Connect with us

Uncategorized

Овенот доминира, ракот е во одлично расположение

Дневен хороскоп за 30 јуни: Ќе бидете исполнети со емотивно задоволство и спокој

Овен
Потрудете се да доминирате на работното место, но и меѓу пријателите. Ќе бидете многу добро расположени, ќе се изразите многу јасно и другите генерално ќе ве сметаат за позитивна и харизматична личност. Веројатно ќе се соочите со противење, но ако бидете добро информирани, ретко кој ќе може да го одбие она што го барате.

Бик
Се разбиструва маглата во која се чувствувавте по малку загубено. Сѐ поголем е оптимизмот и вербата во поубав љубовен живот. На работното место денес максимално ќе се служите со интуицијата. Таа одлично ќе ве води и ќе ви ги даде одговорите што ги баравте. Истражувајте, ќе дојдете до интересно откритие на работа.

Близнаци
Ќе го проширите кругот на познаници, па немојте да ја испуштите. На работното место ќе ви годат разговорите со колегите, а нивните совети ќе се покажат многу корисни во иднина. Ако сте во врска, дајте му ја потребната поддршка на партнерот. Внимателно ислушајте го и помогнете му да го надмине тешкиот период.

Рак
Денес ќе бидете со одлично расположение, а поради тоа ќе ви се пружат неколку примамливи можности. Ако се појавил конфликт помеѓу некои пријатели, држете се настрана и не заземајте страна. Во љубовта ќе имате можност да ги искажете вашите емоции. Опсипувајте го со љубов и нежност партнерот.

Лав
Дали сте подготвени за посериозна врска? Имате одличен однос со личноста што ја сакате. Некои парови ќе се заколнат на вечна љубов, а други ќе откријат дека наскоро ќе станат родители. Имате можност да ги докажете вашите деловни вештини и да напредувате. Ќе бидете исполнети со емотивно задоволство и спокој.

Девица
Ако сте љубопитни, прашајте ги соработниците што да направите. Можеби имате некоја нерешена емотивна состојба. Дајте сѐ од себе за да го решите проблемот. Контролирајте се, вашите внатрешни стравови. Имајте високи критериуми во љубовта, несомнено ќе запознаете некој што ќе ги исполнува во претстојните месеци.

Вага
Потребата за нежност ќе порасне и ќе очекувате од другата страна да возврати исто. Од неа зависи дали ќе биде така. На работа ќе добиете шанса да ја изразите својата креативност. Затоа денешниот ден ќе ви биде успешен. Нема да можете да ги надминете препреките на деловното поле без поддршка од соработниците.

Скорпија
Финансиската состојба треба полека да се подобри. Може да очекувате добри вести. Можно е врската со партнерот да биде променлива. Како да не сте подготвени да прифатите компромисно решение. Не сте задоволни од осаменоста. Време е да се свртите кон нови познаници и нови можности за љубов.

Стрелец
Со неверојатна леснотија ќе ги вртите луѓето на ваша страна, убедувајќи ги дека вашите замисли ја заслужуваат нивната поддршка. Очекувајте нагло зголемување на вашата популарност. Паровите ќе се радуваат на страсни моменти во кои нема да се грижат за остатокот од светот. Многу врски ќе бидат официјализирани со брак.

Јарец
Денес ќе се оттргнете од вашата рутина и ќе почнете да правите план за иднината. Цел ден ќе се чувствувате добро и ќе уживате во друштвото на саканите. На љубовно поле ве очекува пријатно изненадување. Ако сте во врска, бидете поотворени со партнерот. Ако сте сингл, време е да го направите првиот чекор.

Водолија
Ситуацијата на работа и финансиите се доста бавна и тоа воопшто не ви се допаѓа. Се чувствувате непријатно затоа што во вашата околина доминира чудна атмосфера која, доколку не реагирате, се заканува да стане штетна за вас. Ако не ги расчистите можните недоразбирања, работите можат да станат непоправливо комплицирани.

Риби
Одложувањето на деловните обврски создава тензија за вас. Вие не сакате да одложувате ништо во овој поглед. Вашата врска е во криза и вие не сте среќни. Пред вас е период во кој ќе бидете склони кон поголеми кавги. Може да излезете и убаво да си поминете, но вашите лични односи ќе останат на непријатно ниво.

Uncategorized

Мерц предлага контроверзно решение: Замрзнатите руски средства можат да се употребат

На својот годишен говор пред Бундестагот, канцеларот Фридрих Мерц во средата не донесе добри вести за Германија. Според него, светот се наоѓа во „нова ера“ на длабоки геополитички превирања. Релациите со САД се фундаментално променети, Украина продолжува да страда под агресорска војна спротивна на меѓународното право, а германската економија е под притисок од трговски конфликти и „минати пропусти“ на домашен терен.

„Многу работи што порано беа извесни, веќе не се“, изјави Мерц, предупредувајќи дека глобалниот поредок е заменет со неред. „Германија не може да стои на страна и да гледа како светот се реорганизира. Не сме пиони на големите сили“, додаде тој, повикувајќи на активна улога на земјата во меѓународните случувања.

Фокусот на Мерц е јасен: Германија треба да биде двигател во барањето „праведен мир“ во Украина. По иницијатива на канцеларот, минатиот викенд и во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со преговарачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Берлин, за координации околу мировниот план.

„Во изминатите денови и часови, повеќе дипломатија од она што се случи во Берлин едноставно не е можно“, порача Мерц. Тој истакна дека Германија не само што снабдува оружје на Украина, туку ѝ дава и шанса на дипломатијата да успее.

Претстојниот самит на ЕУ во Брисел ќе биде следната голема сцена на европската политика. Мерц вели дека Германија, заедно со партнерите, треба да испрати јасен сигнал до Москва: замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се искористат за финансирање на брзо завршување на војната, преку реконструкција на Украина и набавка на современо оружје.

Мнозинството од 27-те влади на ЕУ се за планот, кој предвидува издавање на обврзници од околу 90 милијарди евра, обезбедени со замрзнатите руски средства. Русија веќе реагираше со правни мерки против ваквиот потег, но шансите за одлука во Брисел се околу 50-50, оцени Мерц.

Со овој говор, канцеларот испрати силна порака: во време на глобална нестабилност, Германија мора да дејствува – или да ризикува да остане зад светските случувања.

Целата вест можете да ја прочитате на: Мерц се залага за користење на замрзнатите руски средства – DW – 18.12.2025

Continue Reading

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг