Connect with us

Инфо +

Страшни и нeзапаметени поплави во Кина! Попуштија неколку брани, 12 лица се починати (Видео)

Централните делови на Кина се погодени од поплави по обилните врнежи, за кои метеоролозите посочуваат дека се најсилни во последните илјада години. Во Луојанг, град со седум милиони жители, се заканува бранење на брана, поради што беше ангажирана армијата.

Кинеската агенција Синхуа објави дека досега се евакуирани 100.000 луѓе од градот.

Поплавите го оштетија и храмот Шаолин, познат по воените вештини на будистичките монаси.

Бројни поаѓања на возови низ Хенан се откажани, некои автопати се затворени, а летовите се прекинати или одложени.

Од саботата навечер до вторникот попладне паднаа 617,1 милиметар дожд на метар квадратен, што е скоро на нивото на годишниот просек од 640,8 милиметри.

Во Женгжу, град со над 12 милиони жители сместен на бреговите на реката Јанг це, 12 луѓе смртно настрадаа во поплава на подземната железница додека 500 луѓе се спасени, објавија локалните власти.

Браната се заканува дека ќе биде попушти, армијата е ангажирана.

Кинеската војска во вторникот предупреди на непосредната опасност од пукање на браната Jихетан во Луојанг.

Армијата соопшти дека на браната се појавила пукнатина од 20 метри, која дозволува продирање на вода од Жолтата река.

„Браната може да попушти во секој момент“, предупреди војската.

Ангажирани се околу 20.000 припадници на армијата и полицијата да се обидат да спречат нови поплави.

Свет

Путин за средбата со американските претставници

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека состанокот со американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер бил „многу корисен“, нагласувајќи дека разговорите се надоврзуваат на предлозите кои претходно ги дискутирал со претседателот Доналд Трамп на средбата во Алјаска, пренесе РИА.

Според Путин, разговорите се одолговлекле бидејќи Виткоф инсистирал детално да ги разгледа речиси сите точки од американскиот предлог за кој биле задолжени претставниците на Вашингтон.

Тој додаде дека во процесот за украинско мировно решение е важно да бидат вклучени европските земји, но истакна дека нивната улога треба да остане ограничена и да не се претвори во мешање во самите преговори.

Continue Reading

Свет

Неочекувана зимска прогноза: Дали конечно ќе падне снег или нè чека најтоплата зима досега?

Сезонските модели на Severe Weather Europe укажуваат дека претстојната зима во Европа ќе биде поблага од вообичаеното, со температури од нормални до надпросечни во првата половина на декември, под влијание на западни и југозападни воздушни струења. Овој распоред ја блокира навремата пенетрација на студен воздух од север.

Според просечната снежна прогноза на ECMWF за периодот декември–јануари–февруари, најголемиот дел од континентот ќе има помалку снег од вообичаеното. Снежните врнежи се повлекуваат кон подалечните северни области, иако во некои централни и западни региони има минимални подобрувања споредено со прогнозите од претходниот месец. Новите податоци покажуваат и нешто повеќе снег во делови од Велика Британија и Ирска.

Декември

За декември се очекуваат негативни аномалии во снежните врнежи низ Европа, освен на далечниот север. Изненадувачки е што и повисоките планински региони ќе добијат помалку снег, што укажува дека главниот проблем е недостигот на врнежи, а не високите температури.

Јануари

Во јануари не се предвидуваат значајни подобрувања. Моделите покажуваат помалку снежни врнежи за најголемиот дел од континентот, освен некои југоисточни региони и северните делови каде се очекува локално зголемување на снежниот покривач.

Февруари

Февруарската прогноза покажува мал, но сепак видлив напредок во однос на јануари. Иако врнежите остануваат под просекот, тоа не значи дека снег нема да има — туку дека неговите количини ќе бидат пониски од вообичаено, со изолирани, краткотрајни снежни епизоди.

UKMO, долгорочниот модел на британската метеоролошка служба, дава слична слика. Според нивните анализи, Европа влегува во зима со подпросечни снежни врнежи, освен на крајниот север. Иако традиционално UKMO е помалку оптимистичен во однос на снегот, најновите податоци покажуваат подобра состојба во споредба со минатомесечните прогнози, што делумно се поврзува со актуелното стратосферско затоплување.

Severe Weather Europe ја базира својата долгорочна анализа на два водечки системи — ECMWF и UKMO, кои се меѓу најпрецизните глобални модели за метеоролошко прогнозирање.

Continue Reading

Балкан

Србија подготвена за сите сценарија – Дали ќе дојде до енергеткса криза

Извршниот директор на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, изјави дека земјата е целосно подготвена да избегне гасна криза, дури и ако до утре не се постигне договор со Русија. Тој нагласи дека очекува позитивен исход од разговорите, но дека постои и алтернативно решение.

Бајатовиќ посочи дека „Србијагас“ располага со значителни резерви и дека, доколку е потребно, гас може да се набави од трговци на меѓународниот пазар. „Имаме опција А – договор со Русија, кој мислам дека ќе се реализира. Но постои и опција Б, купување гас од трговци. Ова може да се компензира затоа што залихите ни се огромни,“ изјави тој за ТВ Прва.

Дополнително, како трета мерка, Бајатовиќ најави дека со замена на одредени енергетски извори во Белград, особено со премин од гас на мазут, може да се заштедат околу три милиони кубни метри гас дневно.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно соопшти дека доколку договор со Русија не биде постигнат до петок, од понеделник ќе започнат преговори за купување гас од други добавувачи. Според него, државата има подготвен одговор и нема да дозволи енергетска нестабилност.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг