Викендов организирани преку 100 свадби

Независната угостителска комора информира дека во првиот викенд, откако Владата по повеќе од 14 месеци дозволи да се организираат прослави со посебни протоколи, се организирани 100-тина веселби од ваков тип.

Од НУК информираат дека и покрај многуте нелогичности и пропусти во новите протоколи низ државава се организираа или е во тек организација на повеќе од 100 свадби и други веселби и прослави.

Инаку НУК формираше сопствен регистар за свадби, прослави и веселби кој го става на располагање на сите угостители и угостителски објекти како и државни институции, комори, здруженија за да може да се исполнат барањата во точка 7 од протоколите за организирање на свадби, прослави и останати веселби.