Connect with us

Забава

Кој држи задник вреден 27 милиони долари? (Фото)☺️

Published

on

Џенифер Лопез во танга костим за капење го истакна знадникот од 27 милиони долари (фото)

Џенифер Лопез во своите педесетти години важи за една од најжешките пејачки, и во што и да се појави, мами воздишки.

За среќа на целата планета, летото сè уште трае, па бомбастичната Џеј Ло се соблече во костим за капење и ги распамети обожавателите по којзнае кој пат.

Задникот на секс-бомба вреди, односно е осигуран на 27 милиони долари и со години владее опсесија за него, на мажите пак, скоро и да не им досади.

Убавата Џеј Ло овој пат ја истакна своја бујна задница во поза од која го напрчи задникот и ги испружи витките нозе. Фотографијата за брзо време „собра“ близу 2 милиони лајкови.

Очигледно Џенифер ужива на јахта и се опушта во во глетката, а во коментарот што го остави пишува „Јас сакам лето“, истакнувајќи дека фотографијата е спомен од месец јули годинава.

Забава

ВИДЕО: Има среќа во работата, но не во љубовта

Published

on

Фолк „кралицата на бакшишот“ на гости во поткастот кај Антонио Димитриевски: Марија Луиса Тодоровска во „Ништо лично“

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Забава

МАКЕДОНИЈА ИМА ПОБЕДНИК! Филмот Диџеј Ахмет собра награди во Јута (САД), имаме нова победничка генерација

Published

on

Имавме генерација на големи филмски имиња последниве децении предводени од режисерите како Столе Попов, пота следната со Милчо Манчевски, а сега дојде и сегашната генерација, пебедничка генерација, предводена од режисерот Ѓорѓи Унковски.

Филмот во режија на Ѓорѓи М. УнковскиДиџеј Ахмед собра награди на глобално престижниот фестивал Санднес во Јута, САД, зад кој стои големиот актер и продуцент Роберт Ретфорд .

Имено, “Диџеј Ахмет“ освои победнички награди во својата конкуренција и од жири комисијата за кретаивна визија, како и од публиката.

Сместен во оддалеченото јуручко село Коџалија, Македонија, „Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој открива прибежиште во електронската музика како излез од неговата традиционална средина. Филмот е драма со примеси на комедија, приказна за љубовта, пријателството и самооткривањето на еден тинејџер, поставена на динамична заднина во која се судираат традиционалните вредности и модерното време. Снимањето на филмот траело 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и на македонски јазик.

„Диџеј Ахмет“ се снимаше лани во октомври и ноември во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш и во Скопје. 

Сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, снимател Наум Доксевски, монтажер Михал Раих. Продуценти се Иван Унковски и Ивана Шекутковска и линиски продуцент Виктор Павловски.

Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.

Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија. 

Филмот беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм за 2020 година во втор рок на одлучување, а доби поддршка од 160 илјади евра на паневропскиот филмски фонд Еуримаж.

Унковски после 5 години се враќа на Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Неговиот успешен краток филм „Налепница“ во 2020 исто така имаше премиера на Санденс.

https://youtu.be/GHBATVjjLWY?si=WtddBDNTYcPL6jdV

Continue Reading

Забава

Спасен доби неверојатно роденденско изненадување од сопругата

Published

on

И повторно роденденско изненадување од сопругата 😁 ( јас се плашев дека ке ми поклони книга🙄) Heineken, напиша Спасен Силјановски на својот facebook профил.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк