Владата пресече: Полицискиот час е УКИНАТ, дозволени се концерти и забави!

Владата и официјално одлучи да го укине полицискиот час ноќеска од полноќ.

Укината е и забраната за најмногу 100 гости на свадба, а дозволени се концерти и забави.

Попрецизно, дозволени се манифестации, концерти и забави во отворени клубови, со капацитет до 50 отсто од објектот, но не повеќе од 1.000 луѓе .

Одлуката следи по препораката на Комисијата за инфективни болести, која оцени дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на коронавирус и зголемување на бројот на вакцинирани.