Connect with us

Инфо +

Заев: На миниcтpите ќе им кyпиме електpични автомобили ?

Ова го соопшти премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање при пуштање во употреба на спортска сала во основното училиште во Волково.

-Постојано го намалуваме и ќе го намалуваме бројот и дадовме инструкција на објавениот тендер на СОЗР да се види дали може 20, 30, 50 отсто да се вклучат во набавката електрични или еколошки возила, а инструкциите дадени до сите институции се да не набавуваат ако не мораат и да преминат на еколошките транспортни средства. Секако, индивидуално може секој да користи велосипед, електричен тротинет, секако да го користиме јавниот превоз, а онаму каде мора како за инспекторатите, болнички возила да се набавуваат модерни еколошки возила вклучително електрични каде ќе одиме со 0 проценти царини, данок, па дури и хибридните за да можеме да одиме во духот на заштита на животната средина и секако Владата да биде пример. изјави премиерот Заев.

Последната набавка на владини возила преку оперативен лизинг беше во 2018 година. Тендерот го доби компанијата Порше лизинг која за речиси 1,8 милиони евра три години изнајмуваше 45 возила Фолсваген Пасат за владините функционери. Според договорот владата месечно плаќаше рата за лизинг од по 49.400 евра за 45-те возила. Или за тригодишно рентање на едно возило с еплатени по околу 40.000 евра, сума која што е приближно иста со продажната во авто-салон.

Електричните автомобили се значително поскапи од традиционалните со мотори со внатрешно согорување. Тоа значи дека трошоците за новата еко авантура ќе бидат и нов удар по буџетот. Наместо мотивација за движење со велоспиеди, пеш и користење на јавниот превоз, нашите министри мораат на секои 3 години да купуваат нови автомобили бидејќи не оди тие да се возат во толку „стари“ возила.

Свет

Русија повторно ги таргетира украинските железници – погодени станици кај Киев

Русија ноќеска спроведе масирани ракетни и дрон-напади врз Украина, при што беше погоден железнички јазол во близина на Киев, информира украинската државна компанија „Укрзализница“.

Според соопштението, цел на нападот била железничката инфраструктура:

„Разурнати се станицата Фастив и возен парк на приградските линии. Нема загинати, но сообраќајот е значително нарушен“, наведуваат од компанијата.

Службата за итни ситуации потврди пожар и големи оштетувања на станица и депо во регионот на Киев, а штета е пријавена и во Черниговската област.

Истовремено, во последните недели Русија ги засили нападите врз украинскиот енергетски систем. Министерството за енергетика соопшти дека инфраструктурата е погодена во осум области, што предизвика сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во Одеската област најмалку 9.500 корисници останале без греење, а околу 34.000 без вода. Екипите работат на итни поправки „каде што безбедносните услови го дозволуваат“.

Continue Reading

Балкан

Евзони денеска со блокади – внимателно планирајте го патувањето кон Грција

Граничниот премин Евзони денеска ќе биде затворен за сите видови сообраќај во два временски периода – од 10:00 до 14:00 часот и од 18:00 до 22:00 часот – поради протест, информира АМСМ. Во овој интервал нема да биде возможен ниту влез ниту излез од Грција.

Од АМСМ соопштуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по делумно влажни коловози. Интензитетот на движење надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини се бележат умерени задржувања: на „Дојран“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на „Табановце“ задржувањата достигнуваат до 40 минути. На останатите премини од македонска страна нема подолги чекања.

Патниците се повикуваат да го приспособат времето на патување согласно блокадите и актуелните состојби на граничните премини.

Continue Reading

Балкан

Србија без сурова нафта речиси два месеци

Речиси два месеци откако стапија на сила американските санкции врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), во земјата не пристигнала ниту капка сурова нафта. И покрај тоа, снабдувањето со нафтени деривати е стабилно, а надлежните уверуваат дека граѓаните и економијата засега немаат последици од застојот.

Американската администрација ја продолжи лиценцата за работење на руската компанија Лукоил до 29 април, што им овозможува на странските подружници, вклучително и оние кои снабдуваат нафтени деривати во Србија, да продолжат со увоз.

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека 112 бензински пумпи во Србија ќе можат да работат со увезени деривати и нагласи дека земјата нема да има проблеми со снабдувањето со гас, со оглед на тоа што се очекува потпишување на краткорочен договор.

Министерката за енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, истакна дека состојбата со НИС се следи постојано и дека главен приоритет е сигурноста на снабдувањето. Таа повторно остварила контакти со повеќе компании, меѓу кои MOL, OMV, EKO и „Кнез петрол“, за да се обезбедат алтернативни количини.

Енергетската соработка меѓу Србија и Русија, како и снабдувањето со гас и стратешките инфраструктурни проекти, била главна тема и на средбата меѓу Вучиќ и рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко.

Затворањето на рафинеријата во Панчево ги загрижи вработените во НИС, поради што синдикатите бараат јасно објаснување од раководството за понатамошните чекори и иднината на компанијата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг