Connect with us

Спорт

Уште едно наше златно дете: Ивановски се пласираше во второто коло на Вимблдон

Published

on

Најдобриот млад тенисер на Македонија, Калин Ивановски се пласираше во 2. коло на Вимблдон, откако во првиот меч во јуниорска конкуренција славеше над десеттиот носител, Американецот, Дејли Бланш со 2-0, по сетови 7-5 и 7-6.

Спорт

СКОКНАЛ ОД ТЕРАСА: Познатиот српски голман си го одзеде животот

Published

on

Радиша Илиќ (48), долгогодишниот голман на Партизан и српската репрезентација е пронајден мртов.

Поранешниот српски голман Радиша Илиќ го загуби животот на 48-годишна возраст.

Според Телеграф, Илиќ наводно скокнал од тераса и се самоубил.

Continue Reading

Спорт

Митев: Словенија е поквалитетна, но во Копер одиме на изненадување

Published

on

Македонската ракометна репрезентација одигра одличен прв дел, но потоа попушти и претрпе пораз од Словенија (26-32) во Скопје, во рамките на третото коло од квалификациите за Европското првенство.

Ова е втор неуспех за нашата селекција во овој циклус, но нема време за одмор – веќе во недела следи нов дуел со Словенија, овој пат во Копер.

Младиот среден бек Марко Митев по натпреварот го сподели своето видување:

„Имавме многу квалитетен старт, но во финишот на првото полувреме пропуштивме шест гола предност. Тоа не смее да се случи против селекција која играше полуфинале на ЛОИ. Словенија е поквалитетна, но ќе се подготвиме и во реваншот ќе одиме на изненадување. Ако сакаме победа, мора да ги исправиме денешните грешки и да ја подобриме одбраната.“

Одлуката за пласманот на Европското првенство ќе падне во мај, кога Македонија ќе гостува во Естонија и ќе ја пречека Литванија во клучниот меч.

Continue Reading

Спорт

Ѓорческа по водството, елиминирана од првата носителка на турнирот во Унгарија

Published

on

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана во првото коло на ИТФ W75 турнирот што се игра во унгарскиот град Секешфехервар. Таа и покрај водството од 1-0 во сетови го загуби мечот со 2-1 во сетови (46 61 64) од првата носителка на турнирото Аранча Рус од Холандија за два часа игра. Турнирот се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Лина дојде до водството по добриот почеток на мечот и првиот сет и припадна со 6:4 во гемови, но првата фаворитка на турнирот успеа да изедначи откако вториот сет го доби со 6:1 во гемови. Во решавачкиот сет ривалката имаше предност и на крајот успеа да стигне до победата откако го доби сетот со 6:4 во гемови.

Во текот на следната недела Лина Ѓорческа ја очекува настапот на турнир во словенечкиот град Марибор.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк