Connect with us

Инфо +

Прилепчани вчера пливаа по силното невреме (Фото + Видео)

По само неколку минути, улиците се преполнија со вода , а силниот дожд предизвика поплавување во пониските делови од градот.

Краток пороен дожд беше доволен да го поплави реконструираниот дел од булеварот “Гоце Делчев” во центарот на Прилеп, проект кој чинеше близу 1 милион евра.

Сеуште не е познато дали невремето предизвикало штета и на земјоделските култури во околните места.

Балкан

Запалена новогодишна декорација пред Градската куќа во Нови Сад (ВИДЕО)

Непознат маж вчера навечер запалил дел од новогодишната декорација поставена пред Градската куќа во Нови Сад.

Според достапните информации, сторителот пристигнал со велосипед и околу 4:14 часот подметнал оган на еден од осветлените вагони, кои се дел од декоративниот воз поставен на плоштадот.

Полицијата веднаш реагирала и започнала истрага за настанот, при што се преземаат мерки за идентификување и пронаоѓање на лицето кое го предизвикало пожарот.

Видеото може да го погледнете на Скопје1

Continue Reading

Свет

Орбан предупредува: Украина падне ли, Унгарија ризикува катастрофа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека евентуален колапс на Украина би имал сериозни и негативни последици за Унгарија, нагласувајќи дека Будимпешта има силен интерес да спречи такво сценарио. Пораката ја испрати за време на говор во Сегед, во рамки на неговата предизборна турнеја, пренесува Euronews.

„Не треба да се залажуваме – падот на Украина би бил катастрофа за Унгарија. Тоа не е во наш интерес и мора да направиме сè што можеме за да не се случи“, порача Орбан пред своите поддржувачи, ставајќи акцент на надворешната политика.

Својот став тој го илустрираше со споредба од секојдневниот живот, посочувајќи дека вредноста и стабилноста на една држава, како и кај земјиштето, не зависат само од нејзината состојба, туку и од состојбата на соседите и од тоа кој живее таму.

Орбан истакна дека Украина во голема мера зависи од Унгарија во енергетскиот сектор, наведувајќи дека 44 отсто од електричната енергија и 56 отсто од природниот гас што ги користи доаѓаат преку Унгарија, при што значителен дел од тие ресурси имаат руско потекло. Овие податоци унгарските власти ги користат и како аргумент против критиките за блиските односи со Русија.

Говорејќи за војната, Орбан повтори контроверзен став, оценувајќи дека е „тешко да се каже кој кого нападнал“, што е во спротивност со доминантниот меѓународен став за руската инвазија врз Украина. Тој, исто така, оцени дека испраќањето воена помош за Киев само го продолжува конфликтот и, според него, не придонесува за интересите на Украина.

Continue Reading

Свет

Убиен висок руски офицер: Безбедносните служби на терен

Смртта на генералoт Фанил Сарваров во Москва претставува „ужасно и брутално убиство“, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека руските безбедносни служби ќе преземат сè што е неопходно во рамки на истрагата за случајот, пренесува РИА Новости.

Според Руски истражен комитет, Сарваров, кој бил началник на одделот за оперативна обука на Генералштабот на руските вооружени сили, бил тешко повреден кога експлозивна направа поставена под неговиот автомобил детонирала порано денес во Москва. Генералот им подлегнал на повредите на пат кон болница.

Во исто време, Песков ги отфрли тврдењата дека Русија наводно планира обнова на сферите на влијание на поранешниот Советски Сојуз. Тој реагираше на извештај на Ројтерс, кој се повикува на американски разузнавачки извори и тврди дека рускиот претседател Владимир Путин има планови за проширување на руското влијание во Источна Европа.

„Не знаеме колку се веродостојни тие информации. Дури и ако постојат такви извештаи, станува збор за погрешни претпоставки и заклучоци на разузнавачки служби. Тоа апсолутно не е точно“, изјави Песков.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг