонска свадба таа нека биде Македонска. Немам апсолутно против да се испее по малку од се друго, но имам против да се испее малку Македонско, а останатото да биде се друго.

Ви благодарам”.

Uncategorized

Нова промена што одзема здив – познатата пејачка Анета Љумаковска НЕ сте ја виделе во вакво издание

Published

on

Пејачката во изминатиов период повеќе пати ги менуваше фризурите, но ова издание досега не го испробала.

Пролетта за многу жени е одличен период за големи одлуки и промени, како на деловен план, рака и во приватниот живот.

Ова секако се однесува и на уредувањето на домот, но и кога се во прашање гардеробата и фризурите.

И дека тоа навистина така функционира овие денови можевме да го видиме и од најновото издание на Анета Љумакоска.

Имено, познатата пејачка изненади многумина со својата нова боја на коса, посебно што во вакво издание досега не сме ја виделе.

Анета долго време беше позната како бринета, а потоа едно време кокетираше со светли руси нијанси, за да деновиве премине во таборот на црвенокосите. Но пејачката и ова промена не ја задржа долго, така што сега повторно ги изненади сите, овој пат со уште посветли, црвени нијанси.

Новата боја на косата на Анета ги изненади сите

Пејачката минатата година ги изненади сите со својата „пикси“ фризура која потоа порасна во една од најпопуларните фризури.

Станува збор за елегантна боб фризура која пејачката ја носеше некое време, а сега реши да отиде и еден чекор подалеку.

Таа направи промена за која навистина е потребна храброст, а резултатот е – светли црвени нијанси кои привлекуваат погледи.

Нејзините фанови веднаш го пофалија ова нејзино издание, а како пејачката изгледа сега, погледнете во продолжение…

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН е сплотен околу идеја за плурализам и антикорупција

Published

on

Првиот вицепремиер на владата, Изет Меџити, во своето денешно гостување на „Тема на денот“ разговараше за состојбата во коалицијата „Вреди“. Запрашан дали коалицијата „Вреди“ е пред распаѓање, тој децидно одговори дека има некои процеси, но коалицијата е стабилна.

„ВЛЕН не се распаѓа. Ние се сплотивме околу една идеја, да донесеме плурализам и демократија во албанскиот кампус, борба против корупција и уште стоиме на тоа, освен господинот Таравари којшто од индивидуални и партиски причини, излезе на површина дека подолг период од неколку месеци соработува со Демократската унија за интеграција.“ истакна лидерот на ЛД.
Тој дополни дека ВЛЕН има јасен став во однос на тоа дека не може да се коалицира и со ВЛЕН и со ДУИ истовремено.

Continue Reading

Uncategorized

САД ПОВЛЕКУВААТ ВОЈСКА ОД СИРИЈА: Америка речиси го преполовува бројот на војници распоредени во Сирија

Published

on

САД во наредните месеци речиси ќе го преполоват бројот на војници што ги распоредија во Сирија, потврди Пентагон.

САД со години имаат војници во Сирија како дел од напорите против екстремистичката организација Исламска држава.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, рече дека намалувањето на бројот на војници ги одразува „значајните чекори што се направени кон деградирање на оперативната способност на ИСИС“ и на регионално и на глобално ниво.

– Овој намерен процес заснован на услови ќе го намали присуството на САД во Сирија на помалку од илјада американски сили во наредните месеци, рече тој.

САД ќе соработуваат со сојузниците за да го задржат притисокот врз групата и да одговорат на какви било други терористички закани што ќе се појават, додаде Парнел.

Исламска држава во последните години претрпе големи територијални загуби и воени порази во Сирија и соседен Ирак. Сепак, нејзините оперативци повремено вршат напади во двете земји.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк