Кој е човекот што му „залепи“ шлаканица на францускиот претседател?!

Се облекува како витез и сака да ја чита „Мојата борба“ од Адолф Хитлер, живее со неговата мајка, има 28 години и е обожавател на косплеј – ова е човекот кој му удри шлаканица на претседателот на Франција Емануел Макро, соопштила полицијата.

Долгокосиот Дамиен Тарел беше соборен на земја од телохранителите кога му удри шлаканица на Макрон, извикувајќи „Долу Макрони“, што е стар борбен крик на ројалистите. Инцидентот предизвика големо медиумско внимание, а снимките со голема брзина го заобиколија светот преку социјалните мрежи и медумите. Се случи на самиот почеток на „Тур де Франс“ на претседатело Макрон кој се оргнизираше со цел шефот на државата да се запознае со проблемите и ставовите на народот. Овој настан наиде на жестоки критики на политичката сцена во Франција.

Како што пренесуваат медиумите, полицијата извршила претрес во домот на Тарел, каде пронашла оружје, советско знаме копија од манифестот на Хитлер, белетристички романи, јапонски стрипови и воени игри.

Веднаш по инцидентот, полициски извори го нарекоа Тарел „анархист“, но детективите кои работеа на случајот го сметаат за „идеолошко папство“, објавија локалните медиуми повикувајќи се на извори блиски до истрагата. Човек кој е „малку изгубен, малку чуден и малку гејмер“.

Инстаграмот на Тарел е полн со фотографии на кои тој е во витешки оклоп и мафта со меч, позира на бали сено и носи јапонска кандо кацига. Тарел водел и локален клуб на европски фанови на боречки вештини.

Извор изјави за весникот „Паризиен“ дека Тарел живее во „паралелен свет на коспули, симулации и средновековни битки“.