Трифонов им ветува на Бугарите: Ќе испратам „северномакедонски“ астронаут во Вселената

Бугарскиот лидер на Има таков народ, Слави Трифонов, чија партија е во тесна трка по освоените гласови со партијата на Бојко Борисов на парламентарните избори во Бугаирија, на народот му вери изградба на градинки, патишта, болници, а исто така посочи дека голема желба му е во Вселената да испрати еден бугарски и еден „северномакедонски“ астронаут, објави бугарскиот портал Факти.

– Ќе направам сè што е возможно за да испратам маж и жена во вселената и тие да бидат првите бугарски астронаути во НАСА. Ќе направам сè што е возможно кон нив да се присоедини и еден северномакедонски астронаут. За да не се гледаме надолу во Земјата, од срам, туку да почнеме да гледаме нагоре кон ѕвездите – рече Трифонов.

Тој додаде дека неговата партија нема да прави коалиција со никого, бидејќи, како што рече, самиот збор коалиција веќе имал лоша перцепција во јавноста.

Трифонов најави дека ќе предложи кандидати за состав на Влада, но во Собранието нема да бара поддршка од останатите партии, туку останува на нивната волја дали ќе го поддржат или нема да го поддржат.

За да не се гледаме надолу во Земјата, од срам, туку да почнеме да гледаме нагоре кон ѕвездите – рече Трифонов.