Груевски стана газда на фирма во Унгарија

Поранешниот македонски премиер, кој во 2018 година пребега во Унгарија по отворените судски постапки против него во земјава, станал газда на фирма со седиште во Пецел, предградие на Будимпешта, објави унгарскиот портал 24.hu. Медиумот наведува дека дејности за кои е регистрирана компанијата на 15 јули се продажба на порцелан, средства за чистење, стаклени садови, организација на настани и конференција, но и бизнис консалтинг и менаџмент.

Фирмата на чие чело е Груевски е заведена под името ДОО И.Ц.И.Ц., а поранешниот македонски премиер, како што се наведува во текстот на 24.hu, при регистрацијата дал адреса на живеење во Скопје.