Нема сон за дежурните екипи и локалното население кои се борат со огнот во Будинарци

Најкритично со пожарите вечерва е во околината на селото Будинарци каде гори борова шума. Околу селото распоредени се дежурни екипи кои се обидуваат да го совладаат огнот.


– Дежурни екипи со подршка на локалното население се распоредени околу село Будинарци, напиша вечерва директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на својот фејсбук профил.