Connect with us

Uncategorized

Шкорпијата со амбиции до голем успех, Овенот да избегнува алкохол

ОВЕН

Покажувате подготвеност да се посветите на почнување на нови проекти кои за работа ќе ви бидат значајни. Знаете дека ви е потребно ново познанство за да може да престанете да размислувате за поранешната љубов. Избегнувајте алкохол.

БИК

Подгответе се за нови работни предизвици кои од вас ќе бараат многу ангажман и посветеност. Личноста која ви се допаѓа ќе покаже дека има подеднаков интерес кон вас. Ви треба повеќе сон.

БЛИЗНАЦИ

Чувствувате голем притисок од страна на надредените и не сте задоволни поради ситуацијата во која се наоѓате на работа. Ако на саканата личност и покажете искрени чувства, ситуацијата во вашата врска може значајно да се менува. Чувајте ги забите.

РАК

Моментално работниот успех ви е на прво место и ќе дадете се од себе за на ова поле да успеете. Свесни сте дека љубовта доаѓа тогаш кога е судено, па подготвени сте да чекате на вистинската љубов. Вкочанетост.

ЛАВ

Ако се потпрете на соработниците, би можеле да се разочарате. Ве очекува неповолен ден за работа. Обратите внимание на нов додворувач, можно е во него да препознаете квалитети кои ги барате. Проблеми со бубрезите.

ДЕВИЦА

Во минатиот период ви се насобрале некои работи кои би требало да ги решите. Вашата врска со саканата личност доаѓа до точка во која ќе биде потребно односот јасно да ви се дефинира. Намалете со слаткото.

ВАГА

Променливата ситуација по прашањето на финансии ве загрижува. Можно е да размислувате за промена на работата. Може да верувате на саканата личност која ќе покаже дека е подготвена да биде со вас во се. Проблеми со вртоглавица.

ШКОРПИЈА

Имате се што ви е потребно, спосoбност и амбиции кои би можеле да ве одведат до голем успех. Ситуацијата на полето емоции се поправа. Односот со саканата личност доаѓа до една подобра фаза. Добро се чувствувате.

СТРЕЛЕЦ

Можно е да немате повеќе нови идеи за работа и некое време сте во стагнација. Морате да поработите во комуникацијата со партнерот ако сакате да ги решите проблемите кои сте ги имале во минатото. Водете сметка околу чувствителни очи.

ЈАРЕЦ

Можно е да посакате промена на работата за да може да се занимавате со работа која повеќе се поклопува со вашиот темперамент. Имате впечаток дека со саканата личност доаѓа до проблеми во комуникацијата. Респираторни инфекции.

ВОДОЛИЈА

Важна ви е добра организација за на ова поле да успеете да го одработите она што имате во план. Емотивно сте стабилни. Пред вас е добар период во кој убаво ќе се сложувате со партнерот. Вкочанетост.

РИБИ

Ќе бидете максимално посветени на својата работа за да успеете да остварите напредок на ова поле. Можно е на некој начин да сте повлечени во себе и да ви е тешко да остварите нови познанства. Минлива главоболка.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг