Со ПУШКА ПУКАЛ во куче: Застреланата кучка е ЖИВА, полицијата презема мерки

-На 04.07.2021 во СВР Битола, Д.К. (21) од Битола пријавил дека на улицата „16-та“ маж со пушка пукал во куче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за Курир.

Неофицијално, од мажот е одземена пушката и истата е предадена на понатамошно вештачење.

Кучката која вчера беше застрелана во Битола од маж, денеска се појавила кај своите малечки.

На социјалните мрежи е објавено дека иако кучката вчера не можеше да биде пронајдена, денеска се вратила кај кученцата за да се грижи за нив. Активисти кои се грижат за животните пишуваат дека откако кутрињата ќе бидат згрижени, мајката ќе биде однесена на ветеринар за да биде санирана нејзината тешка повреда.

-ДОБРИ ВЕСТИ! Дојдовме да ги нахраниме малечките на мајката што беше вчера пукана и не дочека изненадување! Мајчичка е жива, да ги надои и среди малечките и одиме на вет. Фала ви на сите што излеговте и ни помогнавте во потрагата, стои во објавата на Фејсбук.

Преговорите со Бугарија ги чинат граѓаните 12,000 евра само за Бучковски

На крајот од минатата година владата го назначи екс премиерот Владо Бучковски за специјален претставник со Бугарија. Оттогаш Бучковски активно е вклучен во преговорите со Бугарија и важи за голем поборник за прифање на т.н. заедничка историја на Македонија и Бугарија.

Експрес.мк објави дека ангажманот на Бучковски ги чини македонските граѓани 12 илјади евра кои му ги дава Владата за една година како надомест од владата за преговорите што како специјален претставник ги води со бугарски претставници.

Според порталот Бучковски според владин документ добива 1000 евра месечно како консултантска награда за преговорите што ги води а дополнително добива непозната сума за патување, дневници, сместување, логистика, храна и други трошоци што ги има кога се среќава со бугарски претставници.

Во владиниот документ не се открива колкава е другата сума наменета за трошоците на екс премиерот Бучковски.

Извор: Експрес

УЕФА го тргна терминот „северномакедонец“ и го замени со „Македонец“

По реакциите на Канал 5 и македонската јавност и претставката од македонското МНР, УЕФА од официјалниот сајт го тргна терминот „Северномакедонец“ и го замени со „Македонец“ во графата за националност на претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски.

За да се промени терминот„Северномакедонец“ од МНР веднаш испратија реакција до Европската куќа на фудбалот.

Од МНР вчера соопштија дека постојано водат сметка за точната употреба на името на државата, државјанството, и етничката припадност на граѓаните на Македонија.

„Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, ентитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации.,“ – соопштија од министерството.

Ученикот од Штип на кој МОН одби да му ја даде наградата, и донесе злато на Македонија!

Дамјан Давков, талентираниот осмоодделенец од Штип, освои злато на Јуниорската балканска математичка олимпијада –ЈБМО, чиј домаќин беше Молдавија.

-Во нашиот тим членувале и Миша Веселински и Михаела Смилевска, под лидерство на професорите Делчо Лешковски и Борче Јошевски (заменик-лидер). Набљудувач на нашиот тим бил проф. Д-р Ѓорѓи Марковски.

Екипата се натпреварувала виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а учеството го организирал Сојузот на Математичари на Македонија. Веста за освоеното злато на Давков, ја сподели на социјалните мрежи неговата мајка Никица Давкова.

Младиот математичар се најде во центарот на јавноста на почетокот на годинава, кога освои прво место на државен натпревар по математика, а од МОН не му ја доделија паричната награда, бидејќи и покрај освоеното прво место не му следувала, затоа што бил ученик во основно, а истата им следувала на ученици во средно образование.

Решението дека е одбиен за доделување на парична награда, која изнесуваше околу 10.000 денари, бидејќи не ги исполнувал условите, односно бил помлад од останатите учесници, беше потпишано од министерката за образование Мила Царовска.

Љубовта и романсата денеска се во воздухот

ОВЕН

Љубовта и романсата денес се во воздухот, затоа слободно опуштете се и почуствувајте ги. Наместо вашето пасивно и нежно чувство на љубов, емоциите кои ги чувствувате може да бидат силни, страствени и агресивни. Препуштете им се додека ја заведувате личноста од вашите соништа. Превземете лидерска позиција и покажете колку го сакате животот.

БИК

Можеби и немате среќа кога се во прашање вашите работи кои се однесуваат на чувствата и можеби сметате дека не би требало да превземете некоја акција. Но бидете внимателни ако мислите да реагирате само за да прекинете нешто. Можеби најдобро за вас е да се опуштите и да уживате во моментот. Наскоро вистинската љубов ќе го пронајде патот до вас.

БЛИЗНАЦИ

Некој конфликт кој се случил неодамна ќе пробуди бес во вас. Тоа е неверојатно силно чувство и можеби ќе ве натера на расправија. Застанете, избројте до 10 и насочете ја таа енергија на друга страна. Искористете ја како горицо за своите романтични планови. Смирете ја ситуацијата и така ќе имате романтична ноќ.

РАК

Внесете повеќе страст во вашиот љубовен живот. Започнете со тоа што ќе бидете малку повеќе авантуристички насторени. Колку ќе бидете посмели толку поголема наклонетост ќе добивате. Иако можеби сакате се да испланирате однапред, вашиот љубовен живот моментално е во фаза кога спротивниот пристап би бил многу поефикасен.

ЛАВ

Вашата сексуалност е на врвот денес. Тоа може да биде единствената мисла во твојот ум денес. Секое лице што ќе се сретнете ќе разбуди некои чувства во вас, иако можеби веќе сте во контакт со некого. Ако не сте во врска, сега е вистинскиот момент да го направите првиот чекор. Можно е баш овој ден да донесе убави резултати.

ДЕВИЦА

Ако работите не течат глатко во вашата врска, немојте пребрзо да носите заклучоци дека тоа е само ваша вина. Запомнете во врската се потребни двајца. Ако тоа не е случај, кажете му на својот партнер како се чувствувате. Иако можеби двајцата се страствени, тоа што ва ќе ве одржи е искреност, осетливост и взаемно разбирање.

ВАГА

Кога станува збор за љубов и романса, се чувствувате неверојатно дарежлив. Денес сте полни со љубов, што ве прави најпосакуваната личност во вашата околина. Здружете се со некој кој ја дели вашата желба за авантура и спонтаност. Ти треба некој кој може да го задржи чекорот со вас и вашите барања што сега се чудни.

СКОРПИЈА

Прашањата за љубовта и срцето може и не идат баш толку лесно како што сте замислиле. Можеби некој пристап е премногу агресивен, можеби сте премногу агресивни за вашите желби. Тензијата расте и се создава дисхармонија наместо љубов. Можеби е време повторно да ја разгледате вашата врска, особено ако имате некакви сомнежи.

СТРЕЛЕЦ

Вие сте физички подготвени и вашата желба за страст и љубов е интензивна. Комбинирајте ги овие чувства за да потрошите страсни ноќи полни со љубов и романса. Никој нема да може да ви се спротивстави. Клучот е да бидете сигурни дека не ја давате својата љубов кон некој кој не е достоен за вашата љубов. Поврзете се со личност која ве цени.

ЈАРЕЦ

Ништо не ви е тешко да направите, но зашто постојано инсистирате да го правите тоа иако ве повредува. Дали се обидувате да импресионирате некој на овој начин? Можете лесно да бидете повредени, зошто го негирате тоа. Правете работи кои што вам ви се допаѓаат, а не да оставате впечаток на некој што го сакате.

ВОДОЛИЈА

Слободно изобличувајте ја рамнотежата за да ги исполните вашите очекувања, особено во собата за спиење. Во обид да го одржувате мирот и да ја задоволите саканата личност, ги занемаривте своите желби. Правењето на компромис за да ги подобрите чувствата на останатите може да биде благородно, но тоа нема да ве доведе до она што го сакате. Намалете ја дозата на нервоза.

РИБИ

Ако не сте ја доживеале љубовта што ја сакавте, можеби тоа е затоа што не сте ја ни побарале. Ако сте во контакт со некого и вие не се чувствувате исполнети, размислете отворено да разговарате на таа тема и кажете што очекувате од вашата врска и што ве прави среќни. Ако не сте во врска, а сакате мора да имате друг начин на пристапување.

Роузи е „Божицата од Инстаграм“ буквално ХИПНОТИЗИРА

Згодната Британка Роузи Роф со години е една од најпознатите модели во Велика Британија,  благодарение на своето тело, брзо направи завидна кариера како модел и се прослави на насловните на машките списанија „FHM“ и „Maxim“.

Пред неколку години, многумина коментираа дека оваа девојка ќе ја наследи славата на Кели Брук, која е една од најпознатите британски модели повеќе од една деценија. Денес, Роузи има повеќе следбеници на Инстаграм отколку Кели.

Британската манекенка, актерка и, како што ја нарекуваат „божицата на Инстаграм“, беше прогласена за една од најсексапилните жени во светот од страна на FHM во 2011 година.

Таа често објавува повеќе од провокативни фотографии, па нејзините следбеници се плашат дека ќе ја забранат на оваа социјална мрежа.

Едвај чекам да дојде понеделник, па уште рано сабајле да аплицирам за пасош со Северна

Зоран Заев во интервју за ТВ21 истакна дека од 5-ти јули, понеделник ќе започне издавањето на новите пасоши со името „Република Cеверна Македонија“.

-Јас ќе бидам првиот, во понеделник сабајле што ќе аплицирам, ќе го земам првиот пасош. Тоа се подготвени документи, министерот за внатрешни работи ми ги презентираше во вторникот на Владата и буквално, од петок ќе почне реализацијата. Еве уште едно ново исполнување од наша страна на Преспанскиот договор, истакна Заев.

Тој вели дека започнати се разговорите со федерациите.

Сменија имиња на држава, патишта, музеи, улици и ништо: Нека не не лажат со Бугарија, Хрватска, Романија, ЕУ не сака да се пpoширува

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, вечерва рече дека влегувањето во Европската унија веќе не зависи само од Србија и дека е очигледно дека во овој момент нема желба во рамките на ЕУ за проширување.

„Направивме голем напредок, бевме конструктивни во дијалогот со Приштина и не сторивме ништо затоа што има политичка сатурација со проширувањето на ЕУ“, рече Вучиќ за Еуроњуз Србија. Вучиќ додаде дека С Македонија стори сé што зависеше од неа, а не отвори ниту едно поглавје.

„Зависеше од нив да го сменат името во С Македонија, да го сменат името на аеродромот, патиштата, спомениците, музеите, улиците и она што не им дозволија“, рече тој, наведувајќи дека сега нема желба за проширување во ЕУ и го повика Брисел да го забрза европски пат не само кон Србија, туку и кон Албанија и С Македонија. „Тие приказни за Бугарија, Хрватска или Романија закачете ги ѝ на опашката на мачката. Очигледно, во овој момент нема желба Унијата да се прошири“.

Говорејќи за иницијативата „Мал Шенген“, Вучиќ рече дека вчера со премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Зоран Заев било договорено таа да добие ново име на самитот во Скопје на кон крајот на јули.

Над 100 семејства без леб, Баргала отпушти жена на само 4 месеци пред пензија: Не избркаа како кучиња !

Нe’ избркаа како кучиња! Не сме биле три дена. А ние, не три дена, три месеци не сме на работа. – изјави Борка Стоиловска, една од напуштените работнички.

Македонка Данева, на која ѝ останаа уште четири месеци до пензија рече: „На 11-ти сум била на работа, ме пуштија и ми рекоа дека ќе бидам на повик, и вчера ми стигна отказ, бидејќи на 16 не сум се јавила, а јас чекам повик. Секогаш било така, не само сега.“

Околу 100 семејства вчера останаа без својата егзистенција, откако стотина работници од штипската  фабрика за чевли БАРГАЛА, добија отказ. Работниците не го кријат својот револт и најавуваат ШТРАЈК. Не само поради добиените откази, туку и поради неисплатените плати и лошите услови за работа.

Имено, оваа штипска фабрика со години ги крши работничките права. На работниците не им исплаќа редовно плати, а ако ги исплати, тие се далеку под законскиот минимум. Прекувремените саати не им се исплаќаат, регресот за годишен одмор исто така, а ако се исплати, на работниците им било наложувано истиот да го вратат на сопственикот. Работниците се незадоволни и од условите за работа, бидејќи воопшто не се превземале мерки за заштита на нивното здравје, што резултирало и со смртни случаи за време на корона кризата.

Се поставува прашањето, како е можно оваа фабрика толку години да работи спротивно на законот, отворено кршејќи ги работничките права, а досега воопшто, никогаш и со ништо да не била санкционирана? 

Можеби одговорот лежи во фактот дека семејството Барзови, кои се сопственици на оваа фабрика, историски се во блиски односи со владејачката парија. Таткото на сегашниот сопственик Наум Барзов, Костадин Барзов, беше првиот генарелен директор на фабриката, а во 1998 година беше и кандидат за пратеник од редовите на СДСМ.

Дали Баргала е привилегирана и поради семејната врска на поранешниот пратеник (а сегашен градоначалник на Штип) со сопствениците на фабриката? Дали фактот дека штипскиот градоначалник е зет во семејството Барзови, ја става фабриката над законот?

Не помалку познат факт е дека семејството Барзови покрај фабриката Баргала, се сопственици и на уште две текстилни конфекции, како и штедилницата ,,Алкоса”, а согласно кажувањата на вработените, работничките права не се почитуваат ниту во овие фирми.

И покрај наводните ангажмани на синдикатот и на низа невладини организации, борбата за работничките права во оваа фабрика тапка во место со години и освен инстант „решенија“ за собирање политички поени, досега не е изнајдено долгорочно решение.

За решавање на проблемите на овие, како впрочем и на сите други работници во Република Македонија се потребни системски решенија, залагање на сите државни институции за почитување на правата на работниците, а за прекршителите на законот изрекување прекршочни и кривични санкции. Нешто, за кое што е потребна политичка волја, која очигледно не постои кај владејачката партија, пишува Антропол.мк.