Connect with us

Македонија

После 6 години, 1200 ученици од Прилеп повторно го формираа македонското знаме

Published

on

1200 ученици од прилепските основни училишта денеска по повод Денот на народното востание – 11-ти Октомври, го формираа знамето на Република Македонија.

Една прекрасна традиција која оваа година се возобновува после 6 години. Во продолжение погледнете го дрон видеото од овој величенствен настан:

Видео: https://youtu.be/ZFCfEk9ldQU

Македонија

ДУИ: „Охридско лето“ без албанска култура – уште едно сведоштво за системско исклучување

Published

on

Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одвива без никакво присуство на албанската култура во официјалната програма. Во држава каде што Албанците претставуваат значаен дел од населението и културниот живот, целосното исклучување на секој албански елемент од еден национален фестивал е неприфатливо и загрижувачко.

Официјалната програма на „Охридско лето“ вклучува концерти, театарски претстави и специјални вечери посветени на европските култури, но нема ниту една музичка, театарска или изложбена активност која го претставува богатото албанско културно наследство. Овој културен молк е сам по себе порака за исклучување и доказ дека односот кон албанската култура во државните институции е маргинализирачки, а не претставнички.

Иронично, фестивалот беше отворен во присуство на претседателот на Република Албанија, г. Бајрам Беџаj, но тоа не беше доволно за организаторите да размислат за вклучување на албанскиот јазик и култура во програмата. Не само што нема присуство на албански уметници, туку целосно недостасуваат точки кои би ја отсликале албанската идентичност, традиција и современа уметничка креација во Северна Македонија.

Албанската култура е и треба да биде природен дел од секој национален културен настан. Нејзиниот изостанок од ваков настан не е само организациско прашање, туку показател за исклучувачка политика која се продлабочува во институционалниот систем на културата.

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради ваквиот исклучувачки пристап и повикува одговорните институции да дадат објаснувања за ова целосно занемарување. Владата, Министерството за култура и раководството на фестивалот мора да сносат одговорност за недостигот на претставеност на еден од клучните заедници во државата, не само во јазикот, туку и во духот, уметноста и идентитетот.

ДУИ ќе продолжи да го штити културниот диверзитет и, во тој контекст, достоинственото претставување на албанската култура на сите институционални нивоа, со увереност дека културата не исклучува, туку е столб на соживотот и општествениот развој, стои во соопштението на Демократската унија за интеграција.

Continue Reading

Македонија

Приведени тројца возачи, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди

Published

on

На 13.07.2025 во 05.30 часот во с.Јосифово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишија од слобода Т.Ј.(52) од с.Удово, валандовско. Околу 04.20 часот на регионалниот пат Р-1105, кај с.Јосифово, валандовско, управувајќи патничко возило „опел корса“ со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, по што се оддалечил од возилото, кое целосно изгорело. Во несреќата, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово, а при проверка било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,19 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово.

На 14.07.2025 во 07.00 часот на магистрален пат А2 во село Гиновци, општина Ранковце, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода М.Ц. (38) од Радишани, скопско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мазда“, кое го управувал М.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.13 промили алкохол во крвта.

На 13.07.2025 во 07.50 часот на регионалниот пат Делчево-Берово, во с.Смојмирово, беровско, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода А.Н.(30) од с.Црник, пехчевско. При вршење увид по претходно случена сообраќајна незгода, полициските службеници констатирале дека А.Н. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил приведен и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настаните, против тројцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Continue Reading

Македонија

Пет активни пожари низ земјава – најмногу зафатена е дабовата шума кај Македонски Брод

Published

on

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утринава објави извештај за состојбата со пожарите на отворен простор, заклучно со 07:00 часот на 14 јули 2025 година.

Според податоците, во моментов се активни пет пожари, додека 19 се целосно изгаснати, а нема пожари под контрола.

Активни пожари се пријавени на следните локации:

Општина Дојран, село Николич – гори нискостеблеста шума.

Општина Чучер Сандево, село Горњани – исто така зафатена нискостеблеста шума.

Општина Велес, во близина на селата Џидимирци и Крушје – зафатена мешана шума.

Општина Македонски Брод, меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина – опожарена дабова шума, грмушки и ниска вегетација.

Општина Прилеп, населба Три Багреми – гори ниска вегетација.

ЦУК апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни, да не палат оган на отворено и веднаш да пријават било каков сомнителен чад или оган.
Службите се постојано на терен и се преземаат мерки за локализирање и гаснење на пожарите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг