Connect with us

Балкан

Невремето стигна и во Хрватска – се излеа и Сава!

Откако разорното невреме направи пустош во Словенија, се спушти и ја зафати Хрватска. Во Задар силен ветер собори дрвја, додека облаци и громови пристигнаа над Паг. Во Кварнер многу граѓани побараа помош од пожарникарите.

Управата за цивилна заштита во петокот попладне предупреди дека синоптичарите на ДХМЗ издале тревога за црвено невреме за регионот Риека со можни силни грмотевици, придружени со силен ветар, обилни врнежи и град, особено на островите.

Силен дожд ги зафати Истра и Риека, јавуваат хрватските медиуми.

„Сега се расчисти, ситуацијата е добра, на почетокот врнеше слаб дожд, а потоа наеднаш се излеа за неколку минути, па погледнете ја улицата! Гром удри три пати, а водата беше до „покрив“, изјави читателот за 24сата.хр.

Видео:

https://youtube.com/shorts/rltYxQ4JBYM?feature=share

Страшното невреме во Словенија однесе тројца животи и многумина повредени лица, како и огромни штети.

https://youtu.be/1kAw8tcUZIk

Балкан

Родителите на деца до 12 години во Бугарија ќе можат да работат од дома или со скратено време

Парламентот на Бугарија денеска на прво читање усвои законски предлог со кој родителите и старателите на деца до 12 години ќе можат да имаат скратено работно време или да работат од далечина за време на летниот распуст.

Предлог-законот за измена на Законот за работни односи е поднесен од пратеничката Деница Сачева (ГЕРБ-СДФ) и група пратеници, а едногласно бил усвоен со 181 глас „за“.

Досегашниот закон предвидуваше ваква можност само за родителите на деца под осум години. Новата измена го проширува ова право до децата до 12 години, но исклучиво за периодот на летниот распуст.

Continue Reading

Балкан

Трагедија во Хрватска: Турски противпожарен авион се урна, пилотот загина

Турски противпожарен авион „Ертрактор“ АТ-802Ф се урна во Хрватска, при што пилотот загина на лице место. Хрватските медиуми јавуваат дека пилотот испратил повик за помош откако одеднаш почнал да губи брзина, а потоа исчезнал од радарот. Локален жител забележал пожар на местото на несреќата и веднаш повикал служби за итни случаи.

На местото на несреќата пристигнале пожарникари, полиција, брза помош и Хрватската горска спасувачка служба (HGSS). Трагично, телото на пилотот било пронајдено на местото на ударот.

Авионот бил во сопственост на Турската управа за шумарство и имал регистарски ознаки OR-2025. Вчера, заедно со идентичен авион, пристигнал од Тирана на аеродромот Крк. Денес, авионот се упатил кон Загреб, но по ненадејното губење на височината се вратил назад, при што се случила трагедијата.

Continue Reading

Балкан

Евакуирано средно училиште во Белград по дојава за бомба

Средно училиште во Белград беше евакуирано денеска околу 12 часот по дојава за поставена експлозивна направа.

На местото на настанот веднаш беше повикана полиција, а припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија се на терен и вршат увид во зградата на училиштето.

Се уште нема информации за тоа дали дојавата се покажала како реална закана, а властите ги повикаа граѓаните да останат смирени и да ги почитуваат безбедносните препораки.

Полицијата продолжува со истрага и проверки за да се утврди потеклото и веродостојноста на дојавата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг