Connect with us

Инфо +

Од УТРЕ до НЕДЕЛА нема да можете да си извадите ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ

Published

on

Министерството за внатрешни работи уште еднаш ги информира граѓаните дека поради миграција во нов систем од утре, 23 јуни од 21 часот до недела, 27 јуни до 21 часот нема да биде во функција системот за прием и издавање лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола).

-Се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во итна постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22.06.2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06.2021 година до 12 часот, наведува МВР.

Граѓаните, пак, кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во редовна постапка, правото за поднесување барање за личен документ ќе можат да го остварат во кој било термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28.06. 2021 година заклучно со 02.07.2021 година.

-Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 23.06.2021 година до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено нивно издавање, соопштува МВР.

Инфо +

Како екс грчки премиер ја нарекувал Македонија во официјални документи (ФОТО)

Published

on

За поранешниот грчки премиери Константинос Караманлис кој четири пати бил шеф на владата во Атина и два пати претседател на земјата почнувајќи од 1955 па се до 1995 година немало дилема дека Македонија ентитет различен од Грција.

Во 1959 година како грчки премиер Караманлис дава изјава со која Македонија ја признава како република на СФРЈ која нема никаква врска со Грција.

„… Што се однесува на Југославија, Министерствата за Правда на народните републики на Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, МАКЕДОНИЈА и Црна Гора …”, вели Караманлис во изјава која ја потпишува како претседател на грчкиот Совет на министри а ја објавуваат грчки извори.

Константинос инаку е чичко на друг екс грчки премиер Костас Караманлис кој владееше од 2004 до 2009 година.

Извор  Македонска национална академија 

Continue Reading

Македонија

МЖСПП: Извршени 6984 контроли на возила поради подобрување на квалитетот на воздух

Published

on

Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи изминатиот месец извршиле вкупно 6984 контроли на возила што сообраќаат низ градовите во државата согласно „Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025 година“.

Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во доставениот извештај до Работната група за чист воздух на Министерството за животна срдина и просторно плнирање, во период од 13 декември 2024 до 13 јанаури 2025 година од страна на СВР Скопје, СВР Тетово, СВР Охрид, СВР Битола, СВР Велес, СВР Куманово, СВР Штип, СВР Струмица и МЕБСП се извршени вкупно 6984 контроли на возила.

– Во Скопје се направени 562 контроли, во Тетово 367, во Охрид 1564, во Битола 993, во Велес 546, во Куманово 540, во Штип 1338, во Струмица 498, а од страна на МЕБСП на патиштата 576 контроли. Од вкупниот број контролирани возила, 1206 се упатени на вонреден технички преглед, утврдени се 167 технички неисправни возила, 20 нерегистрирани возила, а кај 10 возила се констатирани несправни уреди за мерење на  емисијата на испусните гасови, се вели во соопштението. 

За реализација на оваа мерка од Акцискиот план Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата ангажирале 1192 вработени. 

Continue Reading

Македонија

Демократско Движење на Изет Меџити најавува формирање на Форумот на жените

Published

on

На 24 јануари 2025 година, во 18:30 часот, во просториите на хотелот „Holiday Inn“ ќе се одржи Основачкото Собрание на Форумот на жените на Демократско Движење.

Овој форум, според оваа политичка партија, претставува значаен чекор во промоцијата на улогата на жената во политиката и во процесите на одлучување, со цел создавање на поеднакво и поправедно општество.

Организаторите ја нагласуваат важноста на овој форум за зајакнување на жените и создавање еднакви можности за сите.

„Ова е голем чекор за активното вклучување на жените во политичките процеси и развојот на нашето општество,“ се вели во официјалната покана.

Настанот е отворен за сите заинтересирани кои сакаат да придонесат во изградбата на поинклузивна и порамноправна иднина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк