Ќе фабрикува нови 70,000 вештачки доделени државјанства на странци… Заев, друже, ИГРАШЕ ALL-IN И ИЗГУБИ, ДОСТА Е ВЕЌЕ

Додека го распродава македонскиот јазик на Бугарите, Заев е свесен дека ги губи Локалните избори и дека Македонци веќе не го гласаат. Затоа, додека мудрува на „Преспа Дијалогот“ во Отешево, позади сцената утре сака да го ПPOШВЕРЦУВА контpoверзниот Закон за државјанствата, со кој ќе фабрификува нови 70.000 вештачки доделени дpжавјанства на странци (идни гласачи), за нов етно-инженеринг на населението – во пресрет на фалcификуваниот Попис 2021. p.s. Заев, друже, играше all-in и изгуби! Доста е веќе! Вразуми се додека е време и отстапи. Доволно штета и направи на Републиката. #НемаДаВиПомине – напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев вчеравечер по повод одржување на Форумот за преспанскиот договор.

Денеска е Свети Aпостол Јуда

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 јуни.

Денеска е Св. апостол Јуда.

Еден од Дванаесеттемина. Син на Јосиф и Салома (но не Саломија Витлеемска), а брат на Јаков, братот Господов. Со Салома, ќерката на Ангеј (син Варахиин, Захариев), Јосиф дрводелецот имаше четири сина: Јаков, Јосија, Симон и Јуда. Овој Јуда понекогаш се нарекува и Јуда Јаковов, по брат му Јаков, којшто е попрочуен од него. Своето послание Свети Јуда го почнува вака: „Од Јуда, слуга на Исуса Христа, брат Јаковов.“

Иако и тој можеше да се нарекува брат Господов колку и Јаков, тој тоа не го правеше од смирение и срам, зашто во почетокот не Му веруваше на Господ Христос; и кога старецот Јосиф пред смртта сакаше да му даде дел од имотот и на Исус како на сите свои деца, сите па и Јуда, се спротивставија на тоа, освен Јаков, којшто драговолно одвои дел од својот имот и го намени за Исус.

Јуда уште го нарекуваат и Левиј и Тадеј. Има уште еден Тадеј, од Седумдесеттемина апостоли (21 август), но овој Тадеј или Јуда когошто Црквата го слави на денешен ден беше еден од големите апостоли. Го проповедаше Евангелието по Јудеја, Самарија, Галилеја, Идумеја, Сирија, Арабија, Месопотамија и Ерменија. Во Едеса, градот на Авгар, ја дополни проповедта на оној другиот Тадеј. Кога проповедаше во пределите околу Арарат, го фатија незнабожците, го распнаа на крст и го убија со стрели, за вечно да царува во Царството Христово.

Пострадал околу 80 година по Христа. Од него е останато едно послание, што влегло во составот на новозаветниот канон.

Работеа среде карантин, сега ги стигна кризата: Отпуштени 50 работници од „Мода“, на 150 им виси работното место

Светиниколската текстилна фабрика „Мода“ отпушти 50 работници, а останатите 460 се испратени дома на принуден одмор.

Работа нема, вели директорот на „Мода“, поранешен пратеник од редовите на СДСМ, а актуелен претседател на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров за штипската ТВ Стар.

Како причина ја наведува корина-кризата, која во секторот ќе се чувствува уште долго.

Нашите партнери од Германија најавуваат дека за одредени артикли кризата ќе трае и во текот на 2022 година, па нарачките се трашно намалени. За да ја спасиме компанијата, не им ги продолживме договорите на 50 работници кои беа ангажирани на опреденео време. Од денеска тие се под Агенцијата за вработување, вели Димитров.

Поседните два месеци фирмата ги помина тешко обидувајќи се со сите сили да обезбеди работа, но напорите останаа залудни. Димитров најавува отпуштање на уште 150 работници доколку не се смени ситуацијата до октомври.

Фабриката „Мода“ беше една од првите текстилни кластери во државата. Минатата година за време на викенд-карантините работничките од „Мода“ со дозволи за движење во полициски час работеа во три смени со полно работно време.

Револтот на светиниколци кон директорот на Мода АД, Ангел Димитров, тогаш беше огромен. За него беше важен договорениот извоз, но не и здравјето на вработените и нивните семејства, пренесува Република.мк.

(Видео+Фото) Голем пожap во Битола, гoри индустрискиот дел на градот

Попладнево избувна голем пожар во индустрискиот дел на Битола.

Од другиот дел на градот може да се забележи висок час кој се издигна над местото каде што се случи пожарот. Од противпожаната едница на Битола рекоа дека нивната единицата таму интервенира.

Од денеска нема роаминг со земјите од Западен Балкан, но дали ќе плаќаме НУЛА ?

Почнувајќи од денес предвидено е напуштање на дополнителното тарифирање за роаминг услугите, односно се воведуваат цени за роаминг услуги исти како цените на електронските комуникациски услуги на домашниот пазар (Roaming Like At Home). Тоа значи дека корисниците на роаминг-услугите во земјава нема да доплаќаат повисоки цени од домашните тарифни модели за користење на роаминг-услугите кога ќе патуваат во останатите пет земји потписнички на Спогодба, без разлика дали станува случај за користење на интернет, говор или СМС. Влезниот повик во роаминг ќе се третира исто како и влезниот повик во домашниот пазар односно без дополнителен надомест за корисникот.

И покрај укинување на роаминг тарифата помеѓу земјите на Западен Балкан, АЕК препорачува корисниците пред да тргнат на пат, да се информираат кај својот оператор што им следува согласно нивниот пакет. Надвор нема да ви следува истата количина на интернет  кој го имате дома, предупредуваат од агенцијата.

– Ако имаме 10 ГБ мобилен сообраќај дома, би ималe околу 2.5 ГБ во странство, велат од АЕК.

Кога ќе се достигне лимитот, операторот ќе го прекине интернетот, и ќе го информира корисникот со СМС, а тој ке може да порача дополнителен интернет, по цена која е одредена од операторот, велат од АЕК. Инаку режимот Роаминг како дома  кој ги опфака Албанија, Црна Гора, Србија, Косово и БИХ важи за сите услуги, при што цената на телефонирањето дома и во овие земји ќе биде иста.

Од АЕК велат дека засега нема олеснување во роамингот со Грција и другите земји земји на Еу, но се работи на тоа. Србија од први јули го намали импулсот со Грција и до 90 проценти.

Дали Оливија е најубавата жена на светот? МАШКО СПИСАНИЕ ВЕЛИ „ДА“ (ФОТО)

Американската манекенка Оливија Кулпо, не случајно ја следат милиони луѓе на социјалните мрежи.

Таа беше Мис на универзумот, а магазинот „Максим“ ја прогласи за најубава жена на светот.

Оливија еднаш рече: “Нема смисла да се даваат премногу пари за гардероба. Ако нешто добро ви одговара, можете да купите и поевтина варијанта. Но, затоа секогаш се исплати да се дадат повеќе пари за кожна чанта, чевли”.

Поради нејзината убавина и популарност папараците ја следат во секој чекор, па ја фотографираа во лежерни изданија, но и после тренинг. Таа вели дека фитнесот и здравата исхрана се одговорни за нејзината фигура.

Олиија Кулпо ја освои титулата Мис универзум во 2012 година, а после тоа, започна да гради кариера во светот на модата.

Просечната вредност на нејзината заработка е 500 000 американски долари, пишува Celebrity Net Worth.

Пред неколку дена, таа објави прокативни фотографии на Инстаграм кои со денови се вратат низ магазините во светот.

Путин потпиша заkoн ПРОТИВ ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша законот против фалсификување на историјата.

Законот, меѓу другото, го криминализира изедначувањето на советските и нацистичките акти за време на Втората светска војна, пренесува Хина.

Историчарите го критикуваат законот, сметајќи дека тој може да се толкува премногу широко.

Некои исто така го критикуваа Кремљ затоа што сака да обезбеди „монопол врз вистината” и се потпираат на строгото законодавство за забрана на одредени историски ставови.

Путин, сепак, го оправдува законот со борба против фалсификување историски факти.

Во 2019 година, рускиот претседател жестоко ја критикуваше резолуцијата на Европскиот парламент, која исто така го обвини Советскиот сојуз за избувнувањето на Втората светска војна

Вчера КОЗИ, денеска НЕПИСМЕНА ТАБЛА (Фото)

Денеска реакции на социјалните мрежи по постот на доктор Никола Пановски од неписмената табла од Поликлиниката Букурешт, на која двојачизно на албански јазик е напишан оддел или гранка во медицината која е непостоечка.

Вчера имаше кози иако болницата во Струмица демантира дека тоа се случило, па вели дека сликата била одамна, денеска нова глупост за ново исмевање од страна на граѓаните на социјалните мрежи.

Македонската фудбалерка е секси ѕверка: Живиќ од копачки на штикли e како топ модел

Македонската  репрезентативка Јулија Живиќ , атрактивната кумановка, со адреса на живеење во Велес и клуб за кој игра од Тетово, е стандардна членка на македонската женска фудбалска А селекција. Но, не само заради фудбалот и вештините со топката, кумановката е се почесто експонирана во јавноста.

Напротив, нејзиниот атрактивен изглед, неодоливиот сексапил и заводливата појава, русокоста фудбалерка  ја прават „секси ѕверка“  која слободно може да застане со најзгодните македонски манекенки и модели, ТВ водителки, пејачки и останати “секси мачки“ и кога не е во копачки.

Јулија веќе докажа дека фудбалскиот дрес без проблем може да го замени со било каква гардероба,  елегантно облечена или разголена, многу  македонски убавици не и се ниту до колена.

Иако самата тврди дека: „Штикли  само за на слика“, без оглед за каква прилика, очигледно дека на Јулија елеганцијата совршено и прилега. Во свечен долг фустан со длабоко деколте и однапред и одзади, младата убавица слободно може кариерата да ја гради и како модел, зашто подеднакво атрактивно изгледа и во копачки и „на штикли“.

Манекенскиот изглед  на русокосата фудбалска убавица, дополнително доаѓа до израз кога згодната фудбалерка ќе се соблече во костим за капење.

Последната споделена фотографија на Јулија уште повеќе ја комплетира целата слика за неа… Од копачки  на „штикли“, па расчекорена на колена во вода… Налик на сирена од длабочината, насукана во плиткото крај брегот, со поглед во далечината, како Јулија да копнее по својот Ромео… додека сите други, копнеат по неа!

Mислете му ја: МВР набави нови 50 лacepcки paдapи – ќе ги има насекаде

Во Министерството за внатрешни работи денеска беа промовирани новите ласерски радари наменети за потребите на сообраќајната полиција опремени со уред за ноќно снимање, далеку посупериорни од досегашните.

Досега Министерството за внатрешни работи располагаше со само 5 радари што можеа да мерат брзина во ноќни услови. Набавката на нови 50 уреди значи дека полицијата ќе „лови“ брзи возачи и ноќно време, практично, низ целата држава.

Набавката, информира МВР, вредна 21.257.175 денари е направена согласно побарувањата, односно потребите на Единиците за сообраќај во МВР, следствено на актуелните европски полициски стандарди во овој дел од полициското работење, согласно законските норми и согласно нашите проекции за развој и унапредување на функционирањето на сообраќајната полиција.

-Со оваа набавка нашето Министерство е единствено во регионот кое располага комплетно со уреди од последната генерација, од кои невозможно е да се избрише снимениот материјал, при што бројот на уреди за брзина и алкохол по глава на жител е на исто или дури и повисоко ниво од земјите од Европската Унија.Во крајна линија, сите сме сведоци дека од 2017 година наваму, како раководство на МВР, без престан инсистираме и делуваме на континуирано организационо и, пред сѐ, материјално-техничко опремување на сите наши служби, што како процес напоредно течеше со процесите на полициски реформи, истакна министерот Оливер Спасовски.

Спасовски изрази уверување дека со овој нов зафат уште повеќе ќе се зголеми ефикасноста и квалитетот на сообраќајната контрола што пак како што рече, треба да даде свои резултати во зголемување на нивото на безбедност на сообраќајот на патиштата.