Connect with us

Uncategorized

Јapeцoт дa oчeкyвa пoзитивни oдлyки, Бикoт дa нe плaниpa пpoмeни

ОВЕН

Може да очекувате поволен период во кој ќе успеете да ги решите проблемите кои ве оптоварувале. Искрени сте кон личноста која ви се допаѓа и се надевате дека таа ќе ви возврати. Занимавајте се со спорт.

БИК

Очекувајте дека ќе бидете задоволни од ситуацијата на полето работа. Не планирајте промени. Очекувајте период во кој со саканата личност ќе посакате големи промени и важни промени. Крвотокот е чувствителен.

БЛИЗНАЦИ

Можно е наскоро да имате некоја важна одлука на полето работа. Ве очекува важно потпишување. На полето љубов ве очекува поволен ден да остварите ново познанство кое може да ви значи. Внимавајте на чувствителна кожа.

РАК

Очекувајте дека ќе имате шанса да ја промените работата ако кон тоа сте тежеле до сега. Пред вас е ново познанство кое во вашиот живот може да внесе многу страст и возбудување. Ви годи да јадете повеќе овошје.

ЛАВ

Поведете сметка околу тоа каков впечаток ќе оставите на личноста со која планирате соработка. Се чувствувате некако осамено и потребно ви е да се случи промената на полето љубов. Наклонети сте кон депресија.

ДЕВИЦА

Потрудете се да бидете упорни и истрајни за на работното поле успеете да го остварите она што сте зацртале. Ви се допаѓа личност која покажува дека некако е ладна кон вас. Без проблеми со здравјето.

ВАГА

Пред вас е поволен период за работа во кој може да добиете некоја нова понуда за соработка. Не би требало да имате компликации со емотивниот партнер кој ви е посветен. Ќе ви годи прошетка.

ШКОРПИЈА

Доколку соработувате со странство, потребно ви е да се подготвите да некое чекање и одолговлекување. Немојте да се форсирате кога е во прашање вашето емотивно поле. Бидете подготвени на пречки. Добро се чувствувате.

СТРЕЛЕЦ

Финансиската ситуација би требало да ви биде се подобра и подобра. Судбината ви е наклонета на ова поле. Не ви е лесно отворено да ги покажете чувствата затоа што на некој начин стравувате од одбивање. Чувствителен урогенитален тракт.

ЈАРЕЦ

Очекувајте позитивни одлуки на полето работа. Пред вас е добар период за напредок. Ве очекува добар ден за љубов во кој ќе имате прилика за средба со саканата личност. Добро здравје.

ВОДОЛИЈА

Потрудете се да останете доследни кон работните цели кои сте ги поставиле пред себе во овој период. Ако сте слободни може да очекувате средба со додворувач кој ќе ви покаже дека е упорен. Ви следува опоравување.

РИБИ

Очекувајте поволен ден. Ако сте имале некои работни проблеми, ќе успеете да ги решите сега. Ако сте слободни, пред вас е поволен ден за флерт, но вам и натаму не ви стои почеток на нова врска. Проверувајте го крвниот притисок.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг