Connect with us

Инфо +

Ако недела е НЕРАБОТЕН ДЕН, германските компании ќе мора ДА ПОДЕЛАТ ОТКАЗИ

Published

on

Доколку се изгласа новиот Предлог-законот за работни односи, односно за забрана за работа во недела 47 проценти од германските компании во земјава изјавиле дека ќе го намалат бројот на вработените за 10%, седум проценти ќе го намалат бројот на вработени за 20%, додека понатамошни седум отсто од анкетираните компании ќе го намалат бројот на вработени за 30%.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена од Делегацијата на германското стопанство помеѓу германските инвеститори во земјава  кои, пред се, работат во автомобилската индустрија и вработуваат повеќе од 20.000 лица во земјата.

Најголемиот дел од овие компании, се наведува, работат во три или четири смени, седум дена во неделата и поради сложените технолошки процеси, компаниите не го прекинуваат производството во текот на целата година.

Доколку се прекине производството во недела, 60 проценти од анкетираните компании одговориле дека ќе доцнат со испораката, а 40 проценти од нив поради доцнењето ќе плаќаат пенали.

На прашањето дали да се одложи овој предлог закон и да се даде време на стопанството да се стабилизира по загубите од пандемијата, дури 36 отсто од компаниите се изјасниле дека две години би биле доволен период да се подготват на новиот начин на работење, додека 64 отсто сметаат дека период од три години им е потребен за стабилизација и долгорочно планирање.

-Прашани дали неработењето на производството во недела ќе предизвика застој на увозот, и со тоа ќе следат поголеми царински и други трошоци за компаниите, дури 74 проценти од анкетираните се изјаснија дека оваа измена би предизвикала зголемени трошоци. 67 проценти од анкетираните компании сметаат дека одлуката за неработење во недела би ја зголемила корупцијата во стопанството. Кај 94 проценти од анкетираните компании, Предлог-законот ќе донесе финансиски загуби, а 80 проценти од испитаниците сметаат дека ќе предизвика зголемување на сивата економија, посочуваат резултатите.

Како најголема конкуренција во однос на реализирање на понатамошни инвестиции, компаниите ги навеле земјите Србија, Мароко, Бугарија и Романија, стои во соопштението од Делегацијата на германското стопанство помеѓу германските инвеститори во земјава.

Инфо +

Сиљановска-Давкова ќе присуствува на одбележувањето на 80. годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во посета на Република Полска, по повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на Освиенцим, близу Краков.

На комеморацијата, што ќе се одржи во Меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау“ на 27-ми јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот најавено е присуството на педесетина државни делегации од целиот свет, предводени од шефови на држави и влади, високи владини претставници, како и претставници на меѓународни организации и преживеани лица од логорот.

Во рамките на комеморативниот настан се предвидени поздравни обраќања и сведоштва на преживеаните, по што ќе бидат прочитани молитви, запалени свеќи и оддадена почит на жртвите на холокаустот.

Во логорот Аушвиц, од страна на германските нацисти се убиени околу 1,1 милион луѓе, а во 1945 година од логорот се ослободени околу седум и пол илјади преживеани затвореници.

За време на престојот во Полска, претседателката ќе го посети Јагелонскиот универзитет во Краков и Лекторатот по македонски јазик при овој Универзитет, каде ќе оствари средба со полски македонисти и слависти.

Continue Reading

Скопје

Со мерцедес се забил во метална канделабра на Илинденска – двајца повредени

Published

on

На 25.01.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Илинден“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(25) од Скопје, удрило во метална канделабра.

Во несреќата, Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатничката Л.Д.(34) од с.Радолишта, струшко, се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Македонија

Малолетници во бессознание завршиле во болница

Published

on

Ноќеска 55 минути после полноќ во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена малолетничка од Гостивар. Според пријавеното, таа претходно консумирала алкохол во дискотека во Гостивар.

Подоцна во 4.35 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен малолетник од Гостивар. Според пријавеното и тој претходно консумирал алкохол во дискотека во Гостивар.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк