Connect with us

Uncategorized

Бикот да покаже иницијатива, Стрелецот одлучен

ОВЕН

Сте вложиле многу енергија и сакате да видите дали ќе ви се исплатат сите напори кои сте ги пружиле за да ја поттикнете својата работа. Случајно ви се појавува личност која ќе покаже дека има чувства кон вас. Нервна напнатост.

БИК

Потрудете се да покажете поголема иницијатива околу барањето на работа ако сакате ново работно место. Ви се допаѓа личност кој на живее на исто место како и вие. Ќе имате шанса за почеток на врска на далечина. Внимавајте на тахикардија.

БЛИЗНАЦИ

Можно е да нема да бидете сосема задоволни од околностите во следниот период. Со саканата личност уживате и не размислувате многу за иднината. Не сте подготвени да правите планови. Избегнувајте стрес.

РАК

Можно е стабилноста да ви е загрозена на некој начин и дека на ова поле ќе имате мали проблеми. Имате впечаток дека ситуацијата на полето љубов ви е лоша, но не знаете како да го подобрите односот со партнерот. Главоболка.

ЛАВ

Можно е да имате проблеми кои не сте ги очекувале на полето работа и ќе бидете незадоволни. Можно е некоја личност од минатото се обидува да ви се врати иако вие не сакате помирување. Проблеми со кичмата.

ДЕВИЦА

Можно е да не ви биде лесно на ова поле за да дојдете до стабилност. Како судбината да е против вас. На прв поглед имате силен „магнет“ кон личноста која ви се допаѓа и подготвени сте за првиот чекор. Немате проблеми со здравјето.

ВАГА

Можно е да ви се одложуваат некои планови за работата. Судбината денеска не е на ваша страна. Саканата личност ги покажува своите искрени чувства кон вас и вие конечно уживате во нејзиното внимание. Внимавајте на варењето.

ШКОРПИЈА

Потпишување кое може да биде важно ви доаѓа. Поволен ден за решавање на договори, документации. Партнерот е себичен и тврдоглав, но наоѓате компромис поради љубовта која ја имате. Проблеми со акните.

СТРЕЛЕЦ

Одлучни сте и не сакате да се откажете додека на ова поле не ги остварите своите цели. Очекувајте поволен период. Чувствувате големо заладување помеѓу вас и партнерот и не сте задоволни. Посетете лекар.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате дека ќе расчистите некои несогласувања кое сте ги имале на полето работа. Пред вас е поволен ден на ова поле. Подгответе се да и пријдете на личноста која ви се допаѓа. Внимавајте на срцето.

ВОДОЛИЈА

Работната ситуација е нешто кое би сакале да го промените во следниот период. Не сте задоволни. Време е да се посветите на своите љубовни желби. Внимавајте што јадете.

РИБИ

Ќе покажете дека сте подготвени на работното поле да ги остварите своите цели и амбиции. Саканата личност сака да ви покаже колку и значи вашиот однос да напредува. Проблеми со синуси.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг