Connect with us

Uncategorized

Бикот посветен на саканата личност, поволен ден за Стрелецот

ОВЕН

Ве очекуваат проблеми кои нема толку лесно да ги решите. Поради работните ситуации многу често сте под стрес. Срамежливи сте и не ви е лесно на ова поле да направите прв чекор кон личноста која ви значи. Урогениталниот тракт ви е чувствителен.

БИК

Не е поволен ден за нови случувања кога е во прашање полето работа. Можно е некое време да стагнирате. Посветени сте на саканата личност и многу ви е важно од неа да добиете внимание и нежност која ја очекувате. Наклонети сте кон алергии.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекуваат мали компликации кога е во прашање полето работа, и ќе ви биде потребно трпение да ги решите. Се двоумите околу тоа дали да влезете во нова љубовна врска со личноста која ви се додворува. Кожата ви е наклонета кон иритација.

РАК

Може да очекувате дека ќе бидете задоволни од организацијата на работа која сте ја направиле. Имате грижа на совест која сте ја покажале кон саканата личност. Пробајте тоа да го исправите. Пад на имунитетот.

ЛАВ

Може да очекувате нова работна прилика која ќе ја искористите на најдобар можен начин. Можно е помирување со личноста која и натаму ја сакате. Минатото ви се враќа на голема врата. Болки во грлото.

ДЕВИЦА

Успешно ги решавате проблемите на ова поле. Можно е другите да ви завидуваат на вашиот успех. Ве очекува прилика да на личноста која ви значи да и ги покажете вашите искрени чувства. Чувајте се од настинки.

ВАГА

Не сте подготвени за драстични промени иако се подготвуваат нови пресврти. Потрудете се да бидете подготвени за изненадувања. Саканата личност би можела да покаже некоја дистанца кон вас во следниот период. Потребно ви е повеќе сон.

ШКОРПИЈА

Можно е да се наоѓате во ситуација која на некој начин е неизвесна. Не ви е лесно да донесете нови одлуки на ова поле. Партнерот покажува дека не е подготвен максимално да се посвети. Мал пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Успешно ќе го одработите она што сте го планирале за денеска. Поволен ден за работа е пред вас. Можно е да запознаете нова личност кон која ќе почнете да имате силни чувства. Нема проблеми со здравјето.

ЈАРЕЦ

Не сте подготвени за нови потези кои би можеле да ви ја загрозат работата. Засега држете се подалеку од било какви ризици. Сакате да одите чекор понапред со саканата личност и планирате заедница. Намалете го стресот.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува период во кој би можело да ви биде понудено напредување на полето работа. Ако сте слободни, ве очекува период во кој ќе имате ново љубовно познанство кое ќе ви донесе среќа. Внесувајте повеќе витамини.

РИБИ

Успешно ќе решите некои пречки кои на ова поле сте ги имале. Може да очекувате дека се добро ќе се заврши. Ви недостасува со саканата личност да зборувате за се. Сте се оддалечиле. Генерално добро здравје.

Uncategorized

Мерц предлага контроверзно решение: Замрзнатите руски средства можат да се употребат

На својот годишен говор пред Бундестагот, канцеларот Фридрих Мерц во средата не донесе добри вести за Германија. Според него, светот се наоѓа во „нова ера“ на длабоки геополитички превирања. Релациите со САД се фундаментално променети, Украина продолжува да страда под агресорска војна спротивна на меѓународното право, а германската економија е под притисок од трговски конфликти и „минати пропусти“ на домашен терен.

„Многу работи што порано беа извесни, веќе не се“, изјави Мерц, предупредувајќи дека глобалниот поредок е заменет со неред. „Германија не може да стои на страна и да гледа како светот се реорганизира. Не сме пиони на големите сили“, додаде тој, повикувајќи на активна улога на земјата во меѓународните случувања.

Фокусот на Мерц е јасен: Германија треба да биде двигател во барањето „праведен мир“ во Украина. По иницијатива на канцеларот, минатиот викенд и во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со преговарачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Берлин, за координации околу мировниот план.

„Во изминатите денови и часови, повеќе дипломатија од она што се случи во Берлин едноставно не е можно“, порача Мерц. Тој истакна дека Германија не само што снабдува оружје на Украина, туку ѝ дава и шанса на дипломатијата да успее.

Претстојниот самит на ЕУ во Брисел ќе биде следната голема сцена на европската политика. Мерц вели дека Германија, заедно со партнерите, треба да испрати јасен сигнал до Москва: замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се искористат за финансирање на брзо завршување на војната, преку реконструкција на Украина и набавка на современо оружје.

Мнозинството од 27-те влади на ЕУ се за планот, кој предвидува издавање на обврзници од околу 90 милијарди евра, обезбедени со замрзнатите руски средства. Русија веќе реагираше со правни мерки против ваквиот потег, но шансите за одлука во Брисел се околу 50-50, оцени Мерц.

Со овој говор, канцеларот испрати силна порака: во време на глобална нестабилност, Германија мора да дејствува – или да ризикува да остане зад светските случувања.

Целата вест можете да ја прочитате на: Мерц се залага за користење на замрзнатите руски средства – DW – 18.12.2025

Continue Reading

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг