Connect with us

Uncategorized

Порано од тутун се правеа куќи и опстојувавме осум деца, сега се’ запоставуваш и на крајот ништо

„Кој не садел тутун и не ја почувствувал горчината на „туткалот“ замешан во залакот сув леб, набрзина каснат помеѓу бербата на две „ракатки“ тутун, не знае што е мака. Времињата се сменија, но големата тутунарска мака си остана, оти не е соодветно вреднувана“. Вака ја започнува својата приказна, 60-годишниот прилепчанец Пецо Јандрески, кој целиот свој живот е тутунопроизводител. Крајно е разочаран од актуелното обезвреднување на трудот на македонскиот земјоделец, па со видна носталгија се присетува на старите добри времиња, кога од тутунопроизводството добро се живеело.

  „Порано, од тутун се правеле и куќи, и свадби, и мебел се купувало, се. Како дете, татко ми, на пример беше арабаџија и од тутун живеевме, осум деца. Опстанувавме. Имало и аванси давале, сега ништо…“, вели Пецо Јандрески.

    Јандрески е корисник на инвалидска пензија од само 10.000 денари. Вели, мора да го работи тутунот, за да му помогне на синот од кого има и две мали внучиња. „Најмногу ми е жал што од оваа мака никој од семејството не може да биде поштеден, дури ни најмалите. Се’ му е подредено нему“, објаснува нашиот домаќин.

  „Се’ запоставуваш, и деца, и куќа за тутунот. И на крајот кога ќе земеш – една плата што земаат директорите, тие министрите…цела година, кога ќе ги поделиш, за 500-600 евра на човек, а работиш – најмалку три месеци се бери, уште три да го прибереш, шест месеци. За шест месеци да земеш 3.000 – 5.000 евра, не е ништо кога ќе ги поделиш…“, – констатира Јандрески.

  Ова семејство кое некогаш садело и по 14 декари тутун, сега површините ги намалило на само три декари, заради катастрофалните откупни цени, заради ненавременото исплаќање на субвенциите и на другите видови помош, заради тоа што животот на вересија им станал секојдневие, иако тутунот го обработуваат на традиционален начин, за да заштедат.

  „Двеста денари „двојката“ не е исплатлива, треба најмалку да е 250, разликите помежи класиве треба да бидат поблиску, 30 денари разлика, а не по евро од класа..Ова е кататсрофално, ова не е издржливо, особено овие луѓе што работат со аргати…земаат кредити и кога ќе видиш на крајот, на нула и еден ден и тие ќе откажат….“, – објаснува Јандрески.

   Овој вреден тутунопроизводител го оставивме во дворот од семејната куќа во прилепски Варош. Не’ испрати со надеж дека со парите од годинашнава реколта можеби и ќе успее барем малку да си го „подзакрпи“ домот.

Прилог на Алфа телевизија


Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг