Connect with us

Uncategorized

Мирен ден за Близнаците, нова шанса за Девицата која треба да ја искористи

ОВЕН

Периодот кој ви доаѓа е прикажан како на некој начин неповолен за вашето поле на работа. Ќе имате нови грижи. Денеска ќе и ја покажете на саканата личност својата посветеност кон неа.Одлично здравје.

БИК

Денеска се чувствувате лошо во работното опкружување и не сте задоволни од околностите во кои се наоѓате. Со саканата личност имате добра ситуација, среќни сте и исиполнети. Пред вас е добар ден за љубов. Проблеми со крвната слика.

БЛИЗНАЦИ

Можете да очекувате дека ќе имате мирен ден без големи промени. Задоволни сте затоа што имате стабилност. Денот пред вас ќе биде опуштен во односот со саканата личност која ви е приврзана. Здравјето ви е солидно.

РАК

Размислувате за нова работа и новите проекти во кои вашата креативност би можела дополнително да се активира. Може да очекувате поволен период за сериозни љубовни одлуки во односот со саканата личност. Внимавајте што јадете.

ЛАВ

На обврските се посветувате максимално и подготвени сте целата своја енергија да ја вложите во работата. Во периодот кој доаѓа ве очекуваат мали кочници на љубовното поле. Главоболка е можна кај вас денеска.

ДЕВИЦА

Ве очекува ден кој ви носи нова шанса која треба да ја искористите. Размислувајте повеќе околу чувствата кои вашиот партнер ги покажува кон вас. Можно е вие погрешно да ги разбирате сигналите. Проверете ги хормоните.

ВАГА

Пред вас е период кој носи предизвици кои би можеле да бидат проблематични. Не сакате сосема отворено да ги покажете своите чувства затоа што се плашите од влошување на односот со партнерот. Можна вртоглавица.

ШКОРПИЈА

Работното опкружување е против некои ваши идеи и тоа вам не ви се допаѓа. Можно е да планирате некои промени. Вашиот однос со саканата личност може да биде подложен на осцилации. Солидна ситуација на полето здравје.

СТРЕЛЕЦ

Пречките кои денеска ви се јавуваат на работа, би можеле да бидат тешки. Подгответе се за големи компликации. Важно е да верувате во себе и во своите квалитети и ќе најдете среќа во љубовта. Очекувајте добро здравје.

ЈАРЕЦ

Конфликтите во кои влегувате на работа ви создаваат голема нервоза. Не сте задоволни од работното место. Во односот со партнерот ве очекуваат доста пресврти и поради тоа се чувствувате несигурно. Хронични проблеми со здравјето.

ВОДОЛИЈА

Задоволни сте од расплетот на случувањата на работното поле. Очекувајте поволен ден. Иако ги покажувате своите искрени чувства кон партнерот, сепак, не сте подготвени да одите чекор понатаму. Занимавајте се со спорт.

РИБИ

Денешниот ден е поволен а работа, па може да очекувате дека ќе ги исполните своите цели. Во вашата врска со саканата личност ги решавате проблемите и несогласувањата затоа што сте подготвени за попуштање. Чувајте ги бубрезите.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг