Connect with us

Инфо +

Владата прогласи КРИЗНА СОСТОЈБА во следните 30 дена во целата држава

Владата на Република Македонија на денешната 95-та седница, која се одржа изутринава во 8:30 часот (05.08.2021) преку видеоконференциска врска донесе Одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Македонија во траење од 30 дена.

Одлуката е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување  со кризи, чии членови на седницата која се одржа на 4.8.2021 година во попладневните часови го прифатија  предлогот на Групата за процена за утврдување на постоење на кризна состојба на територијата на Република Македонија заради зголемена појава на пожари.

Одлуката за постоење на кризна состојба на територијата на Република Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена е донесена со оглед на потребата од рационално користење на националните ресурси и координираното дејствување на сите засегнати институции, заради зголемената појава на пожари и спречување на нивно ширење.

За Одлуката, ќе се извести Претседателот на Република Македонија и Собранието.

Заради операционализирање на Одлуката, Владата донесе заклучоци:

– На Претседателот на државата да му предложи да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата на Република Македонија во справување со кризната состојба,

– Главниот штаб при Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш да започне подготовка на акциски план за превенција и справување со пожарите, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување.

– Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Македонија, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за здравство со сите останати засегнати државни институции, како и единиците на локалната самоуправа во Република Македонија да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои можат да се стават во функција за справување со кризната состојба,

– Владата го задолжи Главниот штаб при ЦУК да определи лице за односи со јавност, кое на дневна основа ќе ја известува јавноста во врска со превенцијата и справувањето со пожари на територијата на Република Македонија.

На денешната редовна седница беше усвоена и Предлог-програма за начинот, постапката и критериумите за распределба на средства обезбедени во потпрограма и Поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите, ставка Капитални дотации до Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Буџетот на Министерството за транспорт и врски.

Во Буџетот на Министерството за транспорт и врски во потпрограма 11-Поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите, ставка 488-Капитални дотации до ЕЛС секоја година се обезбедуваат средства за реализација на проекти од комуналната инфраструктура за места населени претежно со ромско население.

Балкан

Блокадите на грчките земјоделци им ги менуваат плановите на македонските туристи за продолжениот викенд

Илјадници граѓани од Македонија кои планираа продолжен викенд во Грција се соочија со сериозни пречки поради новиот бран блокади што ги поставија грчките земјоделци на неколку стратегиски патни правци и гранични премини. Најпогоден е преминот Богородица – Евзони, кој е затворен во двата правци до понатамошно известување, што значително го отежнува патувањето токму во период кога многумина се упатуваат кон Солун за шопинг, празнична атмосфера или краток одмор.

Земјоделците протестираат поради доцнење на европските субвенции, а нивниот штрајк ги блокира главните сообраќајни коридори. Патниците изминативе денови се принудени да чекаат со часови или да бараат алтернативни рути. Иако се пропуштаат само итни случаи и камиони со кварливи производи, редовниот сообраќај е целосно парализиран.

Според информациите што ги сподели туристичкиот сервис „Никана“, патот кон Солун е прооден, но делници на автопатот кон Верија и кон Атина и понатаму се блокирани. Дополнително, најавена е блокада и кај Неа Мудања, што може да создаде проблеми за патниците кон Халкидики.

Отворени остануваат граничните премини кај Дојран и Меџитлија, а грчката полиција повремено ги пренасочува возилата на критичните точки. Патниците се предупредуваат да ја проверуваат состојбата пред тргнување, да ги избегнуваат затворените делници и да планираат дополнително време за патување, бидејќи блокадите би можеле да траат и наредните денови.

Continue Reading

Балкан

Блокада на Евзони – сообраќајот целосно запрен поради штрајкот на грчките земјоделци

Сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони е целосно прекинат од 18 часот поради штрајкот на грчките земјоделци, кои поставиле блокада на грчката страна од границата.

Преминот е затворен за сите категории возила, а возачите кои се упатиле кон јужниот сосед се пренасочуваат кон други гранични премини. Од надлежните служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој правец додека трае блокадата, најавувајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени во состојбата.

Continue Reading

Свет

ТАЈНИ СНИМКИ: Дали Русија ќе остане без своите пари?

Европските лидери му ставиле до знаење на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека токму тие имаат последен збор во одлуките за замрзнатите руски средства, објави „Киев Индепендент“, повикувајќи се на транскрипт до кој имал ексклузивен пристап.

Во разговорот меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, лидерите нагласиле дека Европа сама ќе го контролира процесот околу репарацискиот заем за Украина и дека токму ЕУ е единствено одговорна за управувањето со руските имобилизирани средства.

Според истите информации, САД наводно лобирале кај европските земји да ги блокираат плановите за позајмување пари на Киев, што уште повеќе ја вжештило атмосферата во разговорот.

Транскриптот открива дека европските лидери недвосмислено му порачале на Зеленски дека одлуките околу руските средства ќе ги носи исклучиво Европа – без притисоци, без надворешно мешање и без прекинување на веќе дефинираниот план.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг