Connect with us

Забава

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Недела е турбулентен ден, бура од емоции

Published

on

Саботата на 17 јули ќе биде интересна кога станува збор за астролошкото влијание. Месечината во вага е во секстил со Марс во лав и во утринските часови и ни носи храброст, волја, снаодливост и силна енергија да одиме напред. Ако во сабота морате да завршите нешто, тогаш тоа направете го наутро. Фокусирајте се на тоа во комуникацијата исклучиво да се служите во вистината  да се трудите да изградите хармонични односи со другите околу вас.

Сабота можеби почнува одлично, но носи проблеми. Месечината е во својата полуфаза, а и создава квадрат во Плутон со јарец и пред нас се предизвици во односите со блиските луѓе. Можно е да се соочиме со чувство на внатрешно незадоволство и пасивност, а нашите инстинкти да не бидат толку силни.

Недела е турбулентен ден во кој се мешаат енергиите и емоциите. Тригонот на Месечината и Меркур прави нашата интелигенција да дојде до израз, а ќе бидеме отворени и за нови работи. Но, поради опозицијата на Месечината и Уран можеме да бидеме уплашени, ограничени, ексцентрични и своеглави. Ова е период кој е посебно предизвикувачки за љубовта бидејќи доаѓа до интензивни емоции и лоша комуникација, па треба да сме внимателни.

Забава

Легендарните К-15 се враќаат на екраните!

Published

on

Легендарното хумористично ТВ шоу К-15 составено од триото Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров се враќа на екраните наскоро.

По повод 30 години од нивното емитување, оваа информација денес на Инстаграм ја сподели Бранко Огњановски попознат како Миле Паника, а повеќе детали најави наскоро.

Continue Reading

Забава

Панчо од ДНК ја отфрли номинацијата за „Маж на годината“: „Јас живеам во Македонија, не во Северна“

Published

on

Музичарот Владимир Блажев, познат како Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за Маж на годината. Тој се најде помеѓу номинираните јавни личности на официјалната страница на изборот, заедно со Никола Ристановски, Боби Милевски, Стојанче Ангелов, Стефан Лазаров, Сашко Кедев, Петар Георгиевски – Камиказа и други.

Како што појаснува на својот официјален профил, Панчо не ни знаел дека бил номиниран за наградата, а се откажувал од номинацијата и учеството поради три причини.

– Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за маж на годината на ,,Северна Македонија” .

Прво и најбитно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во ,,северна” туку во МАКЕДОНИЈА и со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството!

Второ е тоа што мислам дека не сум заслужил да се најдам помеѓу сите овие номинирани величини, и трето дека сте ми ја утнале категоријата бидејќи сум висок, тоест низок – 168 см. и треба да спаѓам во категорија „МАЖИЊА“ – објави музичарот.

Continue Reading

Забава

40 години Меморија, концерт за сеќавање!

Published

on

Членовите на „Меморија“ синоќа во исполнетата сала „Борис Трајковски“ во Скопје одржаа коцерт за паметење. Македонија покажа дека има музика, рече во еден момент лидерот на групата Петар Георгиевски-Камиказа. „Нема меморија на македонската популарна музика без групата Меморија“, рече синоќа во видео порака нашиот меѓународно признат пијанист, маестро Симон Трпчески. Перо Камиказа, заедно со Сашо Ангелов Сале, повратникот Давор Јордановски, новиот член гитаристот Рубин Димкоски, пејачите Апосотол Икономов Поце и Ристо Самарџиев, уште еднаш напрвија вистински подвиг – и македонските музичари полнат сали и привлекуваат публика.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк