Талат Џафери без срам го прекрши Уставот и си се обрати на албански јазик во Европскиот парламент (Видео)

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери не сака да образложи зошто пред два дена на Комитетот за надворешни работи во Брисел  во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“ се обрати на албански јазик.

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери не сака да образложи зошто пред два дена на Комитетот за надворешни работи во Брисел во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“ се обрати на албански јазик, имајќи го во предвид тоа дека македонскиот јазик и неговото крилско писмо според Уставот е службен јазик, како на целата територија во државата така и во меѓународните односи.

Џафери денеска се појави на свеченото промовирање на првата генерација на апсолвенти на Универзитетот „Мајка Тереза“, каде меѓу присутните беа и лидерот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот Артан Груби, но по обраќањето, кое исто така беше само на албански, ги одбегна новинарските екипи. Одговор нема ниту од неговиот кабинет.

Според пратеникот на Левица Димитар Апасиев, Џафери тенденциозно неколку месеци во контиунитет прави свесно истиснување на употребата на македонскиот јазик, како во Собранието, така и во меѓународните односи. Апасиев вели дека Џафери со обраќањето на албански јазик на Комитетот во Брисел направил дипломатски сканадал и освен што ги прекршил амандманот 5 од Уставот и Законот за употреба на македонскиот јазик, направил и кривично дело.

ВМРО-ДПМНЕ исто така денеска соопшти дека ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери поради, како што се наведува во нивното соопштение, „свесно кршење на Уставот и законите“.

Од опозициската партија апелираат надлежните власти и институции да реагираат и да го осудат ваквиот чекор.

ВМРО-ДПМНЕ го највува овој чекор откако пред два дена претседателот на Собранието Џафери пред Комитетот за надворешна политика на ЕП се обрати на албански јазик.

YouTube video player