Каде за преглед? – Лево, па трета врата после козите, одма до кравата 🤣

Статуси и твитови на денот 🙂 👇

Толку била згодна што мажите и се нафрлаат, но тоа и е НАПОРНО (ФОТО)

Инстаграм моделот Кони Хок вели дека атрактивноста има свои недостатоци. Оваа 29-годишна жена од Виена вели дека мажите и приоѓаат најмалку 20 пати за во еден ден и дека тоа е непријатно и заморно. Исто така, тие често се лутат откако ќе бидат одбиени.

„Се обидувам да бидам учтива, но во 99 проценти од случаите ми е непријатно. Особено затоа што мажите се супер упорни и не се предаваат. Понекогаш кога ќе ги одбијам, тие почнуваат да бидат агресивни. Сето тоа може да биде застрашувачко, особено кога е ноќ”, изјави Кони за Дејли Стар.

Кони вели дека не може да оди ниту на лекар на преглед без да се соочи со додворување. Еднаш, за време на прегледот, лекарот отворено ја нападнал.

„Во една прилика отидов во болница за алергиска реакција, а лекарот кој ме прегледа почна да ми се додворува. Ушите ми беа црвени и отечени, изгледав ужасно. Додека флертуваше, мислев само – Боже, дали е тоа можно. Јас не го пријавив, но сигурно нема да се вратам на таа клиника“ вели таа.

Неа ја следат скоро 400.000 луѓе на Инстаграм, а вели дека и е доста од ласкање.

„Ми приоѓаат во супермаркет, во теретана, каде било и кога брзам. Никој не сака да разговара кога е испотен од тренинг или размислува што да купи во продавницата. Понекогаш чекам некого и во тој период тројца млади момци излегоа и се обидоа да разговараат со мене „Знам дека е потребна храброст да се направи такво нешто, но тие мора да разберат дека тоа не значи не“, додаде Кони.

Таа тврди дека дури и зафатените мажи не ги почитуваат нејзините граници: “Јас еднаш видов двојка како се бакнува. Но, момчето ме погледна, па дури и ми намигна додека се бакнуваше со неа. Бев згрозена.

Оваа убава 29-годишна девојка исто така нагласува дека машкиот пол мора да разбере дека не можат да очекуваат дека е во ред да се додворувате некому само затоа што тој некој е модел.

Талат Џафери без срам го прекрши Уставот и си се обрати на албански јазик во Европскиот парламент (Видео)

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери не сака да образложи зошто пред два дена на Комитетот за надворешни работи во Брисел  во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“ се обрати на албански јазик.

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери не сака да образложи зошто пред два дена на Комитетот за надворешни работи во Брисел во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“ се обрати на албански јазик, имајќи го во предвид тоа дека македонскиот јазик и неговото крилско писмо според Уставот е службен јазик, како на целата територија во државата така и во меѓународните односи.

Џафери денеска се појави на свеченото промовирање на првата генерација на апсолвенти на Универзитетот „Мајка Тереза“, каде меѓу присутните беа и лидерот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот Артан Груби, но по обраќањето, кое исто така беше само на албански, ги одбегна новинарските екипи. Одговор нема ниту од неговиот кабинет.

Според пратеникот на Левица Димитар Апасиев, Џафери тенденциозно неколку месеци во контиунитет прави свесно истиснување на употребата на македонскиот јазик, како во Собранието, така и во меѓународните односи. Апасиев вели дека Џафери со обраќањето на албански јазик на Комитетот во Брисел направил дипломатски сканадал и освен што ги прекршил амандманот 5 од Уставот и Законот за употреба на македонскиот јазик, направил и кривично дело.

ВМРО-ДПМНЕ исто така денеска соопшти дека ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери поради, како што се наведува во нивното соопштение, „свесно кршење на Уставот и законите“.

Од опозициската партија апелираат надлежните власти и институции да реагираат и да го осудат ваквиот чекор.

ВМРО-ДПМНЕ го највува овој чекор откако пред два дена претседателот на Собранието Џафери пред Комитетот за надворешна политика на ЕП се обрати на албански јазик.

Тетовката Ева Јовановска меѓу најубавите во Евроазија, стана мис „Лице на иднината“ 👑

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Мис на Евроазија 2021 на кој македонската претставничка Ева Јовановска ја освои титулата Face of the future, како најдобра од најмладите учеснички.  Ева е од Тетово, има 17 години и членка е на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина.

Таа исто така имаше забележителен настап на талент шоуто, на кое се претстави со извонредна балетска точка. На финалето Ева носеше модели кои специјално за оваа прилика за неа ги изработи студиото Краљевски.
Изборот се одржа во  хотелот Спајс во Белек, Анталија, каде што 10 дена претстојуваа 40. финалистки на Мис Евроазија 2021.

На Центарци, воздух ќе им се носи со хеликоптер, а ветер ќе се симулира преку андроид апликација? (Фото)

За воздухот и градбите еден Твит на денот :

„Северномакедонскиот јазик бил дел од бугарскиот“ – Димитров: Ова е несреќна изјава

„Во Европа ќе влеземе сако како Македонци и зборуваме на македонски“ вака вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, одговори на португалската министерка за Европа, Ана Паола Закаријаш, која рече дека македонскиот јазик е бугарски.
Додаде дека ставот на Закаријаш не го отсликува ставот на Португалија и тоа што е напишано во португалскиот предлог за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија.

Според него, целата дебата за македонскиот јазик произлегува од тоа дека предлогот излезе од Европската комисија, каде се вели дека целата легислатива на ЕУ ќе се преведе на македонски јазик и дека државата треба да има доволно преведувачи во моментот на членство.
Овие изјави тој ги даде по презентацијата на Националната програма за усогласување на правото на ЕУ, со која се испрати и политичка порака до Бугарија.

800 државни службеници и околу 150 институции се вклучени во изготвувањето на оваа програма. Програмата е адаптирана и со новата Методологија за пристапните преговори на Европската унија и препораките во последниот извештај на Европската комисија, групирајќи ги поглавјата во 6 стратешки области. Следниот предизвик е спроведувањето, кое мора да докаже дека демократијата во земјата е стабилна и динамиката на Програмата нема да се менува по секој изборен циклус.

Прилог на ТВ21:

ДДВ-то намалено, а цената на СТРУЈАТА ќе се ПОКАЧИ за 12,36 отсто!

Граѓаните ќе плаќаат пониски сметки за струја поради намалувањето на ДДВ од 18 на 5 отсто, а цената на струјата без ДДВ ќе се зголеми за 12,36 отсто. Тоа значи дека од побараните 50 денари зголемување на сметка од 1.000 денари од страна на енергетските компании Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги одобри само 6 денари. На останатите елементи од крајната цена РКЕ нема влијание, а тоа се увозот на струја кој во првите шест месеци изнесувал 32 милиони евра, маржата на ЕВН ХОМЕ, трошокот за обновливи извори на енергија кој е зголемен за 1,5 милиони евра и цената на ЕСМ која во просек е зголемена за 2,5 отсто.

-Евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали како и до сега, а сметките за електрична енергија практично ќе останат непроменети со носење на законот со кој ќе се намали ДДВ-то за електрична енергија. Намалувањето на ддв-то е добро решение, но неопходeн е системски одговор – да се прошири опфатот на ранливи категории кои ќе добиваат субвенции за сметките за електрична енергија, изјави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Со донесената одлука се гарантира сигурност и стабилност во испораката на електрична енергија. Од побараните 50 денари на 1000 денари сметка за електрична енергија од страна на сите енергетски компании што ги регулираме, одобрени се 6 денари. На останатите елементи во крајната цена РКЕ нема влијание, а тоа се: увозот на струјата кој во првите шест месеци изнесуваше 32 милиони евра, маржата на ЕВН Хоме, трошокот за обновливи извори кој е зголемен за 1,5 милиони евра, цената на ЕСМ која во просек во однос на минатата година е зголемена за 2,5%.

„Намалувањето на ддв-то е добро решение, но неопходeн е системски одговор – да се прошири опфатот на ранливи категории кои ќе добиваат субвенции за сметките за електрична енергија “ изјави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Им пoдлeгнaл нa пoвpeдитe: Младо момче пpoбoдeнo co нoж вo cкoпcкo

Скопјанец (27) починал откако претходно бил прободен со нож, потврдија од МВР за Плусинфо.

Од полицијата информираат дека немилиот настан бил пријавен во 22:40 часот, кога 27 годишниот скопјанец П.Ш. прво вербално се пресметувал со 30-годишниот Н.В. од Мирковци, кој потоа му нанел повреда која била фатална за него.

– Повредениот П.Ш бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде им подлегнал на повредите. Во 23.20 часот во с. Ново Село, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.В.(30) од с.Мирковци кој бил осомничен за сторенот дело – велат за Плусинфо од МВР.

Увид на местото на извршила екипа од СВР Скопје, а по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Цеца доаѓа во Македонија: Пејачката најави концерти во овие македонски градови

Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ најави два концерта во Македонија.

Таа летово ќе пее за македонската публика во Охрид и Пробиштип.

По долгата пауза од настапи поради пандемијата, пејачката се враќа на сцената. Во својата агенда на настапи Цеца најави дека летово ќе ја гледаме во Охрид на 14 август и во Пробиштип на 21 август, за време на Денот на рударите.

-Се радувам на дружењето, напиша Ражнатовиќ, која и во минатото беше честа гостинка кај нас.

КОЗИ на КРОВОТ на Нервното Одделение во Струмица!

Она кога си мислиш дека не може да е посмешно во државава кози на кров на болница во Струмица.

Нејасно е дали планираат „самоубиство“ или решиле само да се фотографираат, уште не се знае. Но, важно козите се качени на кровот на Нервното одделение во Струмица – пренесува порталот Струмца денес.