Европа
Британија пред koлапc: Mилиони во изолациja, нема кој да работи – маркетите празни (Фото+Видео)
Празните полици во британските супермаркети поради масовната самоизолација на работниците предизвикаа загриженост низ целата земја, а сопствениците на продавници ги повикуваат министрите да преземат итни мерки.

Имено, во Англија се одржа „Денот на слободата“, односно укинување на скоро сите ограничувања поврзани со пандемијата на коронавирусите, но истовремено расте и бројот на новозаболени и се создава хаос поради апликацијата за самоизолација.
Институтот за јавно здравје ги информира луѓето дека треба да одат во самоизолација со кратка порака – пинг – преку апликација за паметен телефон. Во понеделникот имаше пинг-пинг низ целата земја, така што компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила, а тука спаѓаат и супермаркетите чии полици беа брзо испразнети поради пaнгдемијата.

Сопственикот на трговскиот ланец Исланд предупреди дека им се заканува колапс поради недостиг на намирници затоа што скоро 1.000 нивни вработени, речиси секој четврти од нив, останаал дома во самоизолација.
Дејли Меил цитира бројка од 1,7 милиони Британци кои во моментов се во самоизолација, а всушност, малкумина се навистина болни.
Sainybury’s, Tesco, Lidl и други ланци пријавуваат празни полици поради недостиг на персонал. Главно недостасува замрзната храна, свежо месо, млечни производи како сирење, пица, овошје и спакувани салати и месо. Додека граѓаните се борат со топлотниот бран, во складиштата на Теско веќе нема вода во шишиња.

Дополнителен проблем се возачите во самоизолација бидејќи нема кој да доставува намирници, а многу возачи се вратија во Европската унија по Брегзит.
Здружението за патен сообраќај проценува дека 100.000 возачи на камиони се водат за исчезнати во Велика Британија, а илјадници идни возачи доцнат на тестирање поради проблем предизвикан од пандемијата на коронавирусите.
Сопственикот на Исланд, Ричард Вокер истакнува дека биле принудени да ангажираат 2.000 привремени работници за да може неговата продавница да работи без проблеми.
– Требаше да затвориме две продавници и да го скратиме работното време во други. Иронијата е што сите продавници ги имавме отворено цело време на пандемијата, а нашите вработени не се помалку херои од другите на линијата на одбраната од вирусот. Апсолутно нема потреба од панично купување. Оние кои треба да паничат седат во британската влада, рече Вокер.
Во меѓувреме, владата составува список на вработени кои би биле исклучени од апликацијата, 48 часа откако Даунинг стрит објави дека нема да има исклучоци.
Ричард Вокер повика на итно решавање на проблемот од министерот Борис Џонсон.
– Принудени сме да ја ограничуваме нашата услуга, но не поради вирусот, туку поради системот што го создадовме поради вирусот. Потребен ни е список на неопходни вработени од Владата што ќе вклучува вработени во малопродажба и возачи, невидените херои кои ја движат нашата економија, вели Вокер.
Телеграф пишува дека на бензинската станица снемува горивото поради апликација која се заканува да запре делови од економијата. Даунинг стрит известува дека младите кои добиле пинг ден пред венчавката треба да ја откажат прославата.
Борис Џонсон, кој исто така се наоѓа во самоизолација, ги повика граѓаните од да ги следат правилата до 16 август кога Велика Британија ќе се префрли на систем различен од тој системот за самоизолација на контакт.
– Мора да запомниме дека изолацијата е витална алатка во борбата против болестите, рече тој.
You may like
-
Какви работници бараат во Германија?
-
Шаленберг: Или уставни измени или изолација – Мицкоски: Датум за следни избори
-
Германија ГО УСВОИ НОВИОТ ЗАКОН ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ – КАРТА ЗА ШАНСА
-
Маж пронашол змија во брокулата што ја купил во продавница
-
Нашите работници се иселуваат, додека Владата ДО СЕГА УВЕЗЕ 3.000 СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ
-
Германија реши: СЕКОЈ ШТО МОЖЕ ДА РАБОТИ – МОРА ДА РАБОТИ, во спротивно ќе биде казнет
Европа
Федерика Могерини се повлече од ректорската функција
Поранешната висока претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, поднесе оставка од функцијата ректор на Колеџот на Европа, соопштувајќи ја својата одлука по состанокот на Извршниот одбор на институцијата.
Во својата изјава, Могерини нагласи дека нејзиниот потег е направен „во согласност со највисоките стандарди на строгост и праведност со кои отсекогаш ги извршував моите должности“, инсистирајќи на интегритетот на нејзината одлука.
Оваа објава доаѓа во чувствителен момент, само еден ден откако високиот функционер на ЕУ, Стефано Санино, најави пензионирање на крајот на декември. Санино, кој во моментов е директор на Генералниот директорат на Европската комисија за Блискиот Исток, Северна Африка и Заливот, исто така е спомнат како осомничен во контекст кој не е прецизиран во соопштението.
Засега не се дадени дополнителни детали околу причините за оставката на Могерини или за поврзаноста со пензионирањето на Санино, што остава простор за шпекулации во бриселските кругови.
Европа
Унгарија најавува тужба против ЕУ поради ограничувањата за рускиот гас, додека Словачка го ревидира својот став
Владата на Унгарија официјално објави дека ќе ја оспори одлуката на Европската Унија (ЕУ) за постепено укинување на увозот на руска енергија до 2027 година пред Европскиот суд на правдата (ЕСП). Будимпешта овој потег на Брисел го нарекува „бриселски диктат“ кој сериозно ја загрозува националната енергетска безбедност.
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на брифинг истакна дека одлуката за одвојување од руската нафта и гас е „невозможна“ за Унгарија да ја прифати и спроведе.
„Прифаќањето и спроведувањето на оваа одлука од Брисел е невозможно за Унгарија“, изјави Сијарто.
Според министерот, ембаргото го прекршува основачкиот документ на ЕУ и претставува казнена мерка маскирана како трговска политика. Сијарто најави дека Унгарија формално ќе го упати прашањето до највисокиот суд на ЕУ веднаш откако одлуката ќе биде финализирана во Брисел, предупредувајќи дека спроведувањето би го загрозило снабдувањето со енергија и би предизвикало стрмни зголемувања на цените.
Унгарија не е единствената членка со резерви. Словачка, која исто така е во голема мера зависна од рускиот увоз, сè уште анализира дали да се приклучи на правниот предизвик.
Словачкиот премиер Роберт Фицо нареди итна ревизија од страна на министрите за економија, надворешни работи и правда, за да се утврди дали Европската комисија ги исполнила претходно ветените гаранции.
Оспорената одлука на ЕУ, усвоена со квалификувано мнозинство (механизам што го заобиколи правото на вето на Унгарија и Словачка), предвидува забрана на увозот на руски гас од цевковод и течен природен гас (LNG) до крајот на 2027 година, со постепено укинување кое започнува од април 2026 година за LNG и јуни 2026 година за гас од цевковод.
Додека Брисел инсистира дека ембаргото е неопходен чекор за прекинување на енергетската зависност од Москва, поддржувачите го истакнуваат значајниот напредок во диверзификацијата на енергијата.
Сепак, за Будимпешта и Братислава, времето и содржината на забраната носат сериозни ризици. Унгарија, која поголемиот дел од фосилните горива ги добива преку цевководите „Дружба“ и „Јужен тек“, тврди дека не постои реална алтернативна понуда што би ја заштитила нејзината енергетска стабилност.
Министерот Сијарто потврди дека правните подготовки се веќе во тек и дека Будимпешта се консултирала со Братислава за координирање на заедничкиот предизвик.
Засега, Словачка останува неодлучна, наведувајќи дека одлуката за судска постапка зависи од проценката дали ветувањата на Европската комисија за заштита од недостиг на енергија и ценовни скокови се целосно исполнети.
Европа
Драматичен пад на владејачката коалиција: Инса-анкета открива сериозен пресврт во германската политика
Најновата анкета на INSA спроведена за „Билд“ (BILD), со 2002 испитаници во периодот од 28 ноември до 1 декември 2025 година, открива длабоки и драматични промени во распоредот на политичките сили во Германија. Резултатите покажуваат значителен пад на поддршката за партиите од актуелната владејачка коалиција, додека опозициската, национал-конзервативна партија Алтернатива за Германија (AfD), се искачува на историски високо второ место.
Актуелната владејачка коалиција, составена од Социјалдемократската партија (SPD), Зелените (GRÜNE) и Слободната демократска партија (FDP), бележи заеднички резултат кој е значително понизок од оној што би бил потребен за формирање влада.
-
Социјалдемократска партија (SPD, S&D), централно-лева партија која го предводи кабинетот, добива 14.5% од гласовите во анкетата. Ова претставува пад од 1.9 процентни поени во однос на претходниот изборен резултат (16.4%).
-
Зелени (GRÜNE, Greens/EFA), централно-левата еколошка партија, добива 11.0%, што е за 0.6 процентни поени помалку од нивниот изборен резултат (11.6%).
-
Слободна демократска партија (FDP, RE), либералната партија, се соочува со најголем предизвик, со само 3.5% поддршка, што е далеку под прагот од 5% потребен за влез во Бундестагот (4.3% на претходните избори). Оваа бројка е особено загрижувачка за партијата која е традиционален коалициски партнер.
Вкупниот пад на владејачките партии укажува на големо незадоволство меѓу гласачите од моменталната политика.
На спротивната страна од политичкиот спектар, двете најголеми опозициски партии ги зацврстуваат своите позиции, најавувајќи можна нова политичка ера.
-
Христијанско-демократската унија/Христијанско-социјалната унија (CDU/CSU, EPP), традиционалната конзервативно-централна сила, останува на првото место со 24.5% поддршка. Сепак, тие бележат благ пад од 4.0 процентни поени во однос на нивниот изборен резултат од 28.5%.
-
Алтернатива за Германија (AfD, ESN), крајно-десничарската, национал-конзервативна и евроскептична партија, постигнува историски најдобар резултат во анкетите со 27.0% поддршка, што е значаен скок од 6.2 процентни поени во однос на претходниот изборен резултат од 20.8%. Со ова, AfD е втора најсилна партија, надминувајќи ги традиционално силните SPD и Унијата.
Резултатите се интересни и на левиот дел од политичката сцена, каде се појавува нов играч, формиран како отцепено крило од традиционалната левица.
-
Левица (LINKE, LEFT), демократската социјалистичка партија, добива 10.5% поддршка, што е значајно подобрување од нивниот претходен изборен резултат од 8.8%.
-
Сојуз Сара Вагенкнехт (BSW, NI), новоформираната партија, опишана како лево-конзервативна со популистички тенденции, добива 4.0% поддршка. Оваа партија, формирана од поранешни членови на Левицата, е на работ на влегување во парламентот (5.0% на претходните избори), но нејзиното појавување очигледно влијае на традиционалната левица.
-
Оваа анкета, со индекс на демократски либерализам (V-Dem LibDem Index) од 0.79, сигнализира длабока криза на доверба во владејачкиот блок. Подемот на AfD до втората позиција, како и зголемената поддршка за Левицата (LINKE), сугерираат дека голем дел од гласачите бараат радикални алтернативи надвор од политичкиот центар.
Падот на FDP под прагот од 5% ја доведува во прашање одржливоста на актуелната коалиција и ја отвора вратата за разгледување на алтернативни владини комбинации по следните избори, кои се очекуваат до 2029 година.
Трендинг
-
Република3 days agoТЕТОВО ВО НОВO-ОБJАВЕНИ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА
-
Технологија6 days agoНа ChatGPT и требаат 200 милијарди долари да продолжи со операциите
-
Црна Хроника6 days agoПолициска акција во Скопје – МВР со детали
-
Република4 days agoУтре големи прекини на струја во Тетово и тетовско
-
Црна Хроника2 days agoПолициска акција: Уаспени Украинки во Горно Седларце – МВР со детали
-
Црна Хроника5 days agoСкандал во клиничкиот центар Тетово: Полицијата го истражува случајот
-
Магазин3 days agoРазрешена вековната дилема: Научниците конечно потврдија каде е погребан Филип Втори Македонски
-
Технологија6 days agoЕве што најмногу ја троши батеријата на вашиот телефон















