Connect with us

Uncategorized

Јарецот да не ги открива своите тајни, Лавот силно мотивиран

ОВЕН

Новите околности на работното поле нема да ви одговараат и ќе бидете незадоволни. Денеска брачните проблеми ви дошле до „точка на вриење“. Можно е да имате големи тешкотии со партнерот. Проблеми со кичмата.

БИК

Ве очекува прилика на работното поле да напредувате. Ќе имате доста позитивни прилики пред себе. Денеска ќе бидете искрени и ќе ги покажете своите чувства кон личноста која ви значи. Одлично се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Вашата работа е стабилна и немате големи грижи. Може да очекувате поволен ден пред себе. Можно е со саканата личност да дојдете до пречки и проблеми во следниот период. Водете сметка околу внесувањето на течности.

РАК

Носење на нови одлуки би можело тешко да ви паѓа во следниот период. Можно е да сте несигурни во се. Ако сте во врска, може да очекувате дека саканата личност ќе сака да оди чекор понатаму. Добро здравје.

ЛАВ

Силно сте мотивирани и посветени на работата максимално. Очекувајте дека трудот ќе ви се исплати. Денеска ве очекува интересна средба со личноста која ќе покаже дека има чувства кон вас. Одлично се чувстувате.

ДЕВИЦА

Може да очекувате дека ќе бидете задоволни од работните околности. Можни се добри прилики за нова заработувачка. Денеска ве очекува прилика да влезете во нова емотивна врска која ќе трае на долги патеки. Полни сте со енергија.

ВАГА

Денеска би можел да биде вашиот среќен ден. Ве очекува поволна шанса за напредок. Очекувајте дека ќе успеете да остварите нешто подобар контакт со личноста која ви значи. Проблеми со бешиката.

ШКОРПИЈА

Можно е со соработниците да имате проблеми во комуникацијата и да не ви е нималку лесно да остварите подобар однос. Ви се допаѓа личност која е поврзана со странство. Чувствителни ви се синусите. Внимавајте на здравјето.

СТРЕЛЕЦ

Почнување на новиот проект би можел да ви донесе позитивни работни промени во следниот период. Вашиот однос со саканата личност доаѓа до минус фаза во која сте наклонети кон оддалечување. Ќе ви годи подобра исхрана.

ЈАРЕЦ

Денеска бидете внимателни на полето работа и немојте многу да ги издавате своите тајни на другите. Ве очекува неповолен период. Можно е да ви се допаѓа личност која покажува одредена дистанца. Проверете ја диоптријата.

ВОДОЛИЈА

Важно е да покажете упорност и посветеност на својата работа во текот на денешниот ден. На полето емоции не ви е нималку лесно да го остварите она што го сакате. Ќе ви годи одмор.

РИБИ

Денеска ќе добиете помош околу работата. Доколку сте во потрага на ново работно место, ќе имате среќа. Пробувате да најдете вистински зборови на саканата личност да и ги покажете вистинските чувства кои ги имате кон неа. Без проблеми со здравјето.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг