Connect with us

Инфо +

Големо апceње во Хрватска: Пaднa и генералниот директор на ХРТ (Видео)

Published

on

Во тек е голема акција на хрватската полиција и УСКОК, објавуваат хрватските медиуми. Како што дознава Јутарњи.хр, полицијата рано утрово „тропнала“ на вратите на неколку лица во Загреб.

Индекс известува дека е уапсен генералниот директор на Хрватската радиотелевизија (ХРТ), Казимир Башиќ. Се тврди дека станува збор за сомненевање за извршени коруптивни кривични дела, главно поврзани со работата на градската администрација во Загреб.

Според неофицијални информации, станува збор за сомневања за кривични дела извршени за време на поранешната градска администрација, на крајот на минатата година и во првата половина на оваа година. Наводно уапасени се и други познати личности.

Пред малку се огласија и од град Загреб. „Утрово во 6:00 часот вработените во Државното правобранителство на Република Хрватска, Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал, започнаа истраги во службените простории на градската администрација.

Градоначалникот Томислав Томашевиќ кратко рече дека новата градска администрација целосно ја поддржува независната работа на државните институции и дека ќе продолжи да се залага за транспарентност во работата на градската администрација, сите градски канцеларии, компании, институции и придружни организации “, соопшти Градот Загреб.

Македонија

Ги наполнија џебовите со над 4 ипол милиони евра обвинителите од СЈО – Нема епилог дали некој ќе понесе кривична одговорност

Published

on

Ги наполнија џебовите со над 4 ипол милиони евра од државната каса, а никој не даде отчет за сработеното, ниту ги оправдаа фрапантните бонуси. Катица Јанева и нејзините чарлиеви ангели земаа милионски надоместоци за доверливост, објави ТВ Алфа.

Шефицата Јанева неколку години земаше плата и 4000 евра месечно само за да молчи за прислушкувањата. Околу 100 илјади евра се офајдија и Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска. Бурим Рустеми инкасирал нешто над 90.000 евра, дознава Алфа.

Слични бонуси добиле и обвинителите Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, од 85 илјади евра.

После неколку години топката почна да се одмотува.

Имено, вишиот обвинител Јово Цветановски кој одлучи Организиран криминал да продолжи да истражува, заработи дисциплинска постапка, а му се заканува уште една. Симптоматично, истиот ден кога ја донесе одлуката, државниот обвинител Коцевски го прати на дисциплинска поради резултатите од ревизијата во Вишото обвинителство. Цветановски, тврди дека дисциплинската е незаконска.

Во јавноста подолго време отворено се зборува дека државниот обвинител вршел притисоци за одлуката за бонусите на СЈО.

Continue Reading

Скопје

Таткото на Фросина: Судии, обвинители, проценители и извршители направија аукциска куќа – „Кој ќе плати повеќе мито, тој добива“

Published

on

Tаткото на трагично загинатата Фросина – Тодор Кулаков вечерва од пред македонското Собрание порача дека „Судии, обвинители, проценители и извршители направија друштво за надавање како аукциски куќи „Кој ќе плати повеќе мито тој добива“.

Голем број граѓани мирно протестираа од Универзална сала, поминаа кај Министерството за правда, па кон Собранието со крајна точка – Кривичен суд.

На транспарентите што дел од граѓаните ги носеа со себе пишува – „Безбедноста е право, не луксуз“, „Улиците не се тркачки патеки“, „Судии ослободете ја правдата“, пишува на некои од транспарентите. Маршот го предводат родителите и сестрата на Фросина, додека присутните носат црни маички на кои стои „Правда за Фросина“.

Триминутен молк имаше и пред Кривичен суд, исто како и пред Собранието и на Партизанска.

22-годишната Фросина Кулакова пред четири дена беше прегазена од дваесет годишниот Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин на Партизанска.

На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Continue Reading

Македонија

Илјадници граѓани пред Кривичниот суд, извикуваат „оставка“ и „правда за Фросина“

Published

on

Граѓаните кои протестираат пристигнаа пред Кривичниот суд. Поради масовноста на протестот, толпата не продолжи кон Обвинителството, па од Собранието тргнаа директно до Кривичен.

Овој собир е поголем од претходниот. Собрани се илјадници граѓани.

„Сакаме правда“, „Нема правда, нема мир“ „Правда за Фросина“ извикуваат сите пред судот.

Триминутен молк имаше и пред Кривичен, исто како и пред Собранието и на Партизанска.

22-годишната Фросина Кулакова пред четири дена беше прегазена од дваесет годишниот Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин на Партизанска.

На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк