Со солзи во очите: Плата немаме земено три месеци, а сега газдата не избрка на улица !!!

Наместо зад машина Ленче Милановска денес е надвор. Таа и петнаестина нејзини колешки не можат да се вратат на работа иако им заврши тримесечниот принуден одмор. Вчера им било кажано дека седиштето на фирмата не е повеќе во зградата каде работеле, а тие не се добредојдени.

Без плата немаат ни здравствено осигурување, па се доведени до состојба на апсурд и очај. Сопругот на Силвана Димитрова, треба да се оперира, ама сега нема осигурување.

Исплашени дека ќе им се повтори „Баргала“ кога 100 работници добија отказ оти три дена не се јавиле на работа.

Случајот со „Алкон-текс“ стана актуелен пред месец и половина кога педесетина работнички протестираа затоа што не ги повикаа на работа, бидејќи не потпишале документ дека се префрлаат во друга фирма зад која неофицијално стојат истите сопственици. 

„Од раководството молк, но молк и од институциите што треба да утврдат дали има криминал во префрлањето на капиталот од една во друга фирма“ 

Да се оставаат работниците на цедило и да се избегнуваат обврските кон нив и државата по принципот „Затвори-отвори“ фирма, од преседан може да стане пракса затоа е потребно да се вклучат сите надлежни институции, сметаат од „Гласен текстилец“.  

Од „Гласен текстилец“ велат дека иако е отворена предстечајна постапка за фирмата, до вчера нејзиното седиште во Централниот регистар е непроменето и се наоѓа на истата адреса.

Прилог на 24 телевизија:

YouTube video player