Connect with us

Uncategorized

Вагата ќе ги оствари целите, Јарецот да не троши пари

ОВЕН

Ако останете доволно сконцентрирани и посветени на работата, ќе успеете да дотуркате далеку на ова поле. Ви следува зближување со личноста која ви се допаѓа. Поволен ви е денот за почеток на нова врска. Избегнувајте напрегнување денеска.

БИК

Ако бидете претерано пасивни на работното поле, можно е да сте ја пропуштиле својата прилика за напредок. Можно е несвесно да сте го довеле партнерот до заблуда и сега да имате некој проблем со него. Потребен ви е одмор.

БЛИЗНАЦИ

Немојте премногу да се оптоварувате на работата денеска. Можно е работите да не се такви како ви изгледаат. Потрудете се со саканата личност да остварите искрена комуникација и да и покажете разбирање. Добро здравје.

РАК

Пред вас е добра фаза за работа. Може да очекувате остварување на нови договори. Можен е почеток на љубовна врска во која ќе имате длабоки и искрени чувства кон партнерот. Поволен период за опоравување.

ЛАВ

Пред вас е период во кој ќе имате мали компликации на работното поле. Ако превземете иницијатива, ќе успеете да остварите поинтимен однос со личноста која ви се допаѓа. Проблеми со синусите.

ДЕВИЦА

Работата ви оди од рака и задоволни сте од својот учинок. Може да очекувате поволен период на ова поле. Неопходно е да го промените пристапот во комуникацијата со партнерот ако сакате врската да напредува. Наклонети сте кон депресија.

ВАГА

Може да очекувате дека ќе успеете да ги остварите своите цели. Важно е да ги негувате своите амбиции. Потрудете се со саканата личност да дојдете до компромисни решенија во врска со прашањата кои ве мачат. Чувајте се во сообраќај.

ШКОРПИЈА

Константно сте напнати и тоа негативно се одразува на вашето поле работа. Водете сметка околу своите одлуки. Подготвени сте на саканата личност да и покажете дека со неа сакате да градите нешто сериозно во иднина. Потребно ви е повеќе сон.

СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате дека денеска ќе имате прилика да правите некои нови одлуки на полето работа. Сонувате за личност која ви се допаѓа, но чувствувате дека не сте подготвени да го направите првиот чекор. Можна главоболка.

ЈАРЕЦ

Немојте многу да трошите пари во следниот период затоа што би можеле да имате некои финансиски проблеми. Се двоумите по прашање на новите одлуки на љубовното поле. Партнерот ви влева недоверба. Чувствителен нервен систем.

ВОДОЛИЈА

Пред вас е период во кој ќе бидете посветени на своите обврски и амбиции. Случајно ќе остварите познанство со личноста која на долги патеки може да ви биде многу важна. Вкочанетост во вратот.

РИБИ

Очекувајте дека ќе бидете задоволни кога е во прашање вашата работа денеска. Можно е саканата личност да покажува дека не е подботвена да прави големи планови за иднина со вас. Мали проблеми со циркулацијата.

Uncategorized

Мерц предлага контроверзно решение: Замрзнатите руски средства можат да се употребат

На својот годишен говор пред Бундестагот, канцеларот Фридрих Мерц во средата не донесе добри вести за Германија. Според него, светот се наоѓа во „нова ера“ на длабоки геополитички превирања. Релациите со САД се фундаментално променети, Украина продолжува да страда под агресорска војна спротивна на меѓународното право, а германската економија е под притисок од трговски конфликти и „минати пропусти“ на домашен терен.

„Многу работи што порано беа извесни, веќе не се“, изјави Мерц, предупредувајќи дека глобалниот поредок е заменет со неред. „Германија не може да стои на страна и да гледа како светот се реорганизира. Не сме пиони на големите сили“, додаде тој, повикувајќи на активна улога на земјата во меѓународните случувања.

Фокусот на Мерц е јасен: Германија треба да биде двигател во барањето „праведен мир“ во Украина. По иницијатива на канцеларот, минатиот викенд и во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со преговарачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Берлин, за координации околу мировниот план.

„Во изминатите денови и часови, повеќе дипломатија од она што се случи во Берлин едноставно не е можно“, порача Мерц. Тој истакна дека Германија не само што снабдува оружје на Украина, туку ѝ дава и шанса на дипломатијата да успее.

Претстојниот самит на ЕУ во Брисел ќе биде следната голема сцена на европската политика. Мерц вели дека Германија, заедно со партнерите, треба да испрати јасен сигнал до Москва: замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се искористат за финансирање на брзо завршување на војната, преку реконструкција на Украина и набавка на современо оружје.

Мнозинството од 27-те влади на ЕУ се за планот, кој предвидува издавање на обврзници од околу 90 милијарди евра, обезбедени со замрзнатите руски средства. Русија веќе реагираше со правни мерки против ваквиот потег, но шансите за одлука во Брисел се околу 50-50, оцени Мерц.

Со овој говор, канцеларот испрати силна порака: во време на глобална нестабилност, Германија мора да дејствува – или да ризикува да остане зад светските случувања.

Целата вест можете да ја прочитате на: Мерц се залага за користење на замрзнатите руски средства – DW – 18.12.2025

Continue Reading

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг